портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Подзатскриени геополитички стратегии
декември 2012
доц. д-р Тони
Науновски
Заинтересираноста на Русија за директно вклучување на Македонија во главната траса, односно како транзитна земја, според некои показатели била, и се уште е, на многу високо ниво. Проблемот зошто тоа не се случува во каква било техничка варијанта, треба да се бара на друго место – посебно во огромното влијание на некои странски држави во донесувањето одлуки кои имаат клучно значење за македонските национални и државни интереси.

Според некои информации, кои и покрај медиумскиот мораториум за оваа тема стигнуваат во РМ, може да се изведе заклучокот дека геополитичката „игра“ околу „Јужен тек“ (поток) и нашата држава е со многу големи пропорции и значења. Внимателната длабинска анализа за причините на неуспехот нашата држава да биде транзитна територија на овој гасовод уверливо покажува дека не се во прашање само некакви економски процени на инвеститорот („Газпром“) – токму напротив! Заинтересираноста на Русија за директно вклучување на Македонија во главната траса, односно како транзитна земја, според некои показатели била, и се уште е, на многу високо ниво. Проблемот зошто тоа не се случува во каква било техничка варијанта, треба да се бара на друго место – посебно во огромното влијание на некои странски држави во донесувањето одлуки кои имаат клучно значење за македонските национални и државни интереси. Во тој контекст, веројатно во прашање се некои подзатскриени (но по дваесетина години се повеќе очигледни) геополитички стратегии околу „иднината“ на нашата држава, односно територија (затоа што во крајните консеквенции анализите покажуваат дека РМ ќе се соочи со обиди за одземање на суверенитетот и унитарноста). Сукцесивноста на настаните во насока на ослабување на капацитетот на структурите врз кои се фундира самата држава (примерот со Јужен тек е само еден од најзначајните) мора да предизвика радикален пресврт во политиките кај политичките елити на Македонците. Просто, како на училишна карта се наѕираат контурите на антимакедонските стратегии и планови – и тие како наши претставници, со сиот демократски легитимитет и одговорност кон нас, мора да преземат поинакви политички дејства и одлуки од овие кои денес сосема евидентно ја туркаат нашата држава во амбис.

Иако неодамна вицепремиерот г. Ставрески присуствуваше на почетокот на изградбата на овој голем проект, освен неопределени и мошне нејасни реченици, не дознавме кој е моментниот статус на РМ во однос на „Јужен тек“. За жал, главната битка за огромните бенефиции од гасоводот е веќе изгубена со фактот дека низ нашата територија не минува главната траса – меѓутоа преостануваат неколку алтернативни решенија со кои, колку-толку, можат да се надоместат милијардите евра и политичко-безбедносни гаранции за опстанокот на РМ. Наспроти неодамнешната најава од „Газпром“ дека линијата кон Грција нема да се гради (која под Јадранското Море оди до Италија), таа сепак е зацртана како план и сигурно ќе се изгради – додека другата линија дефинитивно поминува низ Србија. Од оваа призма, изјавите на државното раководство за некаков „крак“ од главната траса се всушност многу несериозни бидејќи не ~ носат никакви битни придобивки на Македонија, во ниту еден аспект (доставата на гасот ќе биде по комерцијална цена). Наместо пасивно да ги набљудува случувањата (ако претпоставиме дека таа пасивност не е резултат на некакви притисоци и влијанија – РМ според Уставот е с` уште суверена држава), највисокото државно раководство мора да преземе некои иницијативи и да пронаоѓа можности за активно вклучување во овој огромен мултидимензионален проект.

Еден реалистичен план како РМ да не остане надвор од реализацијата на „Јужен тек“ е можната изградба на т.н. бајпас меѓу главните линии кои минуваат низ Србија и Грција (а кои се двојат на територијата на Бугарија). За „Газпром“ тоа би значело стабилизирање на функционирањето на системот и балансирање на протокот меѓу јужниот и северниот крак на гасоводот (оние кои минуваат низ Грција и Србија). Ако „Газпром“ инвестира во овој бајпас на „Јужен тек“ автоматски ќе следи изградба на т.н. „турбо електрани-топлани“ во поголемите градови на Македонија. Тие работат на принципот на турбо-мотори на гас, при што се произведува голема количество електрична енергија, а издувните гасови ја греат водата за парно греење на градовите. Со тоа Македонија евтино би добила огромно количество струја, а загревањето на градовите би било без никакво загадување и според највисоките еколошки стандарди. Овие „турбоелектрани-топлани“ се најнова технологија во светот, а служат и како „брза резерва“ во секој период од годината затоа што може брзо да се активираат во случај на недостиг од струја или дестабилизација на енергетскиот систем. Со оглед на тоа колку големи финансиски средства се издвојуваат за увоз на скапа електрична енергија, и овој аспект на проектот се покажува како многу значаен за вкупните перформанси на државата и нејзината трајна енергетска одржливост. За транзитот на гасот преку овој бајпас, Македонија секоја година би добивала над сто милиони евра, плус инвестициите во турбоелектраните и веројатно повластени цени на гасот за потрошувачката во истите. Според груби пресметки, ако би се реализирал овој проект, односно инвестиција на „Газпром“ (гасоводот и турбоелектраните), вкупниот износ е некаде околу 2 милијарди евра.



Извадокот е превземен од:

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1218DB0B9362A24398A8899A8DBBBFEB



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива