портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Политиката нé бутка во ЕУ, бизнисот во Евроазија
декември 2012
Катерина
Нешкова
Дали е време да престанеме да итаме кон голготата и да се свртиме кон оние што итаат напред во економскиот развој? Дали идејата на рускиот премиер Владимир Путин да се формира евроазиска унија како пандан на Европската Унија е нова цел што треба да си ја поставиме пред себе?


 Премиерот Никола Груевски ни соопшти дека евроатлантската интеграција ни се претвори во голгота, а големите сили на Западот, кој пред 20 години го утврдивме за наш приоритет, дели иста мисла со Грција во однос на нашата интеграција: нема членство без решен спор за името. Истиот ден турска парламентарна делегација беше почестена од македонска страна, освен на нивото на парламент, и со средби со речиси половина владин кабинет. Дали ова значи дека го менуваме нашиот курс, особено откако летово се појавија првите појасни знаци на евроскептицизам?

Дали е време да престанеме да итаме кон голготата и да се свртиме кон оние што итаат напред во економскиот развој? Дали идејата на рускиот премиер Владимир Путин да се формира евроазиска унија како пандан на Европската Унија е нова цел што треба да си ја поставиме пред себе?

Геополитичките експерти велат дека Македонија нема алтернатива за ЕУ и за НАТО, таа и природно но и идеолошки припаѓа таму.

- На таквите шепотења пред сé треба да се гледа како на средство за притисок врз челниците на НАТО и на ЕУ да се „исплашат“ и да ги олабават критериумите што и се поставуваат на Македонија, вклучувајќи го и најважниот услов, модификацијата на уставното име на земјата, по неоснованата, ирационална и апсурдна желба на една соседна земја. Во дадената меѓународна политичка и економска констелација на Исток и Запад, секакви шпекулации и заговарања дека Република Македонија може да обезбеди поинаква алтернатива од евроатлантската политичка стратегија и иднина, моментално се во доменот на подгревање желба за една невозможна мисија. Особено по 20-годишните уставни и други нормативни и системски подготовки и организирање за чинот на припојување кон ЕУ и НАТО - вели поранешниот македонски дипломат во Руската Федерација Драган Јањатов.

Економските експерти, пак, тврдат дека тоа не значи дека државава во одреден момент не треба да ѕирне што се случува на патот на парите и, наместо евроатлантска интеграција, да избере евроазиска интеграција.

- Република Македонија од своето осамостојување до денес ја гради и заснова својата надворешнополитичка, безбедносна и економска стратегија токму кон Западот. Но економскиот просперитет се случува на Истокот - вели професорот по економски науки на Факултетот за туризам, Зоран Ивановски.

И во Евроазија важат условите на ЕУ

Свртувањето на погледот од Запад кон Исток нема да направи од Македонија предавник на евроатлантските идеи. Напротив, токму основачите на европската кауза, Германија и Франција, во услови кога тешко се справуваат со економската криза во Унијата, сé почесто се свртуваат кон државите што Русија првично ги замисли во рамките на некоја идна евроазиска унија.

- Тоа се регионите каде што треба да го насочиме нашето внимание. Додека ги чекаме ЕУ и НАТО, евроазискиот регион треба да го исцртаме како наш нов приоритет, и тоа поради две едноставни причини. Прво, се работи за огромен пазар и, второ, затоа што овие држави се покажаа за пожилави во услови на криза. Тоа е она што политиката мора да го разбере и што поскоро Македонија да се проба таму, бидејќи тој пазар сега е страшно атрактивен за сите преостанати западни економии. Особено е голема конкуренцијата од англосаксонските компании што веќе се таму - вели професорот Ивановски.

Според него, треба да се изгради цела една државна стратегија, која треба да содржи сé што е потребно Македонија да направи на патот кон нејзиното евроазиско интегрирање. Условите што би требало Македонија да ги исполни, а кои ги наведува професорот се слични на оние што сега од нас ги бара нашиот врвен стратегиски приоритет - Европската Унија.

- Прво, мора да имаме чиста слика во државната администрација. Комплетна поддршка и логистика од државата на бизнис-секторот што сега се обидува да влезе таму. Не треба да им се црта на бизнисмените и на компаниите што да прават, туку едноставно да бидат следени од страна на државата, а не да се оптоваруваме со административни бариери - вели Ивановски.

Посочува дека менталниот склоп на нашата администрација е секогаш прозападно ориентиран и дека сé уште на бизнисмените и контактите што доаѓаат од Исток им се пристапува како да се работи за доселеници, па на бизнисмени што доаѓаат од Индија или од поранешните СССР-земји тешко или воопшто не им се издава виза.

- Потребни се поголема кооперативност и приемчивост од министерствата за надворешни работи и за внатрешни работи, поголема и реална активност на економските промотори, субвенционирање на трошоците за пат и контакти на оние бизнисмени што тргнуваат кон Истокот. Едноставно, политиката да го следи бизнисот - вели Ивановски.

Она на што повикува професорот веќе во реалноста го спроведува Германија. Германските компании, наместо да ги слеваат своите инвестиции во земји како Франција и Италија, сé поголем дел од своите средства насочуваат во држави како Полска, Русија, Бразил и особено Кина, која веќе е најголем пазар за „фолксваген“, а наскоро може да биде за „БМВ“ и за „мерцедес“. Друг пример за компанија што просперирала од подемот на пазарите во развој е „Мултивак“, во јужна Германија. Компанијата произведува машини за пакување производи со краток рок на траење. Претседателот на „Мултивак“, Ханс-Јоаким Бокстегерс, откри дека во 2010 година минал 150 дена во Азербејџан, Чиле и во Турција.

Германската влада го следи својот бизнис и веќе од лани издвојува повеќе дипломатски ресурси за своите сé поголеми трговски партнери, особено за Кина, чиј премиер Вен Џиабао минатиот месец на посетата на канцеларката Ангела Меркел дојде со придружба од 13 министри и 300 бизнисмени. Рускиот претседател Дмитриј Медведев неделава дојде со слична придружба во Хановер на годишните германско-руски консултации, вклучувајќи го и Александар Медведев, заменик-директорот на енергетскиот гигант „Газпром“.



Извадокот е превземен од:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1131293479&id=9&prilog=0&setIzdanie=22479
Коментари
Нема коментари.
 
Архива