портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Билал Ердоган – еве што работи синот на председателот на Турција и зошто ова се случува
декември 2015




Во истражувањето кој стои позади матните текови за криумчарење на нафта едно име постојано се повторува – името Билал Ердоган, синот на турскиот претседател.

Рускиот министер Сергеј Лавров, не е еден од оние кој дава изјваи во афект. За 24 часа откако го урнаат рускиот Су-24, рече дека Русија “сериозно се сомнева дека тоа е планирана провокација од страна на Турција“.

Во соопштението на Лавров се истакнува дека “уривањето на рускиот авион, турската влада во молк застана на иста страна како и ИСИЛ“, и додаде дека акцијата “Турците планирано, со умисла преземаа мерки за конкретната цел“.

Лавров укажа дека Турција ги подржува терористичките напади низ мрежата на трговија на нафта, а неговиот став го потврди и францускиот пензиониран генерал Диминик Тринкан, кој кој изјави дека “Турција против ИСИЛ се бори многу малку, или воопшто не се бори и не им пречи на различните видови шверц на нејзината граница, дали е тоа нафта, фосфат, памук или луѓе“.

Прашањето е кој стои зад кршењето на законот за финансирање на терористите со премолчено одобрување на различните западни влади, ова прашање стана многу актуелно, а во истражувањето за матните текови на криумчарење нафта едно име постојано се појавува – името на синот на турскиот претседател Реџеп Ердоган, Билал Ердоган.

Неџметин Билал Ердоган е роден на 24 април 1980 година, како трето дете на актуелниот претседател на Турција. Откако завршил гимназија во 1999 година, Билал се преселил во САД, каде што дипломирал на Харвард 2004 година, после дипломирањето некое време работел во Светската банка како приправник. Во Турција се вратил во 2006 година и го започна бизниз животот како еден од трите акционери на корпорација за поморски превоз “Денизчилик БМЗ груп“, подоцна е вмешан за шверц на нафта поврзана со ИД.

Се повеќе детали откриваат дека ИД во Ирак и Сирија ги одржува во живот турскиот претседател Ердоган и турските тајни служби, вклучувајќи и МИТ(турската ЦИА).

Во октомври 2014, потретседателот на САД Џо Бајден на еден собир во Харвард изјави дека Ердоган ги снабдува ИСИЛ со “стотици милиони долари и илјадници тони оружје“…

Подршката на Ердоган на ИСИЛ е многу подлабока, а главниот извор на пари со кои терористите се одржуваат е продавање на нафтата. Човекот кој тоа го прави се чини дека има можност да е Билал Ердоган.

Билал потпишал договори со неколку европски транспортни компании, кои превезуваат украдена ирачка нафта во различни азијски земји. Турската влада ја купува ирачката нафта која се добива од запленетите нафтени извори околу Мосула во Ирак, а поморската компанија на Билал поседува посебни молови во Бејрут и Чејхан со кои се транспортира криумчарената сирова нафта со танкери регистрирани во Јапонија.

Гурсел Текин потпретседателот на турската Републиканска народна партија неодамна во интервју за туските медиуми изјави: “Претседателот Ердоган тврди дека, во конвенцијата за меѓународен сообраќај не постои повреда на законот и дека неговиот син работи легално со регистрирани јапонски компании. Но, Билал до гуша е умешан во соучество со тероризмот, но се додека неговиот татко има функција тој ќе биде имун на судско гонење“.

Текин додаде дека поморската компанија БМЗ преку која Билал тргува нафта за ИСИл е “семејна фирма во која блиски роднини на претседателот Ердоган имаат акции, тие ги злоупотребуваат јавните средства така што зимаат недозволени кредити од турските банки“.

Во септември оваа година турските медиуми објавија дека фирмата на Билал, купила два танкери по цена од 35 милиони долари, сите танкери на оваа компанија долги 140 метри, а широки 16, имаат носивост од 7 100 тони. Билал Ердоган во декември 2013 година, заедно со 4 поранешни мионистри и провладини припадници е обвинет за примање на незаконски донации за турска Фондација за млади и образование, тој е член на управниот одбор.

Превземено од:

http://mkd-news.com/bilal-erdogan-eve-shto-raboti-sinot-na-predsedatelot-na-turtsija-i-zoshto-ova-se-sluchuva/



 

Коментари
Нема коментари.
 
Архива