портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Парите нема да паднат од небо
ноември 2012
Сашо
Георгиевски
Евроамбасадорот Пол Вандорен особено го апострофира најновиот мониторинг-извештај за Хрватска, во кој Европската комисија идентификувала десет прецизни задачи што новата членка мора да ги исполни пред да ѝ пристапи на Унијата. Меѓу тие упатства посебно место беше резервирано за административните капацитети што ѝ се потребни на Хрватска за да може да ги користи енормните финансиски фондови на ЕУ.


Мислам дека сите ние по малку претеруваме. Веднаш вреснавме, а постојаниот претставник на ЕУ во Загреб не рече ништо ново ниту лошо. Тој само предупреди и потсети дека Хрватска мора да се подготви за користење на фондовите од ЕУ, кои се предвидени за процесирање од први јули 2013 година, кога Хрватска и официјално станува членка на Унијата. Што има лошо во тоа? Дали сакаме парите да ни паднат од небо?, вели Ален Вуковиќ, економист од Загреб.

Ова е само една од реакциите на изјавата на Пол Вандорен, шефот на делегацијата на ЕУ во Хрватска, кој деновиве предупреди дека Хрватска, доколку навистина сака да има полза од стапувањето во ЕУ, мора итно да се информира и да се подготви за да може да ги искористи големите финансиски средства од фондовите на ЕУ што ќе ѝ бидат на располагање откако ќе влезе во членството. Меѓутоа, во последно време, особено откако дојде до блага ескалација на амбиентот и климата, јавноста донекаде прифати и поверува дека ЕУ се менува од ден на ден и софистицирано и итро ги модификува и менува своите досегашни барања, сите вакви и слични сугестии, кои се всушност добронамерни, се дочекуваат со скепса и револт. Од друга страна, Пол Вандорен само потсетил дека сѐ што е добро и корисно не доаѓа автоматски.

Дополнителна едукација

Средствата значи нема да бидат доделени доколку не се вложи соодветен напор и доколку Хрватска не обезбеди и не оспособи потребни кадровски, стручни и административни капацитети. Тој појасни дека тоа подразбира стручњаци и експерти што веднаш ќе знаат да ги одредат и определат приоритетите и развојните планови. Роковите ќе мора да се запазат, бидејќи веќе во 2014 година на Хрватска ќе ѝ бидат на располагање уште поголеми средства од фондовите на ЕУ. Вандорен објасни дека е многу важна мисијата на инвеститорите и претприемачите, кои ќе мораат да истражуваат и да откријат кои се пазарните епицентри во кои фирмите можат да ги продадат своите услуги и производи по конкурентни цени.

Хрватска, според Вандорен, сѐ уште има доволно време да ја подобри инвестициската клима за да се ажурира стопанството, бидејќи е создадена клима и широка перцепција дека не треба да се оди и да се инвестира во Хрватска поради високиот степен на корупција и бирократија.



Извадокот е превземен од:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1191293507&id=10&prilog=0&setIzdanie=22725


Коментари
Нема коментари.
 
Архива