портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Премиерот во пресинг во предизборна кампања
октомври 2015
Извор: Фазан.мк


Неизвесно е дали на нив ќе учествува Никола Груевски или партијата ВМРО-ДПМНЕ на избори ќе оди со некое друго „привремено раководство“ што е многу извесно.




Доколку не дојде до некакви тектонски потреси во регионов поради бегалската криза или неки други радикални појави, извесно е дека во парил 2016 ќе има предвремени парламентарни избори. Неизвесно е дали на нив ќе учествува Никола Груевски или партијата ВМРО-ДПМНЕ на избори ќе оди со некое друго „привремено раководство“ што е многу извесно. Имено, веќе длабоко инволвираниот странски фактор, Брисел и Вашингтон практично уште сега го развластија Груевски и го изместија од премиерската позиција. Од 1-ви јануари кога ќе мора според „договорот од Пржино“ и да демисионира, да ја напушти премиерската позиција, неговото „институционално“ влијани ќе биде уште повеќе маргинализирано.

Насетувајќи го ваквото „движење“ тој единствената шанса за политички спас го гледа во победа на изборите барем со толкава разлика колку да го добие мандат од претседателот на државата и да формира влада колку таа и да ја нема изборната моќ како досега. Затоа, во овој период тој реализира предизборна популистичка кампања меѓу гласачите на теренот со „непосредно и пронтно решавање на нивните дневни проблеми и потреби“.

Се посилната опозиција потпомогната од невладиниот сектор и се` поголемиот институционален и вонинституционален притисок врз Никола Груевски од страна на веќе длабоко вмешаниот меѓународен фактор олицетворен во ЕУ и СДАД и особено преку Специјалното обвинителство со неограничени ресурси, го „турка“ Груевски спас да побара во единствената шанса – гласачите. Секао, во тоа, за изборите во април 2016-та тој смета на подршката и на неколкуте влијателни телевизии и на институциите кои се уште, преку своите кадри, до пролетните избори ќе може да ги контролира.

Сепак, доколку регионов и земјава во него, останат релативно безбедносно стабилни, мошне е веројатно Груевски, поради последиците по него од откритијата од прислушуваните телефонски разговори и неговите учества во изборни и други коруптивни манипулации, да биде оневозможен  да „истрча“ на закажаните предвремени парламентарни избори во април.


 


Коментари
Нема коментари.
 
Архива