портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Еврото паѓа, заштедите и кредитите безбедни
јануари 2015



Пад на вредноста на еврото на берзите вчера рано утрото беше првичната економска реакција за која се коментираше дека се должи на победата на Сириза на изборите во Грција, иако потоа оваа валута ја обнови својата вредност. Се појавија и забелешки дека доаѓањето на власт на Коалицијата на радикалната левица не е главна причина за намалување на вредноста на еврото, туку дека тоа се должи на големата програма за инјектирање пари во европската економија објавена на крајот на минатата недела од Европската централна банка, тешка илјада милијарди долари.

Како во наредниот период ќе се движи вредноста на европската валута и какво влијание тоа може да има врз македонските граѓани кои штедат во евра или имаат кредити во таа валута? Од кабинетот на гувернерот Димитар Богов вчера ни изјавија дека проекциите за односите меѓу светските валути се многу шпекулативни, а нивните движења поттикнати од политички настани, вообичаено се многу краткотрајни.

„Со оглед на де факто фиксниот девизен курс, промената на курсот на еврото кон трети валути не влијае ниту на кредитите, ниту на депозитите во евра“, потенцираат од кабинетот на гувернерот.

Од НБМ велат дека еврото е најзастапена странска валута во работата на менувачниците. Од таму не коментираат подетално кои валути деновиве најмногу се бараат, а кои најногу се купуваат на менувачкиот пазар. „Од почетокот на годината Народна банка интервенираше на девизниот пазар со откуп на 15 милиони евра поради поголемата понуда на девизи во менувачниците“, велат од НБМ.

Растот на вредноста на доларот не би требало да не' загрижува, децидни се од централната банка. „Напротив, ќе се зголеми нашата конкурентност во однос на економиите кои се врзани за доларот. Македонија главно извезува во еврозоната и не се очекува значителна промена на пазарниот удел на нашите извозници. Можно е извесно зголемување на извозот доколку одредени субјекти во еврозоната проценат дека им е поисплатливо одредени стоки и услуги, кои дотогаш ги купувале од земји надвор од еврозоната или надвор од земјите чии валути се врзани за еврото, да почнат да ги купуваат од еврозоната или од оние земји чии валути се врзани за еврото. Дополнително, можно е и извесно зголемување на пазарниот удел на нашиот извоз во земјите со кои размената е во долари, поради зголемената конкурентност“, појаснуваат од кабинетот.

Од НБМ нагласуваат дека ефектите врз надворешниот биланс за земјава би биле поволни, а додаваат и дека поголемиот дел од надворешните кредити на земјава се во евра. „Основната цел на НБМ е ценовната стабилност, а де факто фиксниот девизен курс е посредна цел за спроведување на основната цел. Од тука, односот на еврото кон трети валути се следи, но не е забележано и не се очекува влијание на тој однос врз исполнувањето на целите на Народна банка“, велат од кабинетот на гувернерот.

Инаку, по веста дека Сириза победи на изборите во Грција, на раните аукции на берзите во Австралија курсот на еврото падна во однос на поголемиот дел од другите валути. Во однос на доларот еврото се намалило за половина американски цент, така што курсот достигна 1,1170 долари за евро. И на токиската берза еврото се намали на најниско ниво во однос на доларот во последните 11 години, и се менуваше за 1,1098 долари. Економските аналитичари коментираа дека тоа се должи на зголемените ризици за сигурноста на европската економија, по победата на коалицијата која се декларира како противник на мерките за штедење.

Но, потоа на пазарите во Европа еврото обнови 0,4 проценти, на 1,1246 во утринското тргување. Европските акции, пак, главно пораснаа.

Инаку, овој најнов пад на еврото следува откако европската валута ослабе и минатата недела, по објавувањето на големата програма на ЕЦБ. Роберт Халвер, раководител на истражувањата на пазарот на капитал во Бадер банка изјави дека „еврото не ослабе заради Грција, туку поради поплавата од ликвидност на пазарите што ја предизвика програмата на ЕЦБ“.

Според него, пазарите се опуштени за тоа што се случува во Грција, бидејќи се чини јасно дека Грција нема да ја напушти еврозоната. Натали Мартин Пелрас, главен инвестициски офицер на КБЛ Ришелје рече дека еврото всушност падна минатата недела, по мерката на ЕЦБ. „Ние видовме само некоја мала тензија ова утро, делумно поврзано со Грција, што малку надолу ја однесе вредноста на еврото“, смета Пелрас.

Превземено од:

http://www.utrinski.mk/?ItemID=DD3D607B47C59049B4EED5F453285C9B

Коментари
Нема коментари.
 
Архива