портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
ДОСИЕ Јужен Поток: Политичките игри меѓу Путин и Западот му пресудија на гасоводот!
декември 2014

„Јужен поток е  мртов. Тоа е тоа. Проектот е затворен“, изјави првиот човек на Газпром, Алексеј Милер. Зошто? Официјално рускиот претседател Владимир Путин вели дека ЕУ не го сака овој проект, официјален Брисел пак соопшти дека Русија нема пари и затоа се откажа од проектот. Но, дали причините за смртта на „Јужен поток“ се погоре споменатите или пак во прашање е поголема геостратешка политика? Доброупатени во проблематиката тврдат дека цената на нафтата на светски берзи е во постојан пад, за да Европа го неутрализира евентуалното блокирање на рускиот природен гас.


 



Бомбастична најава за старт на проектот

Се почна на 07 декември 2012 година, кога официјална Москва го означи стартот на изградбата на „Јужен поток“. Од Газпром тогаш порачаа дека овој проект за Русија е приоритет, а за Европа неопходност, бидејќи носи енергетска безбедност. Најавите беа дека дека гасот од „Јужен поток“ ќе стигне до европските потрошувачи од 2015 година. Гасоводот „Јужен поток“ беше предвиден со капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно, требаше да има доволно гас за да обезбеди греење, топла вода и снабдување со струја за околу 30 милиони домаќинства во Европа. Гасоводот требаше да минува низ Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија и Италија, а останатите држави да бидат приклучени преку краците. Во изградбата на „Јужен поток“, требаше да бидат вложени околу 15,82 милијарди долари.

Како одминуваше времето така се повеќе се проблематизираше проектот

Не помина многу време, откако почнаа и првите негодувања од Русија, па и првите поместувања на роковите за почетокот на изградбата на Јужен поток. Една година по бомбастично најавениот старт, следуваше веста дека „Јужен поток“ влегува во критична фаза. Изградбата на проектот беше пролонгирана, а немаше никаква официјална информација зошто е стопирана изградбата на проектот Јужен поток.

Америка и Русија си ги мереа мускулите за Јужен поток

Како одминуваше времето мегагасоводниот проект Јужен поток предизвикаше вистинска војна помеѓу Русија и Европската унија, но доброупатените во енергетиката коментираа дека ова е всушност судир помеѓу двете најмоќни држави САД – Русија. За прв пат после студената војна, во светот започна нова војна, а тоа е борбата за природниот гас.   Препукувањата за гасоводниот проект Јужен поток на релација Русија – ЕУ, отвораат нови прашања на светската политичка сцена, а всушност вистинската војна за природниот гас веројатно допрва почнува. Различни коментари и предвидувања нудат доброупатените за тоа што ќе се случува во следниов период на оваа тема.

За едни, суштината била во намерата на американците кои сакаат да го преземат бизнисот со природен гас во Европа, гледајќи ја токму на европско тло единствената шанса за финасиски да закрепнат после големата криза. Други аналитичари пак тврдат дека до 2017 година САД ќе стане најголем производител на природен гас, но предвидувањата се дека американците ќе ги напаѓаат пазарите во целиот свет, а не само европските. Според нив, и на минатогодишната средба на американскиот претседател Обама и грчкиот премиер Самарас, Самарас го информирал Обама дека имаат откриено наоѓалишта во Јонското море и околу Крит, кој би биле доволни во следните 40 години да ја снабдуваат цела Европа со гас.

За Брисел Јужен поток беше монопол

Изградбата на Јужен поток се проблематизираше откако Брисел оцени дека прокетот е монопол, и побара пристап до гасоводот и за други земји и компании. Дополнително, официјален Брисел го засили пртисокот и врз земјите членки, но и оние што претендираат да бидат дел од ЕУ, наложувајќи им да ги променат договорите според европските правила.

Јужен поток жртва на руско – украинскиот конфликт

Светските аналитичари прогнозираа дека мегагасоводниот проект „Јужен поток“ може да се покаже како една од жртвите при санкциите од страна на ЕУ и САД против Русија, коментираа аналитичарите од Credit Suisse, цитирани од Financial Times. Гасоводот цели “прескокнување” на Украина при дотурот на природен гас за Јужна Европа.

Во април 2014, Европа обзнани – Јужен поток не е приоритет за ЕУ

Европската унија не ја смета изградбата на гасоводот „Јужен поток“ за свој приоритет, соопштија во април годинава од кабинетот на еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер. Во рамки на работната група на ЕУ за „Јужен поток“, што беше формирана на почетокот на годинава, во моментов единствено „се разменуваат мислења за технички и правни прашања“. Сега не се водат преговори за овој проект на политичко ниво, тој „политички процес е замрзнат поради активностите на Русија во Украина“, велат од кабинетот. При разгледувањето на овој проект, се разбира, мора да го имаме предвид вкупниот контекст на односите меѓу ЕУ и Русија, потенцира Сабина Бергер, портпаролот на еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер. Претходно, ЕУ им даде овласување на нејзините членки низ кои треба да минува гасоводот – Австрија, Бугарија, Грција, Словенија, Унгарија и Хравтска, меѓукои и на Србија, индивидуално да преговараат со Русија за изградбата на „Јужен Поток“.

На точно две години од свечено најавениот старт, од сред Турција Путин крена раце од Јужен поток

Рускиот претседател Владимир Путин од Анкара на заедничка прес конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган завчера вечерта обзнани дека се стопира изградбата на Јужен поток.

“Ако Европска Унија не сака да се спроведе Јужен поток, нема да биде спроведен“, изјави Путин. Како причина за оваа одлука беше посочена Европа. „Однесувањето на Европската комисија не е конструктивно, ниту пак ни е од помош во имплементација на проктот, уште повеќе  гледаме дека таа поставува пречки и сака да го апстрахира реализирањето на овој проект.  Ако Европа не сака проектот да биде спореведен, тогаш нема да го спроведеме Јужен поток“, порача рускиот шеф на државата Владимир Путин..

Што сега?

Путин го затвори Јужен поток, а во исто време го најави новиот гасоводен проект, Балкански коридор чија траса ќе минува од Црното Моред преку Турција, па се до границата со Грција. Балканскиот коридор се однесува на снабдување преку Украина, така што 14  милијарди  кубни метри, со кои моментално се снабдува Турција преку Украина ќе бидат пренасочени преку директен гасовод.

Дали цената на нафтата паѓа на светските берза, за да се неутрализира евентуална рестрикција од природен руски гас

Се огласи и Европската унија причината за откажување на проектот Јужен поток ја посочи во Русија. Москва нема економска исплатливост, во состојба кога паѓа цената на нафтата, оценија во Брисел. ,Доброупатени во проблематиката тврдат дека цената на нафтата на светски берзи е во постојан пад, за да се неутрализира евентуалното стопирање на руски гас. Најпогодена би била Украина, а преку нив и скоро цела Европа. Во ваква констелација кога разликата помеѓу цената на нафтата и природниот гас се намалува, речиси цела Европа е подготвена доколку Русија се реши да го затвори вентилите за европјаните, тие веднаш да се префрлат на користење на нафтата како енергенс.

Македонија во целата приказна

Иако властите во земјава велат дека нема да имаме никаква штета од стопирањето на изградбата на Јужебн поток, сепак Македонија речиси и никогаш да не обелодени официјален договор со Русија за овој проект. Така што, енергетичарите велат, ако сме немале штета, тогаш не сме биле ниту во ситуација за корист од целиот проект Јужен поток.

„Ние работиме, работевме и ќе работиме  на изнаоѓање на алтернативи решенија. Сметам дека постојат такви“, изјави вчера министерот за финасии, Зоран Ставрески.

Превземено од:

http://faktor.mk/archives/134457


 

Коментари
Нема коментари.
 
Архива