портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Бумеранг: Европската економија има поголема штета од санкциите отколку Русија
декември 2014

Германија, која е одговорна за една третина од производите кои Русија ги увезува, забележала остар пад во продажбата на наведените стоки, додека италијанскиот извоз е намалаен за половина.


По барање на САД - Европската унија воведе серија санкции против Русија. Од руска страна штети врз нивната економија секако има, кои можеби ќе се решат во блиска иднина со зголемување на економската размена со Кина и Индија но, засега штетите се евидентни иако ни одблизу големи колку што во Брисел и Вашингтон се очекуваше. Како поминува другата, европска страна со овие санкции... првите резултати говорат - полошо од Русија. Ако Русија има оправдување за економскиот пад со санкциите кои не се нивни избор, на европските влади не им е лесно да обајсанат зошто нивната анти-руска одлука мораат да ја плаќаат компаниите со загуба на рускиот пазар, а работниците со откази.

 На саемот за технологија во Москва, минатиот месец, директорите на европските компании се соочиле со реалноста и последиците од воведените санкции кон Русија од страна на Европската унија. Тие компании имаат за цел да соработуваат со Русија на бизнис палн и таму да го шират својот пазар што во изминатите години и го направиле. Но годинава, бројот на компании на саемот бил преполовен во споредба со минатата.

- Влијанието на санкциите врз бизнисот беше болно видливо. Многу помалку Европски штандови и значително намалување на работата, вели Марк Бултник, директор на продажба на Белгиската компанија Барко, која имала штанд на годинешното излагање во делот на аудиовизуелната индустрија во Москва.

Таа компанија ја изгубила работата во најголемото руско бродоградилиште откако САД и Европската унија на црната листа ја ставиле корпорацијата на Русија - Обединети бродоградители, на која тие повеќе не можат да и ги испорачуваат своите екрани.

Искуството на компанијата Барко покажува колку санкциите имаат негативно влијание врз европскиот пазар во време кога слабата европска економија тоа не може да си го дозволи.

Додека владите ширум Стариот континент ги разгледуваат можностите за воведување на нови санкции кон Русија, на површина полека излегуваат податоци за трошоците кои санкциите и ги задаваат на европската економија.

Извозот за Русија во август, по воведувањето на санкциите, падна за 19 проценти на седум милијарди евра, што во споредба со јули е помалку за околу две милијарди евра, покажува статистиката на Еуростат. Извозот паднал за 18 отсто во споредба со минатата година.

Намалувањето на извозот од ЕУ е одраз на забраната за увоз на земјоделски производи од Европската унија во Русија која беше активирана во август, како реакција на европските санкции. Освен на овие производи, значителен пад од 23 отсто е забележан во извозот на автомобили и трактори.

Германија, која е одговорна за една третина од производите кои Русија ги увезува, забележала остар пад во продажбата на наведените стоки, додека италијанскиот извоз е намалаен за половина.

Санкциите исто така забрануваат извоз на европски производи кои на било кој начин може да се користат во воената индустрија. Без разлика колку се мали шансите за производот да се користи во воени цели, европските компании ако сакаат да ги извезуваат за тоа им е потребна посебна дозвола што дополнително го усложнува и забавува извозот.

Трактори, дигалки, кранови и разни механички делови потребни за производство на автомобили и камиони спаѓаат во категоријата на "двојна употреба" и за нивен извоз треба да се добие посебно овластување. Компанијата која ќе извезува ваква стока без потребната дозвола ќе биде казнета со парична казна во висина од деведесет отсто од вредноста на извезената стока.

Обезбедувањето на такви посебни дозволи може да го одложи времето на испораката за  неколку месеци, бидејќи многу производи чекаат дозволи за извоз на царинските пуктови, а службите пак кои се надлежни за нивното издавање, едноставно се преоптоварени.

- Многу производи за кои досега не требаше да се има посебна дозвола, сега чекаат во ред. Со тоа се создаде еден нов сектор кој чека издавање на дозволи за извоз на рускиот пазар, вели Тристан Гример, адвокат во канцеларијата Бејкер и Мекензи, кој им помага на компаниите да поминат низ процесот на добивање на потребните лиценци.

Од август, бројот на поднесените барања за дозволи само во белгискиот регион Фландрија скокнал за 40 отсто, а официјалните e-mail адреси на службениците кои ги издаваат се затрпани со голем број на прашања во кои компаниите бараат совети и насоки.

- Сите сакаат и сметаат дека нивниот случај треба да се третира како по забрзана постапка, но не е само до нас, за издавање на одредени дозволи мора да се консултираме и со белгиската амбасада во Москва, изјавил еден од службените лица кој одбил да се претстави.

Во Германија, забележано е дека во последно време се потешко е царинските управи да се добијат на телефон за компаниита да добијат совет и информација околу дозволите. Едноставно, нивните телефонски линии се презафатени или целосно блокирани.

Европските компании заради застојот во испораките се изложени на ризик од губење на договорите, кои би можеле да ги добијат конкурентни фирми од Кина или од други земји кои можат веднаш да одговорат на побарувачката.

- Земјите на кои не им се наметнати санкции можат да се вклучат и да ја пополнат празнината што ја направија санкциите на Европската унија. Економската позиција на ЕУ во Русија е во опасност, затоа што кога еднаш ќе го изгубите пазарот потоа е многу тешко да го вратите. За сите производи и стоки има замена и повеќе места од каде можат да се набават, вели Френк Шауф, извршен директор на Асоцијацијата на европските компании во Русија.

Превземено од:

http://media.mk/article/52897/bumerang-evropskata-ekonomija-ima-pogolema-steta-od-sankciite-otkolku-rusija

 

Коментари
Нема коментари.
 
Архива