портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Русија бара трговски сојузници
ноември 2014
Анета
Додевска

Дека меѓусебната размена и зависност станаа силни,  покажуваат податоците според кои  извозот на храна од ЕУ во Русија постојано расте во последните десет години и од четири достигна речси 12 милијарди евра. ЕУ во Русија главно извезува производи од повисока додадена вредност, но и овошје, зеленчук, млечни и месни производи.

Според проценките, поради трговското ембарго, односно санкциите на Русија, Европската Унија  досега претрпела штета од околу 5 милијарди евра.

 



Откако ја прошири листата на трговски непријатели, Русија сега е во потрага по трговски сојузници. Турција, Бразли и дел од балканските земји се меѓу оние кои чиј економски курс се сврте кон Русија. Турција преговара царински и административни олеснувања за извоз. Србија не само што ги користи поволностите од Договорот за слободна трговија, туку освојува и нов извозен терен, за автомобили. Хрватска, судејќи според бројките значајно нема да се “потресе“ од руското ембарго, но сепак не може да остане имуна поради енергетската зависност од Кремељ. Европската Унија ги предупреди своите членки и но оние со статуст кадидати, да не ја “злоупотребуваат“ состојбата на ембарго. Дали наспроти официјалните заложби за почитување на санкциите,  дел од економиите сепак тераат бараат канали до рускиот пазар?

Кој и како  ќе ги искористи своите „пет минути“?

Русија – Србија: ЕУ повикува на воздржаност, Србија договара извоз на автомобили!  

 Откако го воведе и “ембаргото“ за увоз на месо, млечни производи, овошје и зеленчук од земјите од Европската Унија, САД, Канада, Австралија и Норвешка, Русија своите трговски партнери ги бара во Бразил, но и кај некои од земјите на Балканот. Две српски компании од млечната индустрија  веќе ги врати на листата за дозволен увоз. Овој потег на Русија се случи непосредно откако Европската Унија побара од земјите-кандидати за членство, меѓу кои е и Србија, да не го искористуваат, односно злоупотребуваат ембаргото на Кремељ за увоз на храна од Западот.

“Зошто сега ваков повик? Можеби србите сакат да ја искористат моменталната состојба и да освојат што е можно поголем дел од пазарот“ – праша  владини претставници во Русија.

Некои од српските производители на храна, особено на овошје, информираа дека побарувачката за производи од Русија е драматично зголемена но и дека капацитетите на аго економијата да ги задоолат потребите се ограничени. Во 2013 та година  7,2% или 65 милиони долари од вкупниот српски извоз на заленчук и овошје завршил на рускиот пазар.

И покрај “предупредувањата“ од ЕУ, се чини дека Србија сепак ги активираше сите механизми како да ги искористи своите пет минути во реакцијата со Русија. Не само за зголемување на извоозт на храна, Србија сега е вофанзива да освои  нов извозен терен.

„Би ве замолил да ги прифатите возилата произведени во Крагуевац и да овозможите извоз на тие возила во Руската Федерација“, му рече српскиот премер Александар Вучиќ на рускиот  претседател Владимир Путин на неодамнешната посета на руската делгација на Србија.

Од северниот сосед стаса и најава дека официјален Белград  побарал од Москва  да дозволи либерализација на трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Министерката за земјоделие и животна средина на Србија,  Снежана Богосављевиќ-Бошковиќ, која  учествуваше на седницата на меѓувладината руско-српска комисија за соработка во Москва, пред својот руски колега Николај Фјодоров  инсистирала списокот на производи за слободна трговија, за кои двете земји имаат спогодба, да биде проширен со некои производи, како шеќер, определени видови месо и сирење и алкохолни напитоци.

Српската страна побарала и забрзување на процедурите за издавање на одобрение за извоз на српски производи во Русија и во другите земји од Царинската унија – Белорусија и Казахстан.

Српската економија, во однос на останатите на Балканот  е во предност со оглед на тоа што официјален Белград и Москва имаа Договор за слободна трговија, кој практично од старт  предвидува серија на трговски и царински поволности за српските производи.

Осве трговските, за Србија се значајни и инвестициските реалции со Русија. Според процените, руските инвестиции во Србија изнесуваат две милијарди долари а најавени се и нови во вредност од уште една милијарда долари.

Русија – Хрватска: На удар од санкциите – прехранбената индустрија!

Значаен дел од прометот во трговијата меѓу Русија и Хрватски зафаќаат енергенсите, односно извозот на енергенси од Русија во Хрватска. Според проценките на свтеските аналитичари сепка, перспективите за  соработка може да се бараат и во банакрството и во туристичките услуги.

Според експертите, сегашните односи меѓу двете земји се на “скромно“ ниво. За “Ruski vjesnik“ аналитичарот Василиј Ухарскиј вели:

“Големи руски бизниси  во Хрватска е речиси непостојат. Една од неколкуте примери е нафтената компанија  “Лукоил“, која има мрежа од 48 бензински станици и терминали во Хрватска. Исто така во 2 000 та година, пропаднаа, односно не успеаа неколку големизаеднички проекти на руски и хрвтаски инвеститори. “ – оценува аналитичарот според кого вакиот епилог меѓу односите на двете држави е резултат на непостоење на политичка поддршка на хрватската Влада.

Отсуството на политичка логистика, според аналитичарите, заврши со пропаѓање на бизнис зделката за руско превземање на металурските компании во Сплит и Сисак како и пропаѓањето на планот на рускиот милијардер Владимир Евтушенко да го реализира прокетот за развој на островите Млет и Крк.

Според податоците на Институтот за слобенски студии на Руската академија на науките, од 1993 та до 2011 та година вредноста на руските инвестиции во Хрватска изнесува 230 милиони долари.  До 2008 година трговски промет се зголеми на  3,2 милијарди долари, но веќе следната 2009 та година  паднал на 1,7 милијарди евра, главно како резултат на размената на енергенси.

Како дел од планот за пребивање на побарувањата по основ на клириншкиот долг, Русија во 2008 ма година на Хрватска и испорала хеликоптери марка МИ 17 во вредност од 65 милиони долари.

Иако хрватската економија, како дел од европското семејство се обидува да игра по правилата на ЕУ, сепак економијата и натаму е високо зависа од рускиот увоз на енергенси ако се знае дека 75% од вкупната трговска размена се сведува на рускиот извоз на енергенси во Хрватска. Оваа европска земја е рангирана на второ место по важност во реализација на прокетот “Јужен тек“.

Според оценките на хрватските бизнисмени, санкциите на Русија кон земјите од ЕУ, вклучувајќи ја и Хрватска, нема да имаат значајно влијание врз вкупниот извоз во таа земја, но ќе бидат удар за поединечни извозници од Хрватска.

Од Хрватската стопанска комора оценија дека од почетокот на руско-европското трговско ембарго, загрозен бил околу 1,5% од вкупниот хрватски извоз на земјоделско-прехранбение производи во вредност од 20 до 25 милиони долари.

“На ниво на поединечни извозници може да се оечкуваат поголеми проблеми, ососбено ако станува збор за компании кои се целосно извозно ориентирани кон Русија“ – велат од Стопанската комора на Хрватска.

Во структурата на извозот во Русија најзастапени се високо преработените производи, па затоа и најголемиот дел од ударот се очекува токму во оваа индустрија. Податоците на Хрватскиот завод за статистика покажуваат дека во првите три месеци од годинава во Русија биле извезени земјоделски и прехранбени производи во вредност од 3,2 милиони долари, пришто најмногу се извезувалесосови, јаболка, круши и дуњи, супа, слад екстракти, леб, печива и месо.

Според податоци на хрватскиот Завод за статистика,  вкупната трговска меѓу Русија и Хратска во 2013 година изнесувала  1,4милијарди американски долари, што е 23 помалку отколку во 2012 година. Хрватска извезла стока во вредност од  377 милиони долари, со пад од 10,6 отсто, додека увозот изнесувал 1,06 милиајрди долари со намалување за 26,5 проценти.

Недамна, и покрај незначителниот хрвтаски извоз во Русија, оваа европска земја беше во фокусот на регионалните медиуми како дел од сценариото во кое Хрватска, преку Србија се обидува да го зголеми пласманот на рускиот пазар.

Трговската размена меѓу Хрватска и Србија, според српскиот весник “Новости“, драматично пораснала, односно,  во првите пет месеци од годинава  хрватскиот извоз во    Србија се зголемил за  неверојатни 40 проценти.

Русија – ЕУ:

Трговска размена што се брои во десетици милијарди евра, енергетска зависност, финанасика и инвестициска поврзаност – бројни се причините зошто “ембаргото“ на релација Русија-ЕУ и обратно е “боксерски ринг“ во во кој од пресудно значање е кој ќе биде победикот .

Извозот на храна од ЕУ во Русија  достигна 12 милијарди американски долари. Токму Европската Унија е трет по големина трговски партнер на Русија, веднаш зад САД и Кина или уделот на ЕУ во вкупната трговска размена на Русија учествува со 50%. Во исто време, Русија важи за  втор најважен извозен пазар за земјоделските производи од земјите на ЕУ, со учество од 10%.

Дека меѓусебната размена и зависност станаа силни,  покажуваат податоците според кои  извозот на храна од ЕУ во Русија постојано расте во последните десет години и од четири достигна речси 12 милијарди евра. ЕУ во Русија главно извезува производи од повисока додадена вредност, но и овошје, зеленчукот, млечни и месни производи.

Според проценките, поради трговското ембарго, односно санкциите на Русија, Европската Унија  досега претрпела штета од околу 5 милијарди евра.

По објавеното руско ембарго, се проценува дека  Европската Унија претпрпела штета од пет милијарди евра.  

Русија – Турција: За ЕУ - ембарго, за Турција се креваат извозните рампи!  Додека Русија од една страна ја шири листата на земји кои воведува увозни  санкции,  ограничувања и ембарго, од друга страна бара механизми како да најде нови трговски сојузници. Од 15 ти октомври, како што јави турската агенција “Анадолија“, Москва ги крева граничните рампи за увоз на млечни призводи од Турција. А оваа земја, која рекорден рбој на години чека пред портите на Европската Унија нема да се двоуми да ја искористи шансата за профит.  

“Воведувањето ембарго од Русија отвора нови можности за Турција. Последните препреки за продажба на турски млечни производи во Русија беа симнати откако завршија преговорите меѓу турските и руските министерства за земјоделие, и сега очекуваме да започне извозот на нашите производи во Русија од 15 октомври“, изјави Харун Чали, шефот на асоцијацијата за производство на млеко и млечни производи.

Турција го зазема 16-то место во светот според производството на млечни производи. Годишно ова производство бележи раст од 10%.

“Нам ни требаат нови пазари за да ги продаваме производите. Дури 5% удел во сферата на млечните производи во Русија за нас ќе биде големо достигнување“, изјави Чали.

Според проценките, следната година турскиот извоз во Русија ќе се зголеми за околу 3 милијарди долари, но сепак турските бизнисмените од Здружението на извозници на прехранбени производи посочија дека ќе биде потребно Русија да ги намали царините.

Во меѓувреме, од почетокот на октомври се најави формирањето на новата „голема седумка“, која меѓу Турција се и Бразил, Индија, Индонезија, Кина, Мексико и Русија.

Како што пренесе “Фајненшел тајмс“, оваа нова глобално силна седумка, според бруто домашниот производ, има подобри показатели на паритетот на куповната моќ на земјите од сегашната “голема седумка“ која ја сочинуваат  Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија.

Едно е јасно, сегашната трговска војна во која најмоќните решија да ги одмерат силите ќе биде вовед за нови гостратешки, трговски и инвестициски поместувања, во кои помалите ќе мора да најдат начин за да не бидат прегазени.

 

Коментари
Нема коментари.
 
Архива