портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Македонската економија на тест-ќе се искористи ли извозната шанса?
октомври 2014
Анета
Додевска

Едно е јасно, трговските санкции на реалција Русија - ЕУ и обратно ја зголемија побарувачката за македонски производи, не само од Русија, туку и од земјите од Европската Унија но и од Украина.

Но, во фокусот е европска Хрватска, која , според медиумите, преку Србија, ја спроведува операцијата за извоз во Русија.


 



Руско-европската трговска војна, според проценките на бизнисмените, може да го зголеми македонскиот извоз од 30 % до 40 %. Но дали тоа ќе се случи во услови кога домашната агро-економија се соочува со проблеми на  преполовено производство и преработувачка индустија  која работи со околу 60 % од капацитетите? Во меѓувреме, регионот се мобилизираше. Европска Хрватска, според српските медиуми, преку Србија бара начин како да ги продаде своите производи на големиот руски пазар. Колку и како ова историско руско ембарго може да биде шанса за македонската агро-економија?

Економските џинови во трговска војна. Каде е Македонија на фронтот?

Августовското ембарго од Русија кон Европската Унија го мобилизираше регионот, земјите од Балканот преку ноќ се кренаа во обид да зграбат што е можно поголем дел од извозната шанса што им се нуди на истокот. Дали она што може да биде историски ретка можност за зголемен извоз на македонската агро-економија ќе се претвори во пропуштена шанса кој ќе ги покажа слабостите на неорганизираното земјоделско производство, слабите преработувачки капацитети, административните бариери и конечно, некокурентниот производ? 

Едно е јасно, трговските санкции на реалција Русија - ЕУ и обратно ја зголемија побарувачката за македонски производи, не само од Русија, туку и од земјите од Европската Унија но и од Украина. 

“Можам да кажам дека и со тие можности што располагаме, сега имаме турбо-извоз кон Русија. Руски бизнисмени склучуваат директни договори со македонски партнери за превземање на македонски производи. Договорите се склучуваат без посредници, во директни релации. Зголемен извоз има кај грозјето и кај некој видови на зеленчук, додека овошјето е проблематично поради долгиот транспорт. Секако тука е и виното, односно винариите се во предност бидејќи располагаат со злихи за кои сега има пласман“ – коментираат бизнисмните. 

Дел од стопанственците од Стопанската Комора на Македонија веќе потврдија дека од август расте извозот на македонски производи во Русија.  

“Тоа е голем пазар кој бара многу повеќе и кој може да плати, а од Македонија овој сектор може да даде многу повеќе во однос на тоа што веќе го извезуваме“, изјави Васко Ристовски од Стопанската Комора на Македонија.

Сличен став има и Дејан Бешелиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора. Според него, земјава на рускиот пазар може да понуди овошје, зеленчук, и преработки од нив, вино, лекови. Тука спаѓаат и кондиторските производи за кои, според Бешлиев, во овој момент се отвора голема можност бидејќи голем дел од нив во Руската федерација беа увезувани од земјите кои сега се под санкции.

Според информациите од бизнис круговите, засега  е регистриран зголемен извозот на зеленчук, на грозје, вино и на праски. .

Русија, која  важи за еден од најголемите светски потрошувачи. .Русија е 13-ти трговски партнер на Македонија.Податоците покажуваат дека лани има продлабочување на дефицитот со Русската федерација. Вкупната размена минатата година изнесува 195,2 милиони долари, при што од Македонија се извезени производи во вкупна вредност од 31,5 милиони долари, додека во истиот период од Русија се увезени производи во вредност од 163,6 милиони долари. Ви извозот најголемо учество имаат земјоделско-прехранбените производи и тоа овошје, виното, грозје, зеленчук. Најголем дел од извозот отпаѓа на лекови и производи од машинската индустрија. Извозот на земјоделски производи во Руската Федерација во однос на вкупниот извоз на производи од овој сектор изнесува 1,5%. Во делот на увозот доминираат енергенсите , металургијата и минералните суровини..

Во првите шест месеци од годинава македонско-руската трговска размена, изнесува 74,7 милиони долари, од кои 17,7 милиони долари отпаѓаат на извозот, а 57 милиони долари е увозот.Споредено со истиот период лани, има пад на целата размена од 46,7 проценти. Во делот на земјоделството и прехранбената индустрија извезени се производи во вредност од 3,7 милиони долари.Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 47,2 милиони долари.

Дали Македонија ќе ја пропушти шансата?

Зголемената побарувачка за македонски производи се случува во состојба кога македонската агро-економија се соочува со сериозни проблеми на домашен терен. Имено, поради временските непогоди, дождовите, поплавите и болестите дел од родот на одредени земјоделски култури е преполовен. Стопанственици од кондиторската индустрија велат дека годинава се заканува опасност и недостаток на свеж зеленчук потребен за произвостството како суровина. Од друха страна,  преполовениот род ќе донесе и недостаток на квалитетен зеленчук за  пазарите, односно за домашната побарувачка, што пак може да влијае врз крајната цена. 

Во исто време, најновите податоци на Заводот за статистика покажуваат дека искристеноста на производните капацитети во август изнесувала 61,8 %, односно околу 40 отсто од погоните и натаму мируваат со производство во услови на зголемена побарувачка.  

Според проценките, земјоделско-прехранбениот сектор од земјава би можел да го зголеми извозот за Русија за 30-40 проценти, но, според бизнисмените,  тоа зголемување не треба да  биде само еднократно, туку да се задржи континутиет на присуство на рускиот пазар. 

“Ние се соочуваме со ефтин македонски производ, долг транспорт, тука се и царините  на влез во Русија. Се сомневам дека ние како агро-економија, земајќи ги предвид овие фактори можеме да зборуваме за шанса која би ја искористиле. Русија како држава е голем потрошувач, и тие кога склучуваат договор, покрај количините, кои ги нарачуваат и тепшко е да се прилагодите на нив, бараат континуитет во тоа. Значи, не може вие да напрвите една пратка и да застанете, односно да немате капацитет да ги активирате вашите прооизводни погони. “– изјави за економската емисија ’Тренд“, стопанственикот Горан Ѓорѓиевски. 

Не само со домашни, Македонија се соочува и со надворешни бариери при пласманот во Русија. Имено, земјава нема Договор за слободна трговија, ниту пак Договор за ослободување од двојно оданочување, што дополнително го проблематизира нашиот извоз. 

“Извозот дефинитивно е зголемен, но прашањето е колку реално можеме на возвратиме со капацитетите. Нашата преработувачка индустрија хронично се соочува со недостиг на суровини за производство а ако нема суровини, нема ниту производ. Дополнително тука е и царинскиот режим од Русија. Таму плаќаме царини кои за Македонија се намалени за 15%, односно ние сме некоја форма на привилегирана земја, но сепак давачки има, што влијае врз крајната цена“ – коментираат економиситите  за “Фазан“.   

Во исто време, поради европско-рускиот спор, и земјите членки на Европската Унија ја зголемија побарувачката за земјоделски и прхремабени производи со што се отвора уште едена можност за зголемен извоз.  Според статистичките податоци, во периодот од јануари до јули годинава, најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на Европската унија и земјите од Западен балкан. И најголем дел од увозот доаѓа од Европската унија. Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Вкупниот извозт во првите седум месеци од годинава изнесува над 2 милјарди и 830 милиони долари, а увозот над 4 милјарди и 250 милиони долари. Трговскиот дефицит е во вредност од над една милјарда и 416 милиони долари. На ниво на вкупниот извоз, најголемо учество од близу 70 % имаат храна, во која е вклучено овошјето свежиот и преработениот зеленчук, житата и преработките. 

Колку Македонија ќе успее да го зголеми извозот во услови на ова историско ембарго меѓу моќните Русија и Европската унија, според бизнис заедницата, ќе се анализира при крајот на годинава, кога ќе се сумираат податоците по воспоставување на ембаргото, во август годинава.

Европска Хрватска бара канали до рускиот пазар!

Медиумите од регионот веќе ги пресметуваат првите ефекти од згелемениот извоз во Русија. Српската економија е предност со оглед на тоа што официјален Белград и Москва имаа Договор за слободна трговија, кој на нашиот северен сосед му дава трговска предност. Но, во фокусот е европска Хрватска, која , според медиумите, преку Србија, ја спроведува операцијата за извоз во Русија.

Трговската размена меѓу Хрватска и Србија, според српскиот весник Новости, драматично расте, односно,   во првите пет месеци од годинава  хрватскиот извоз во     Србија се зголемил за  неверојатни 40 проценти. 

Според весникот, расте извозот на Хрватска и во Италија и Германија, но ниту приближно како во Србија. Истовремено, како што се наведува, увозот на српска стока во Србија исто така пораснал и изнесува 19,7 насто.

Сепак, официјалните податоци се поинакви. Според српскиот министер за трговија и телекомуникации Расим Љајиќ, растот на извозот од Хрватска во Србија во првите седум месеци од годинава е поголем за 9,9 насто во однос на истиот период лани, додека во исто време српскиот извоз во Хрватска пораснал за 13,2 проценти.

“Новости“ пишуваат дека до зголемување на извозот во Србија дошло затоа што Хрватска сака да ги заобиколи санкциите и полесно да извезува стока во Русија. Најмногу расте извозот на производи од преработувачката индустрија, но забележан е и раст на извозот на текстилни производи, лекови и храна.

Во исто време и Турција прави пресметки за зголемување на извозот. Според проценките, следната година турскиот извоз во Русија ќе се зголеми за околу 3 милијарди долари, но сепак турските бизнисмените од Здружението на извозници на прехранбени производи посочија дека ќе биде потребно Русија да ги намали царините.

Според проценките, поради трговското ембарго, односно санкциите на Русија, Европската Унија  досега претрпела штета од околу 5 милијарди евра. 

Според номиналниот обем на Бруто Домашниот Производ  за 2013 година, економијата на Русија го зазема 8. место во светот. 

Номиналниот БДП на Русија, лани  изнесуваше 2.097 трилиони американски долари. Според номиналниот БДП по глава на жител се наоѓа на 47 место. Последните располжливи податоци за 2012 та година покажуваат дека уделот на руската во светската економија изнесува 4,1 насто.

 

Коментари
Нема коментари.
 
Архива