портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Брокерите од Македонија, Хрватска и од Бугарија ќе тргуваат на трите берзи
мај 2014

Директорот на Македонска берза, Иван Штериев, информира дека берзите од Скопје, Загреб и од Софија неодамна формирале заедничка компанија со седиште во Македонија.


Конференција на македонскиот пазар за хартии од вредност

Новиот бран вложувања од страна на домашните и странските инвеститори во Република Македонија очекуваме да дадат позитивен импулс на пазарот на хартии од вредност и да создадат критична маса на потенцијални инвеститори што врз основа на аналитичен пристап и информации ќе носат одлуки за мудро инвестирање на своите средства, рече претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Елизабета Чингаровска, на вчерашната конференција на македонскиот пазар за хартии од вредност што вчера се одржа во Скопје.

Состојбата на македонскиот пазар на хартии од вредност, идните развојни правци и влијанието на одредени случувања на странските пазари на хартии од вредност и нивните рефлексии во Македонија беа темите на кои дебатираат учесниците. Директорот на Македонска берза, Иван Штериев, информира дека берзите од Скопје, Загреб и од Софија неодамна формирале заедничка компанија, со седиште во Македонија.

- Компанијата во многу блиска иднина треба да потпише договор за грант со ЕБОР за финансирање развој на софтверска апликација, што ќе им овозможи на брокерите во Хрватска, Бугарија и во Македонија на едноставен начин да тргуваат со хартиите од вредност што котираат на трите берзи. Максимално ќе се заложиме овој проект успешно да заврши и да се имплементира, со што ќе се создаде функционален нуклеус кон кој, се надеваме, ќе се придружат и други регионални партнери - вели Штериев.

Според него, на заживувањето на пазарот на хартии од вредност не може да се влијае парцијално, односно мора истовремено да се случи комбинација од повеќе фактори што ќе придонесат за надминување на постојните проблеми и предизвици.

- Во периодот од 2008 до 2013 година главниот берзански индекс МБИ 10 четири години бележи пад, а само двапати пораст, еднаш во 2009 година со позначајни 31,3 процент и минатата година со 0,44 проценти. Во првите четири месеци од годинава, индексот во три, освен во февруари, одеше надолу.

Првата половина на мај е поветувачка, со добар ценовен пораст и, заклучно со вчера, МБИ 10 на годишно ниво е во плус од околу 2,25 проценти. Искажано преку апсолутната вредност на индексот, МБИ 10 на крајот на 2008 година изнесувал 2.096, а на крајот на вчерашниот ден 1.778 поени - вели Штериев.

Најновите макроекономски проекции на НБМ, како и амбиентот на монетарната политика, во контекст на условите на натамошниот развој на пазарот на хартии од вредност пред учесниците на конференцијата ги претстави гувернерот на НБМ, Димитар Богов.

- Движењето на инфлацијата се очекува да биде главно под влијание на светските цени на основните производи, со оценети надолни ризици, при што во рамките на нашата најнова проекција очекуваната стапка на инфлација за 2014 година ја ревидиравме надолу на околу 1 процент. Во надворешниот сектор се очекуваат релативно поволни движења и умерен дефицит на тековната сметка. Натамошните приливи на директни странски инвестиции создаваат основа за дополнително подобрување во структурата на извозот и зајакнување на надворешната позиција на долг рок. Очекуваниот пораст на депозитите кај банките, заедно со очекуваните ефекти од веќе преземените мерки, би обезбедиле натамошен пораст на кредитирањето преку банкарскиот сектор - рече Богов.                                                   

Превземено од:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=516141940232&id=10&prilog=0&setIzdanie=23176
Коментари
Нема коментари.
 
Архива