портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Европа во зијан, Македонија статус кво
април 2014
Марина
Узунов
Ова е политичка војна и искрено не знам што ќе значи доколку Европа се откаже од проектот. Брисел веќе проба пред некое  време да ги натера балканските земји да се откажат, но видоа дека тоа „не пие вода. Тоа ќе биде сериозен чекор, кој нема да биде во полза за европската економија, затоа што токму европски фирми  со удел од  50% се партнери во изградбата на Јужен поток.


Руски или украински,  Киев беше предвесник за големите сили да  велзат во нова политичка битка за превласт. Но политичката криза меѓу Русија и Западот, на мегдан ги соочи економските  интереси.  Канонада од економски санкции во најава и од двете страни. Руски Газпром на Украина почна да и фактурира повисока цена за гасо. А Америка, по дипломатска линија ги обзнани намерите на Брисел за суспензија на изградбата на Јужен поток кон Балканот. „Европа нема да издава дозволи за  гасоводната мрежа се додека не се обезбеди конкуренција и Европа не добие алтернатива во испораката на гас“. – ова, според Карлос Паскал, висок американски дипломат ќе биде клучниот аргумент на Брисел при одлуката за сторнирање на проектот.

Кој губи, а кој добива од руско – украинската криза? Домашната експертска јавност е едногласна дека  мега енергетскиот проект покрај економскиот ,од самиот почеток доби и стратешко политики контекст.

 Сепак, за енергетичарите изградбата на Јужниот поток е неспорна, но велат дека актулената состојба може да го забави темпото на релизација – посочува Константин Димитров, универзитетски професор во пензија и претседател на Центарот за енергетска ефикасност. „Ова е политичка војна и искрено не знам што ќе значи доколку Европа се откаже од проектот. Брисел веќе проба пред некое  време да ги натера балканските земји да се откажат, но видоа дека тоа „не пие вода. Тоа ќе биде сериозен чекор, кој нема да биде во полза за европската економија, затоа што токму европски фирми  со удел од  50% се партнери во изградбата на Јужен поток.“ вели Димитров.

Енергетскиот консултат Митко Андреевски не е изненаден од потезите кои ги влече Унијата. Оспорувањето на Јужен поток од страна на Европа и западот се насетуваше  уште  во првите години кога идејата за изградба беше во зародиш –потстеува Анреевски.

„ Во првиот момент,  европјаните веднаш не го отфлија проектот, но мора да се напомена дека ЕУ и Западот преферираа други концепти за снабдување на јужниот дел од Европа, односно на балканските земји. Да се потсетиме, НАБУКО беше еден од тие проект кој пропадна, а и тогаш се преферираше  ТАП. Европјаниет беа во дилема кој од нив да го поддржат, затоа што имаа ист извор на снабдување со гас –  Азербејџан. И одлуката беше да се подржи ТАП и тоа е одлука и на Западот и на Европа“ вели Андреевски.

Може ли Македонија без рускиот гас?

За разлика од европските држави чии економии зависат од гасот, Македонија нема да почуствува последици во случај Русија да  ја сопре испораката на гас за Европа велат упатените.  Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика објаснува дека   најголемиот број од погоните кои работат на природен гас имаат систем кој може да работи и на друг вид гориво.

„Секоја гасна криза има негативни ефекти врз работењето на компаниите кои го користат гасот како примарен енергенс. Во таков случај компаниите ќе треба да се ориентираат кон други видови на енергенси, што може да доведе до пораст на трошоците во работењето. Но со оглед на тоа што гасот сеуште нема доминантна улога, се цени дека таквата потенцијална ситуација нема да има значајно негативно влијание врз енергетската стабилност на државата “ изјави неодамна Петров за 24 Вести.

Сега, Македонија користи  само околу 15 % од капацитетот на постојниот гасовод. А доколку целиот капцитет се стави во функција, може да ја задоволи потрошувачката во следните 10 години – смируваат енергетичарите.  Од друга страна пак, ако се анализираат податоците, бројките покажуваат дека земјава минатат година потрошила 130 милиони кубни метри природен гас,  ниво кое не позиционира како незначителен потрошувач. Засега неколку компании, училишта, градинки,болници,  но и јавни институции  го користат гасот и сите имаат алтернативен систем за работа.

Дополнително, смирувачки делува и фактот дека и во случај  да се зголемат потребите на гас,  со мала интервенција на постојниот цевковод  количините да се зголемат дури и двојно. „Со промена на компресорската постојка, може да се удвои капцитетот на цевководот и земјава да добива и до 50 % повеќе гас од денеска“ вели Димитров.

Јужен поток или ТАБ – која опција е поисплатлива за Македонија?

 Во време кога земјава ги чека резултатите од физибилити студијата која треба да покаже дали кракот преку кој треба да се поврземе со Јужен поток е исплатлив, но и кога се проблематизира самата изградба на мега енергетскиот проект, во јавнста се  отворија дилеми за алтернативно снабдувањето со гас.

Откако домашната експртска јавност без двоумење го впери прстот кон ТАБ, премиерот Никола Груевски обелодени дека уште пред две години при посетата на Азербејџан, добил зелено светло од  претседател и првите луге кои ќе го градат ТАП и земјава уште тогаш била мапирана на трасата на транс јадранскиот гасовод.

„Паралелно работевме и на приклучок кон Јужен поток и ТАБ. Повеќе опции, поконкурентна цена“ рече премиерот Груевски, но не објасни како ќе се приклучиме.

Познавачите коментираат дека две опции се во игра кога е во прашање азербејџанскиот гас и тоа : да се приклучиме со крак, по моделот на јужен поток, или пак да се позиционираме како транзит земја која ќе биде снабдувач за соседите. „Првата причина зошто транс јадранскиот гасовод е реална опција е затоа што ТАП поминува само на 42 километри од Македонско – Грчката граница - грчката граница, за разлика од приклучокот за Јужен поток кој е  проектиран на 300 километри од Македонско српската граница и за кој сеуште нема потврда за финасиката исплатливост. Втората причина, е што ние имаме  изграден нафтовод на релација Скопје - Солун, и со самото тоа има експропрано земјиште и нема да имаме проблеми со  имотно правни односи. Трето, во просторниот план на државата имаме втемелен енергетски капацитет нафтовод, кој што многу малку се разликува и со мало дополнување може да се вметне гасоводот, кој ќе биде транзитен. А тоа е клучната разилка мегу крак и транзитен гасовод со количини за Македонија, која ќе ги  снабдува и Косово и Србија и ако сакаме да дозволиме и крак кон Бугарија.“ објаснува Андреевски.

Без оглед на реализацијата на Јужен поток, кој на земјава и нуди руски гас,  ТАБ освен што се нуди како втора алтернатива, отвара можност и за дополнителен економски ќар.Но, сега политикиот естаблишмент е пред предизвик . На тест ќе биде умешноста на економската дипломатијата  да ја позиционира клучната траса на транс јадранскиот гасовод и од земја  со незначителна потрошувач на гас, да станеме транзит земја за азербејџанскиот гас.



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива