портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Балканска развојна банка за финансирање на регионалната инфраструктура
септември 2014



Развојната банка која ќе финансира регионални инфраструктурни проекти, може да биде клучот за економско зајакнување на регионот. Во време кога расте потребата за финансирање капитални инвестиции во регионални инфраструктурни проекти, економистите сметаат дека една ваква финансиска институција може значајно да придонесе за економскиот развој на регионот. Идејата што засега е само предлог, ќе значи сите земји од регионот да вложат почетен капитал и сите да одлучуваат за приоритетите за финансирање. Во друга фаза преку оваа банка ќе може да се поврзат и повеќе други финансиски институции од земјите што ќе учествуваат во формирањето.

Бизнисмените со кои разговаравме велат дека е добро да има евтини извори на финансирање, а банкарите се категорични дека ако е поставена на добри темели, оваа финансиска институција може да биде соодветно дополнување на поддршката која и домашните банки ја даваат за капитални проекти. Kлучни инфраструктурни инвестиции кои и сега се реализираат во Македонија и во регионот се финансираат најмногу со странски кредити издадени со поволни камати.

Секоја земја еднаков удел

Балканската развојна банка всушност не би била замена за светските и европските слични институции, но може да овозможи попродуктивно определување на регионалните инфраструктурни приоритети и веројатно полесно одлучување во врска со нивната операционализација.

- Сметам дека е важно во една таква институција на балканско ниво, да нема квоти или можности за вето, туку секоја земја да има рамноправен статус во одлучувањето, а секако и еднаков удел во почетникот капитал. Од голема полза ќе биде и ако Светската банка или Европската банка за обнова и развој се јават како ментори на институционалното поставување. Сметам дека за почеток е доволно ако целта на банката биде да финансирање на инфраструктурни проекти од регионално значење. Но индиректно банката би придонела за поголемо регионално поврзување на други полиња (банки, инвестиции и сл.), со оглед дека таа ќе биде и една форма на форум каде што би се среќавале регионалните лидери за да разговараат за економски прашања, вели професорот Марјан Петрески кој всушност прв проговори за оваа идеја.

Истражувања на финансиските пазари покажуваат дека во услови на голема потреба од свеж капитал и многу нереализирани проекти, ова би било добро решение за Западан Балкан.

Српскиот аналитичар и новинар Миша Бркиќ за „Дневник“ веќе посочи дека станува збор за одлична идеја. Во Србија веќе се испитува можноста како да се постави таа институција и колку може да функционира.

- Таква развојна банка треба да биде чекор напред. Од неа би се финансирале значајни инфраструктурни проекти. Се разбира формирањето би било сложено, но секако ќе биде од полза. Ние како држави имаме многу наталожени економски проблеми – неразвиена патна и железничка инфраструктура, затворени сме и слабо пробиени на пазарите. Ни следува многу работа, но мислам дека заедничкиот настап би придонел за зголемување на довербата и се разбира ќе донесе повеќе вложувачи. Поразвиен регион ќе привлекува инвеститори во сите земји, вели Бркиќ, економски уредник во „Нови магазин“.

Свежи пари

Според домашните бизнисмени, секој обид за носење свеж капитал до домашните компании кои потоа ќе може да инвестираат во регионални преокти е добар. Тоа според нив брзо треба да ја раздвижи националната економија, се разбира и регионалната развиеност, со што ќе се зголеми и атрактивноста меѓу странските инвеститори.

- Секој вид банка која ќе нуди свежи пари за бизнисот ќе биде од полза. Секогаш има потреба од евтини кредити. Само треба да биде поставена на здрави основи, точно да се знае како ќе финансира и многу важно е каматите да бидат ниски, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор на „Бучим“.

Kлучни инфраструктурни проекти што сега се реализираат во земјите од регионот се финансираат со пари од странски финансиски институции и банки кои нудат евтино финансирање. Во последниот период значајно е финансирањето од Kина. „Дневник“ веќе пишуваше дека првите во земјите од регионот, кинеските пари влегоа во земјава, а со заем од тамошната Ексим банка од околу 580 милиони евра се градат новите автопати Миладиновци-Штип и Kичево-Охрид.

Освен во Македонија, кинески фирми во последната година станаа главни изведувачи на големи инфраструктурни проекти и во Србија, Црна Гора, Хрватска, финансирани со заеми од државните кинески банки, што е главен услов за да се одобри кредитот. На балканот од Kина досега се влезени неколку милијарди евра.

Александра Томиќ

Превземено од:

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=0531CFB9ED21A54BBB776EE94380143A

Коментари
Нема коментари.
 
Архива