портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Деформација на економскиот-дефлорација на правниот систем
јануари 2014

КАПИТАЛ: 15. 11. 2013 – ЕДИЦИЈА 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ВО ИЗБОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА И ИЗБОР НА 50 НАЈПРОФИТАБИЛНИ

 Анализа на „Фазан“

...како  дилер и сервисер на возила, како што на пример е Макаутостар,  станал  специјалист и за промет со електрична енергија, TRADE OF ELECITRICITY,  и остварил 1.5 милион евра профит и без ниту еден вработен...


Деновиве, како и секогаш на крајот од една календарска година, се резервирани за  анализирање и рангирање  на деловните резултати во стопанството од минатата година.  Едни  агенции прават избор на 50 најуспешни,  други на 200 најуспешни компании. Податоците, резултатите од истражувањата и од рангирањата го  привлекуваат вниманието. Тоа особено се насочува кон фактите кои економските аналитичари ги упатуваат во насока на на анализирање и утврдување на елементите кои упатуваат на констатираното рангирање - дали  и со какви квалитативни елементи се сврстуваат во 50, односно 200 најуспешни компании.

Не треба многу мудрувања и во двете рангирања да се воочат нелогичности кои упатуваат на деформација на правниот поредок особено кој на некои компаии им омовозможуваат да се најдат на скалата на успешните а при тоа де не содржат квалитативни економски параметри кои природно и би и го обезбедиле местото меѓу најуспешните.

Нето приход, профит без вработени, профит од нерегистрирана дејност:

Посебно вниманието го привлекуваат некои компании со висок нето приход, а без ниту еден вработен, или фирми регистрирани за една  дејност, а профитот ги остварила од сосема друга дејност.

Еве што како нелогично особено паѓа в очи кога се анализираат податоците од Централниот регистар:

Меѓу највпечатлива за анализа се истакна Друштвото за трговија на големо и мало МА ТРУСТ ДОО Скопје, регистрирано во Централниот регистер на РМ на 8 мај 2012 со основачки влог од  3 милиони евра, од кои 2.550.000 евра  од странски основач и со 450.000 евра домашен содружник.

Друштво за трговија на големо и мало МА ТРУСТ од Скопје, по десетина дена од основањето,  на 18.05.2012 го купил  МАКАУТО СТАР- познат како Мерцедес,  со сиот имот залиха и капитал, за цена од околу 350 илјади евра.

Кога се анализира оваа промена на сопственоста  на Макаутостар, како нелогично особено паѓаат в очи и го  привлекува внимание два податока: потценетата цена  за само 350.000 евра и, особено, како дилер и сервисер на возила, како што на пример е Макаутостар,  станал  специјалист и за промет со електрична енергија, TRADE OF ELECITRICITY, и остварил 1.5 милиони евра профит и без ниту еден вработен, дали, на кој и на каков тендер и со која референтна листа се јавил на јавни тендери  е прашање за други служби.

Овие информации веќе станаа предизвик за економските аналитичари во печатот, а не ги оставија рамнодушни и конкурентите кои сакаат да се запознаат со тајните на овој феномен,  како  со 0  вработени,  без залиха, за  само 7 месеци, да  оствари  2,5 милиони евра од консултантски услуги, а дилерот и сервисер на Мерцедес 1,5 од продажба на електрична енергија. Тоа е за 2012, а за тековнава треба да се види. Веројатно, ова друштво и натаму  успешно ќе ги користи погодностите и комодитетот што си го обезбедиле.

Ако  се склопи мозаикот преку јавните податоци, ќе се видии дека најверојатно станува збор за еден играч, Зоран Марковски, кој всушност би бил главниот,  а кој сега се јавува  како косопственик и управител на двете фирми: МА ТРУСТ И МАКАУТОСТАР.

Ова е само еклатантен пример за деформациите на правниот поредок во економијата кој ја дефлорира правната, а со тоа и економската логика при вреднувањето на успешноста на компаниите. Оваа нееднаквост на пазарот, привилегите на едни за сметка на други компании, поточно на нивни оснивачи и играчи на пазарот, упатените велат е резултат на политичко-бизнис интереси кои создаваат политички монополи што го дрогираат пазарното работење и слободната конкуренција.

Од тие причини, еве само преку еден пример може да се констатира и нелогичноста и нецелисходноста од правење годишни листи за рангирање на „најуспешните“ кога во текот на годината нив практично ги режираат други „сила“, очигледно моќни политички монополи кои пак немаат ништо заедничко со економијата. Па сепак, од тие позиции, го имаат огромното влијание токму врз нелогичните економски текови во земјата.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива