портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Државните јасли се билдаат-државата на шкрги
декември 2013
Соња
Т.Јанковска
По партиски или по роднински врски, секој се бори да седне во адиминистративната фотелја. Ако се спореди бројката на администрацијата од 162.000 државни службеници со бројката во приватниот сектор каде работат нешто повеќе од 488 илјади луѓе, тогаш односот е дека на тројца вработени во приватниот, има еден вработен во државниот сектор.





Предновогодишно државните јасли се отворија за нови вработувања. Во тек се се огласи за вработувања над 250 државни службеници во неколку  министерства, 141 вработувања по Рамковен договор во Владата, а тече и огласот за над 400 полицајци во Министерството за внатрешни работи. Во меѓувреме се спроведува и распределбата на оние 1.600 лица од социјално загрозените категории кои влегоа на огласот од Јавното претпријатие Македонски шуми. По партиски или по роднински врски, секој се бори да седне во адиминистративната фотелја.

Дали бранот нови вработување е реална потреба или вообичаен чекор на власта во период кога на политичката сцена се погласно се зборува за предвремени парламентарни избори? Дел од експертската јавност постојано укажува, дека власта под превезот на различни вработувања во администрацијата кои наизглед згрижуваат одредени социјални категории, неиздржливо го билда државниот сектор, кој потоа на секои избори го држи во рака.    

И додека јавната администрација се полни, останува проблемот со нејзината ефикасност или неефикасност. На терен, гломазната администрација не значи и “гломазна” ефикасност. 

Анализите покажуваат дека од земјите во транзиција, Македонија е на листата со најбројна администрација, за која од државниот буџет се одвојуваат нaјмногу пари. Од 1999 година до 2010 година јавната администрација е зголемена од 64.000 на 122.000 вработени, што е повеќе од двојно. 

Иако јавно не се обелоденува бројката на државните службеници, ако се сумираат статистичките податоци за состојбата на пазарот на труд, се доаѓа до бројка од над 162.000 лица вработени во државните ,општествените фирми, мешовитите фирми, администрацијата. Но тука се и вработените по Рамковен договор, кој седат дома, а земаат плата. Најголем е бројот на државни службеници во јавната управа, социјалното осигурување и одбраната. Владата како што ја зголемува бројката на администрацијата, така постојано најавува и реформи за зголемување на ефикасноста на службениците. Неодамна премиерот Никола Грувески пред повеќе од 3.000 директори, раковидители, службеници и бизнисмени, го промовираше новиот проект за ментална етика.

Најголемата реформа која е потребна е реформата на личниот однос, чувството на лична одговорност, волјата коректно и професионално да се сработи обврската и задачата која произлегува од работносто место, менталната матрица на луѓето, или ако сакате филозофија на размислување и делување во овој исклучително значаен сектор. Странските консултанти се прашуваат како сме се сетиле да регулираме со закон превенирање или казнување некоја појава за која во нивните држави никој не се сетил да ја направи, а камоли да ја стави како дел од казнена одредба во закон, и дека таквото однесување е дел од општоприфатените етички норми и општа култура во нивната земја. И не случајно, нашите закони имаат многу повеќе детаљи, а нивните се многу поопшти, изјави премиерот на Владата на РМ, Никола Груевски, пред два месеци.

Но, од друга страна наспроти напорите и реформите, домашната експертска јавност постојано предупредува на гломазната, но трома администрација и потребата од нејзина професионализација. Дополнително, во речиси секој извештај на Европската Комисија, Брисел има сериозни забелешки за ефикасноста на администрацијата. Во последниот извештај, ЕК повторно констатираше дека се потребни дополнителни напори.

 Во јавната администрација, генерално, продолжува работата на новата законска рамка за вработувањето во јавниот сектор, што треба да ги обедини правилата и основните принципи на транспарентност и заслуги. Потребни се дополнителни напори за да се гарантира професионализмот и независноста на јавната администрација, стои во последниот Извештај од ЕК.

На потребата од итна реформа во администрацијата, укажа и евроамбасадорот Аиво Орав. Тој изјави дека Европската Унија е свесна за партиските вработувања во државната администрација во земјава.

Реформите во администарцијата се многу важно прашање не само во вашата земја туку и во поширокиот регион, во сите земји кандидатки. Ние како ЕУ обрнуваме големо внимание на ова прашање. Тоа беше спомнато и во последниот Извештај на ЕК, администрацијата беше едно од главните прашања во дијалогот на високо ниво и само можам да потврдам дека ќе посветиме големо внимание на ова прашање  и ќе и помогнеме на владата онолку колку што можеме, изјави евроамбасадорот Орав.

Додека вработувањата во администрацијата се континуиран пораст, приватниот сектор дише на шкрги. Ако се спореди бројката на администрацијата од 162.000 државни службеници со бројката во приватниот сектор каде работат нешто повеќе од 488 илјади луѓе, тогаш односот е дека на тројца вработени во приватниот, има еден вработен во државниот сектор. Стопанствениците кои редовно ги сервисираат обврските кон државата, се се погласни, да се престане со билдањето на јавната администрација и да се стимулира вработувањето во приватниот сектор.

Официјалните податоци од Агенцијата за вработување, покажуваат дека во земјава над 224 илјади невработени. Од нив   41,6 % активно бараат работа, а 58,4% се пасивни баратели на работа. Според бројките, приватниот сектор, пријавил 6.244 слободни работни места, а над 95 илјади лица бараат работа. Тоа значи дека за едно работно место во приватниот сектор се борат 16 невработени. Биснисмените постојано апелираат , државата наместо вработувања во државната администарција, да обезбеди одредени поволности за оние компании кои ќе вработат нови кадри.

Владата понуди неколку пакет мерки за намалување на невработеноста, како кредити за самовработувања, финансирање на нововработени во фирмите, субвенционирање на вработување на социјални случаји. Дали мерките ќе го дадат очекуваниот ефект,  допрва ќе се анализира. Но она на што упатува и експертската јавност и стопанството, е да запрат вработувањата во државните јасли, а владата да се сврти кон приватниот сектор кој го полни државниот буџет, касата од која понатаму се финансира јавната администрација. Со годинешниот буџет, за плати и придонеси за административците се одвоени околу 370 милиони евра, за следната година 384 милиони евра. Сепак и покрај најавите за зголемување на платите од 5%, Владата одлучи до година  платите за државните службеници, да останат замрзнати, но не и вработувањата администрацијата.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива