портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Развоен или предизборен буџет - за што се` владата ќе троши
ноември 2013
Марина
Узунов
Ако се анализира расходната страна, најмногу пари од буџетот ќе се потрошат за социјални трансфери и тоа 1,2 милијарди евра,  за плати ќе се одлеат 384 милиони евра, а капитални расходи се тешки 364 милиони евра...Но за да ги потроши, државата прво мора да ги има парите.


Буџетот за 2014 влезе во собранието. И на самиот почеток ги разбуди духовите од минатогодинешниот 24 декември. Пред стартот на расправата премерот Груевски повика инцидентите да не се повторат, со надеж дека опозицијата извлекла поука од минатото. „Не посакувам и се надевам дека нема да се повторат настаните и опозицијата ќе има доволно свест и разум и ќе извлече поука од минатото“ изјави Груевски, ден пред стартот на расправата.

А отварањето на досега најтешката буџетската каса од 2,9 милијарди евра, донесе очекувано жестока дебата во матичната комисија за финасирање и буџет.

Опозицијата тврди дека станува збор за кукавички и предизборен буџет скроен за да купи уште еден мандат на актуелната власт на следните избори. Наспроти тоа, владат тврди дека  државната каса е скроена по развоен терк  и ќе претставува  логистика за посилен и побрз економски раст догодина.

„Верувам дека буџетот ќе помогне да се оствари посилен и позабрзан економски раст, но и да се обезбедат подобри услови за сите граѓани  каде ќе се ралзираат  капиталните инвестции, инвестициите во земјоделието, подобри услови за пензионерите“ изјави Зоран Ставрески, министерот за финасии.

Наспорти министерот Ставрески, опозициската СДСМ тврди дека буџетот ќе произведе нови социјални случаи и долгови. 

„Овој буџет е буџет на сиромаштија, буџет на апатија, буџет на украдена иднина и на нови долгови. Ова е буџет со кој што владата ќе се обиде со уште едни големи расходи да ги купи наредните избори и да ги одоброволи граѓаните“ обвини Маријанчо   Николов од СДСМ.

И додека најголемите политички партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се распрваат и си префлраат која влада повеќе направила за народот, за албанската опозиција и овој буџет, шести по ред, е дискриминаторски и антиалбански. Бараат 1/3 од буџетот да е за изградба на патишта, канализација, амбуланти, за во региони каде што има доминантно албанско население.

„Министертвото за транспорт и врски има одвоено 320 милиони денари за автобуси. А овие автобуси не одат ни во Куманово, ни во Тетово, ни во Липково, ниту пак во Струга – сите пари се за јавното претпријатие во Скопје“ рече Беким Фазлиу од ДПА. За министерот Ставрески  нема етнички проекти, владата реализита проекти за  сите граѓани.

„Не разбирам како може да ги квалификуват проектите на национална основа. Албанците не ги користат автобусдите во Скопје, ниту пак болниците ни новата опрема во нив? Ако се во главниот град значи дека се наменети за сите и за македонци, албанци, турци, бошњаци и срби..“ одговори Ставрески.

Покрај предлог- буџетот за 2014 година, на дневен ред во матичната комисија за финасирање и буџет се и 684 амандмани, од кои половина се на опозициската СДСМ, дел на партијата на Руфи Османи, ДПА, НСДП.. Опозицијата, меѓу другото  бара пари за попис и за преокти каде има доминатно албанско население.. За сите овие ставки, според последните измени на деловникот – пратениците имаат 10 дена рок да дебатираат.

Владата со оптимистички очекувања за економската 2014, стопанство треба да испорача раст на бдп 3,2 %

Сумата која владата планира да ја потроши во 2014 е за 7% поголема од овогодинешната. Станува збор за досега најиздашниот буџет во кој според проекциите државата  ќе потроши приближно 2,9 милијарди евра, а планира да собере 2,5 милијарди евра. Минусот во државната каса ќе се финаира од странски и домашни задолжувања и е на ниво од овогодинешните 3,5 %. Но, ако се анализира во апсолутна бројка – парите предвидени за буџетскиот дефицит се зголемени и изнесуваат  300 милиони евра.

БУЏЕТ ЗА 2014

Расходи    2,875 милијарди евра

Приходи   2,5 милијарди евра

____________________________

               - 300 милини евра

Овие параметри се проектирани врз основа на очекувањата  стопанството да испорача економски раст  3,2%.  А како клучен генератор се посочуваат капиталните инвестиции кои според предлог буџетот се на ниво од  365 милиони евра. Дополнително, силно влијание треба да има и домашната потрошувачка, која се очекува да се зголеми како резултат од надминатата економска криза. Инфлацијата е позиционирана на 3, 3 %

Јавниот долг  ќе остане во безбедната зона. Министерот за финасии Ставрески уверува дека и следната година ќе останеме во групата на најниско задолжени земји. Но, според проекциите  во следните години јавниот долг на централната влада ќе расте, заклучно со 2016 треба да достигне ниво не повисоко од  37,6%.

Од каде 2,9 милијарди евра и за што ќе се трошат?

Во предлог – буџетот пишува дека владата  ќе продолжи со политика на дисциплинирано трошење на државните пари. Како клучни проекти кои ќе стартуваат со реализација догодина се автопатите на исток и запад Миладиновце – Штип и Кичево – Охрид. Проекти кои ќе се финасираат со кредтно задолжување од кинеската ЕКСИМ банка и тоа 90 % од вкупната финасика конструкција, додека останатите 10 % се обезбедени од јавното претпријатие за државни патишта.

Стопанствениците, позитивно ги оценија најавените инфраструктурни инвестиции. Дел од нив забележаа дека – се доцни со изградба на стратешките  инфраструктурни проекти.

„Секако овие работи не се едноставни и за нас представуваат процеси. Но според нас, тоа се процеси кои требаа многу порано да се почнат, затоа што требаше навреме да се анализира она што бизнисот го имаше детектирано “ изјзви Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Ако се анализира расходната страна, најмногу пари од буџетот ќе се потрошат за социјални трансфери и тоа 1,2 милијарди евра,  за плати ќе се одлеат 384 милиони евра, а капитални расходи се тешки 364 милиони евра.

Нема да има нови вработувања во јавната администрација, но сепак ставката за исплата на плати за постоечкиот државен апарат е зголемена. Во буџетот се вкалкулирани  зголемувањето на пезиите и платите за 5 % од март, односно октомври.

Но за да ги потроши, државата прво мора да ги има парите.  Дел од 2,5 милијарди евра – колку што е планирана приходната страна ќе се  инаксираат од даночни и неданочни приходи...Само по основ на даночни приходи и придонеси, државата планира да собере 135 милиони евра повеќе од годинава.  Додека од  такси, казни, глоби  државата планира да инкасира 19 милиони евра повеќе од годинава.






 

Коментари
Нема коментари.
 
Архива