портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Нема договор со Грција и ЕУ!? Има ли Македонија Алтернатива на исток?
октомври 2013
проф. д-р Јове
Кекеновски
Не, апсолутно не се согласувам со нивната констатација туку тврдам дека сме на прагот на решавање на спорот со името. Би сакал тоа да е географска одреденица, но без навлегување во нашиот идентитет, јазик, култура и без менување на уставот.

И секако дека доколку бараме алтернатива во случај на наше невлегување во ЕУ и НАТО ни останува само Турција како една од најголемите воени и економски сили на овој дел од светот.







 Уште на почетокот на овој текст би сакал да бидам прецизен и јасен, како и многупати досега, дека шансите за наш прим во ЕУ сеуште не се изгубени и покрај тоа што деновиве медиумите известувајќи за средбите во Њујорк помеѓу нашите и грчките политичари со посредство на челниците на ОН, раширија невиден песимизам. Впрочем сигурно дека најголеми виновници се самите политичари кои во своите јавни изјави децидно (само навидум) останаа на своите стари позиции. Меѓутоа повеќе сум од сигурен дека овие изјави се наменети само за домашната јавност, додека во меѓувреме се позасилено се одвиваат преговорите за изнаоѓање на компромисно решение. Како потврда за овој мој став говорат случувањата и фактите дека пред и по средбата на министрите Поповски и Венизелос се одржаа повеќе средби кои беа и се во таа насока. Најнапред во Њујорк се одржа средба на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун со грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, кој ја предводеше грчката делегација на годинашното Генерално Собрание на Обединетите нации. Ден потоа комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, се сретна со посредникот на Обединетите нации за грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц, со намера да се информира за динамиката на преговорите и секако да даде одредени упатства. Истиот тој Филе на 26.09.2013 година во Њујорк се сретна со шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои беше и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. На крајот следуваше говор на премиерот Никола Груевски на Генералното собраните на ОН како и негова средба со Бан Ки Мун на кој се се разговарало за активностите на Република Македонија во рамките на Обединетите Нации, соработката во остварувањето на поставените цели, и за процесот на разговори помеѓу Република Македонија и Република Грција и за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение околу наметнатиот спор помеѓу двете земји. Во прилог на мојата констатација се и изјавите на еврокомесарот Филе дека е ,,дојдено време спорот да се реши” како и спремноста на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун да посредува за средба на највисоко ниво помеѓу македонскиот и грчкиот премиер и директно негово лично вклучување во процесот на изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.



И замислете сите овие случувања на само помалку од еден месец до лиферувањето на најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите и сега некој(и) самонаречени аналитичари ќе зборуваат за пропаѓање на преговорите!!!. Не, апсолутно не се согласувам со нивната констатација туку тврдам дека сме на прагот на решавање на спорот со името. Би сакал тоа да е географска одреденица, но без навлегување во нашиот идентитет, јазик, култура и без менување на уставот. Освен нашиот прием во ЕУ и рамноправна членка на НАТО алијансата чинам дека во овој момент и при една ваква геостратешка политика која ја водат големите сили ние немаме друга алтернатива, а најмалку онаа за наше свртување кон исток. Невлегувањето во ЕУ и НАТО алојансата само ќе ги зголеми апетитите и ќе ги забрза активностите на албанскиот политички фактор за и de jure воведување на функционална федерација, за да потоа крајот биде повеќе од извесен.



Зошто нашите шанси за свртување кон исток, според мое размислување, засега се сведени на нула?. Тука постојат како внатрешни така и надворешни причини. Од внатрешните причини би ги издволил несакањето на албанксата етничка заедница која во нашата држава се издигна како втор конститутивен и паралелен елемент да имаме поблиски врски со Русија поради стравот дека Русите се тие кои би ја спречиле реализација на нивната вековна идеја за Голема или природна Албанија. Втора причина е немањето на општа согласност кај македонските политички партии за поблиски односи со Русија. Трето е фактот дека голем дел од нашите политичари за сиве овие години додека траеше трансформацијата на Русија беа песимисти и не веруваа дека по распадот на СССР, Русија ќе се врати на голема врата на политичката сцена и ќе биде еден од главните креатори на картата на светот и на глобалните политички односи и случувања. Четврто, ниту една политичка партија и ниту еден политичар се досега не успеваше или несакаше да го види значењето и влијанието на Русија за овие простори, прво, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН и нејзината ,,приливегирана позиција” како резултат на тој нејзин статус, второ, историската, културната и политичката поврзаност на Русите со народите со православна исповест и традиција на Балканот и трето, нејзиното растечкото економско значење и влијание врз државите во овој регион бидејќи Русија се јавува како најголем снабдувач со енергија, но и како сериозен инвеститор и трговски партнер.



Од надоврешните причини како најважна би ја споменал немањето на некој посебен интерес на Руската Федерација за Македонија. Имено Русија во средината на месец февруари 2013 година по четвртпат од распаѓањето на СССР ја усвои најновата надворешно-политичка концепција. Со овааа концепција и официјално се потврди дека стратегијата и приоритетот на Русија во иднина на политички, економски и безбедносни основи се пост-советските територии со крајна цел создавање на функционални институции кои би биле пандан на западните сили кои сеуште се соочувааат со финансика и политичка криза. Во оваа стратегија, која во голема мера и продолжение на стратегијата и концепцијата од 2008 година, на второ место по приоритет се неколку земји во ЕУ и тоа: Германија, Франција, Холандија. Италија и Велика Британија, а трет приритет е интересот за Арктикот и подобрување на односите со Грузија. На земјите од Југоисточна Европа каде и припаѓа нашата држава, во овааа концепција посветено е мошне мало внимание и тоа во смисла на интересот на Руската Федерација за Балканот како регион од стратешко значење како важен транспортно инфраструктурен крстопат за допремување на гас и нафта во разни делови од Европа и тука повеќе се мисли на Србија и Бугарија отколку на Македонија. Од оваа концепција станува јасно колку нашата држава е интересна за Руската Федерација.



Што се однесува до нашето свртување кон другите сили како на пример Кина и Индија и Турција моето размислување е следно. Со НР Кина идната соработка на политички план ја гледам во насока на продолжување на досегашната отворена комуникација и координација по прашањата од агендата на Обединетите Нации. Имено НР Кина како членка на ОН и една од петте постојани земји - членки на Советот за безбедност, досега постојано во континуитет и мошне искрено ни ја дава поддршката за сите наши надворешно-политичките активности. На економски план ќе биде добро ако успееме да добиеме дел од десетината милијарди долари, средствата која НР Кина има намера да ги даде за поддршка и зајакнување на економската соработка со земјите од Централна и Југоисточна Европа иако досега нејзините поголеми инвестиции се на териториите на Полска, Хрватска, Бугарија, Чешка, Литванија, Србија, Словачка и Унгарија. Поголеми кинески инвестиции во нашата држава не очекувам во догледно време пред се поради нашиот мал пазар. Со Индија ситуацијата не е розова поради факт што идиските бизнисмени (освен ако не го сметаме Субрата Рој, за кој што сеуште не знаеме што ќе се случува во неговата држава со веќе покренатите судски постапки) не покажаа некој посериозен интерес за нашата држава и тука воопшто не гледам можност ние освен куртоазно негување на воспоставените пријателски односи да соработуваме на поширок политички економски па и безбедносен план.



И секако дека доколку бараме алтернатива во случај на наше невлегување во ЕУ и НАТО ни останува само Турција како една од најголемите воени и економски сили на овој дел од светот. Република Турција како ниту една друга држава на овие простори со сите сили, јавно и транспарентно ја поддржува нашата заложба да станеме полноправен член на евроатланското семејство, за која се залага и тааа долги години. Меѓутоа кога се работи за размислување за наше целосно свртување кон Турција во случај на несупех на евроатланскиот интеграционен процес треба да се имаат на ум неколку факти. Со доаѓањето на власт на Таип Ердоган и неговиот близок соработник Ахмет Давитоглу имаме отстапување на политиката на турските власти од двата принципи на таткото на современа Турција, Кемал Ататурл, а тоа се прозападниот и антиревизионистичкиот принцип. Турција денес јавно промовира и вешто ја реализира идејата за реисламизација на Турција и за нејзина се поголема улога на Балканот. Како што велат поголем број на аналитичари целта е создавање на нов Балкан кој ќе биде поинакво опкружување за Турција. Оваа доктрина не е суштински нова доктрина, туку таа е заокружена современа програма за операционализација на неоосманлиската надворешна политика усогласена со изменетиот меѓународен политички момент. За потсетување дека во текот на последниве десетина години во Туција постојано се води една тивка војна помеѓу кемалистичката и исламистичката идеологија. Приврзаниците на вторава сметаат дека исламистичката идеологија има поголеми предности над кемалистичката и може да биде реална алтернатива на прозападната политика и организација на државата.



Во оваа нова турска политика кон Балканот значајно односно централно место зазема Република Македонија. Мора да се има на ум дека во новата политика наречена ,,неоосманилизам” има за цел сите проблеми со соседите да се сведат на нула и Турците да се ,,грижат” за сите народи на Балканот, каде посебно место имаат Албанците и Босанците. Во политика наречена неоосманлизам главната турска геополитичка артерија е зацртаната линија Бихаќ-Тракија каде на средината на линијата се наоѓа Република Македонија. Нашата држава е клучна за реализација на зацртаната турска политика бидејќи ја раздвојува Србија и Грција. На Турција нема да и биде сеедно доколку во некоја нова идна констелација на односи дојде до некое поврзување помеѓу Грција и Србија. Од друга страна исто така Турците настојувааат да ја оживеат идејата за изградба на нов пат „Виа Игнација“ пат изграден во римско време кој во минатото ги спојувал Драч и Истанбул и поминувал низ Македонија.



И покрај тоа што за некои политички аналитичари оваа доктрина е политички сентимент додека за други е империјална аспирација, Турција упорно ја спроведува во пракса својата доктрина. Покрај декларираната заложба на Турција за продлабочување на регионалните интеграции и истовременото инсистирање на мултикултурноста, верската толеранција и економската соработка, сепак во позадината е желбата на земјите од Балканот, посебно на поранешните југословенски држави, да им се даде до знаење дека покрај ЕУ и Русија постои и трета алтернатива, а тоа е Турција. Исто така и покрај тоа што Турција води своја сопствена политика сепак мора да се земе во предвид дека таа е членка на НАТО алијансата и дека има добри односи со САД. Секако дека во позадината на оваа нова турска политика за доминација на Балканот е заедничката желба на двете сили да се спречи се поголемото влијание на Русија во овој дел од југоисточна Европа.



И сега во една ваква ситуација Република Македонија се наоѓа помеѓу чеканот и наковалната или што би рекле со народен јазик ,,угоре високо, а удолу длабоко”. И оттаму во ниту една момент не смеемe да размислуваме за скршнување од веќе прикрај изодениот евроатлански пат, но притоа да водиме сметка да не ги пречекориме нашите црвени лини.
Коментари
Нема коментари.
 
Архива