портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
На исток или на запад - каде Македонија да го бара својот економски интерес
август 2013
Анета
Додевска
Сумираните податоци за лани покажуваат дека водечкие инвеститори доаѓаа од Австрија ( 66 милиони евра) и Велика Британија ( 16 милиони евра). Од евроазисиот регион со позначајна сума на инвестиции од 15 тина милиони евра  котира Турција. Со симболични суми на инвестирани пари во земјава се земјите од Истокот.





Западот се бори со рецесија, Истокот – прикажува раст. Новиот распоред на “ економските сили“ веќе ја отвори дилемата дали Македонија своите нови трговски и инвестициски партнери треба да ги таргетира во земјите од Централна Азија, Блискиот Исток и Југоистичниот Залив?

Соочени со силната европска конкуренција и намалената побарувачка на европските пазари,  бизнисмените веќе гласно коментираат дека треба  да се изгради стратегија за пробивање и за освојување и на источните пазари. Таму ја гледаат шансата за профит во време на криза.

Овие земји, Владата веќе ги стави на својата “роуд шоу“ агенда. Владини тимови, често предводени и од премерот Никола Груевски, веќе ги посетија Катар, Кина, Јапонија, Сингапур, Индија и Русија.

На почетокот од годинава, по престојот во Украина – прва дестинација со која стартуваа годинашните “роуд – шоуа“, директорот на Дирекцијата за Слободни економски зони, Виктор Мизо, изјави :

До средината на март очекуваме поконкретни средби со компании кои се пред донесување одлука за инвестирање во Македонија. Станува збор за компании од автомобилската индустрија, електрониката, чевларската индустрија од Америка, Западна Европа,Турција и Јапонија, изјави директорот на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Потенцијал за економска соработка со Казахстан препозна и претседателот Ѓорге Иванов при јулската посета на оваа брзорастечка економија. Од таму беа испорачани најави за инвестиции и соработка во на енергетиката, текстилната и фармацевстката индустрија, градежништвото и земјоделството. 

Во очекување на ефектите, ваквата промена на “стратегијата“ отвора две прашања : каков трговски бенефит би имала Македонија од соработката со земјите од Истокот и каков инвестициски ефект би донела таа соработка.

Засега, ниту во едниот ниту во другиот сегмент – нема оптимистички показатели.

Трговската соработка со земјите во Европа, Македонија ја реализира врз основа на  Договорите за слободна трговија или постапува во согласност со правилата и обврските преземени од Европската Унија.

ИНВЕСТИЦИИ ОД ИСТОК

“Ја сакам Македонија“ – дали оваа изјава на индиецот Субрата Рој е увертира за сериозни инвестиции или само експресија на емоции кон земјата во која е родена Мајка Тереза, некогаш личен пријател на Рој?

Во очекување на најавените инвестиции, мерењата на надлежните институции во земјава упатуваат на тоа дека  клучни инвеститори, според сумата на директни вложувања во земјава и натаму остануваат Европските земји. 

Сумираните податоци за лани покажуваат дека водечкие инвеститори доаѓаа од Австрија (66 милиони евра) и Велика Британија (16 милиони евра). Од евроазисиот регион со позначајна сума на инвестиции од 15 тина милиони евра  котира Турција.

Со симболични суми на инвестирани пари во земјава се земјите од Истокот. Еве колку вложиле во Македонија на годишно ниво ( 2012 та ) :

-Кина  10 илјади евра

-Хонг Конг  10 илјади евра

-Индија 30 илјади евра

-Либиска Арапска Џамахарија 110 илјади евра

-Украина 10 илјади евра

-Русија 560 илајди евра

-Македонија сега чека на две клучни инвестиции од Еворазискиот регион.  

Индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој тврдеше дека до сега во земјава веќе инвестирал 10 милиони евра ( кои официјално не се евидентирани како странска директна инвестиција, заклучно со април 2013 та година), најави инвестиции во туристичко-хотелиерскиот комплекс во Љубаништа, рестартирање на агрокомбинатот Џумајлија и отворање на “Боливуд“ во Македонија. 

Од Русија се чека “Јужен поток“ – инвестиција која треба да биде епилог од затворање на долгодоишниот клириншки долг на Македонија со некогашната Руска Федерација. Потпишаните меморандуми за разбирање меѓу двете земји, и по 7 години најави ветувања од актуелната власт, сеуште немаат разрешница.

ТРГОВСКА РАЗМЕНА СО ИСТОКОТ

Бизнисмените го сакаат Истокот, но две третини од трговската размена ја остваруваат со Западот. Земјите од Европската Унија и натаму котираат на високото прво место според уделот и во извозот и во увозот на Македонија.

Лани дури 63% од македонскиот извоз завршил на пазарите од Европската Унија. Голема е и увозната зависност на земјава од ЕУ – дури 58% од вкупниот увоз доаѓа тому од европското семејство.

Од друга страна, само 7,5 % од македонскиот извоз заршува на пазарите од земјите во развој, што укажува на тоа дека таму има сеуште неискристен потенцијал но и дека освојувањето не може да се реализра брзо и лесно, односно дека традиционалните трговски партнери на Македонија не можат лесно да се потиснат со освојување на источните.

„Во време кога традиционалните европски пазари се соочуваат со криза, пазарите од Централна Азија, Блискиот Исток и од Југоисточниот залив може да бидат потенцијални пазари за нашите производи. Овие земји се во одлична платежна кондиција и имаат побарувачка во однос на нашето производство, иако скромна но тоа се должи на взаемно непознавање. Токму тоа ќе биде нашата мисија во 2013 година, да им помогнеме на домашните бизнисмени полесно да ги освојат новите пазари.“, оценија неодамна од Стопанската комора.

Анализирано по земји, главен трговски партнер од Европа е Германија со која оставруваме трговска размена од 1,8 милијарди евра. Дури 75 отсто од македонскиот текстил завршува на пазарот во оваа водечка европска економија. На второ место е Грција со вкупна размена од 991 милион долари а на трето Србија со тргоска размена во вредност од 777 милиони долари на годишно ниво. 

Каде се земјите од истокот? Македонија и Кина на годишно ниво (2012 та) оствариле размена од 534 милиони долари , со Русија 394 милиони долари ( со минимална покриеност на увозот со извоз од само 9,2%), размената со Турција изнесва 390 милиони евра (покриеност на увоз со извоз 20,6%).

Економиите од Истокот воопшто не фигурираат на листата трговски партнери на Македонија.

ЕКОНОМСКА “ЛИЧНА“  КАРТА НА РАСТЕЧКИТЕ ЕКОНОМИИ

Додека за Европа, меѓународните финасиски институции предвидуваат лазачки стапки на раст и прогнозираат натамошна рецесија за оние “покритичните“,  економиите од исток ќе генерираат незапирлив раст на БДП.

Според најановиот извештај на Меѓународниот Монетраен Фонд, локомитива на растот во овој дел од светот ќе биде Кина, за која ММФ предвидува стапка на БДП од фантастични 8%.

Еве какви нивоа на економски раст ќе оставрат земјите од Истокот :

-Кина      8,0%

-Индонезија  6,3%

-Индија   5,7%

-Русија    3,4%

-Тајван    3,0%

До година, за овие економии ММФ предвидува уште поголем економски раст. Овие економии и во време на криза останаа во зоната на позитивен економски раст.

Регионот на Евроазија со нејзиното население, ресурси и силен економски развој, сега, во просек остварува 10 отсто раст на БДП на годишно ниво. Според преметките на светските аналитичари, до 2050 година, овој регионот се очекува да генерира 60 отсто од националниот доход во светот, што укажува дека економскиот потенцијал допрва ќе треба да се искористи.

Дали Македонија ќе успее да си обезбеди своја улога во оваа “источна приказна“, ослободувајќи се од зависноста на европските економии, допрва ќе се анализира. Она што е јасно е дека пробивот на овие пазари не е можен без целосна анализа и проценка на точно таргегетирани сегменти од пазарите на кои може да се обезбеди пласман, целосно запознавање на законската регулатива но и поагресивен настап не на владата, туку на самите бизниси и бизнисмени.





















































 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива