портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Македонско-руската стопанска комора - база за економска размена
февруари 2013
Дејан
Бишлиев
На голем број на македонските производи им се губи идентитетот, односно тие во банката на подтаоци во статистиките на институциите од Руската Федерација можат да се најдат под туѓо знаме. Тоа се случува поради користење на посредни извозници од Србија како најпогодна земја поради спогодбата за слободна трговија, но и од Бугарија која сепак нема спогодба за слободна трговија по влезот во ЕУ со Руската Федерација.







Македонска Руска Стопанска Комора од самото формирање до денес има за цел обновување, зајакнување и продлабочување на економските врски помеѓу македонското и руското стопанство со акцент на малиот и среден бизнис. Во таа насока комората, во овие осум години од активна работа ја креираше и својата генерална програма за работа. која од година во година се менуваше согласно искуствата и приоритетите. Сепак, главни задачи кои се константни во нашата работа се:

- презентација на комората пред стопанствениците и пополнување на регистарот на фирми членки со потенцијални фирми- членки од двете земји.

- посета на македонски компании заедно со Амбасадорот на Руската Федерација со цел презентирање на капацитетите на истите, и можност за започнување на меѓусебната соработка со компании од Руската Федерација.

Понатаму, комората работи на развој и унапредување на трговската и економкста соработка помежу компаниите од Република Македонија и Руската Федерација, развој на инвестициите меѓу фирмите на двете земји.

Во исто време, Македонска Руска Стопанска Комора е член на работната група за трговска економска соработка при меѓувладината комисија за научно-техничка и економска соработка каде со свои предлози и сугестии активно учествува во работата на комисијата. Комората активно работи на одржување на редовни контакти помеѓу бизнисот во врска со макеоднско-руската трговска размена како би се подобриле легислативите, во насока на поедноставување и зголемување на рускиот економски интерес во Република Македонија заради воспоставување на добра бизнис-практика и етика.

Секоја година нашата работа ја карактеризира и организирање на редовен годишен настан (јавна трибина). Досега се одржани шест трибини на разни теми и тоа: Деблокирање на македонските извозни потенцијали во Русија, Во ЕУ преку економска соработка со РУ, Сочи економска можност за македонското стопанство, Русија - предлози и сугестии за соработка, Регионите на Руската Федерација вистински потенцијал за македонското стопанство. На овие јавни трибини свое учество имаат и претставници на Амбасадата на РФ, Вице премиерот Зоран Ставревски кој воедно е ко-претседател на  македонско-руската меѓувладина комисија за научно-техничка и економска соработка,  претставници на министерствата и секако бзинис заедницата каде се разменуваат и мислења за присутните проблеми во практичното делување.

Македонска Руска Стопанска Комора во својата стратегија за соработка со Руската Федерација одреди две исклучително важни точки.

- Соработка со руските региони – досега имаме потпишана седум спогодби за соработка со комори од руски региони и тоа: Коморите на  Москва, Самара, Воронеж, Тољати, Сочи, Липецк и Ростов. Притоа се остварени и повеќе посети и остварени директни бизнис средби на стопанственици од двете земји како во Македонија така и во Русија. Притоа, сакаме да напоменеме дека најголем успех сметаме дека е потпишувањето на Спогодбата за соработка со Стопанската Комора на Руската Федерација, и конкретната соработка на полето на организација на бизнис форуми. 

- Учество на големите руски саеми каде е потребно присуство на македонските компании со цел презентација на маедонските потенцијали за соработка со компании од Руската Федерација. Комората досега успешно организираше осум такви саеми со учество на врвни македонски компании. Учеството беше на саемите во Москва и тоа: Саем за текстил CPM Moscow-Winter (2007) Саем за градежништво MOSBUILD (2008), Саем за храна зеленчук и овошје WORLD FOOD (2009,2010,2011 и 2012), вино (2009, 2012 и 2013) како и регионален саем на национални стопанства Ростов на Дон (2010).

Зошто е ова значајно?

Затоа што на голем број на македонските производи им се губи идентитетот, односно тие во банката на податоци во статистиките на институциите од Руската Федерација можат да се најдат под туѓо знаме. Тоа се случува поради користење на посредни извозници од Србија како најпогодна земја поради спогодбата за слободна трговија, но и од Бугарија која сепак нема спогодба за слободна трговија по влезот во ЕУ со Руската Федерација. Понатаму проблемите со транспортот односно немањето железничка и авионска врска се фактори за кои мора да се инсистира на поефикасно решение.

Ваквата состојба може да се смени само преку постојани средби и преговори за добивање преференци за македонските производи, но и преку субвенционирање на конкурентните производи кои ја губат битката само поради царинските стапки.

Кога ќе се погледнат нашите соседи од регионот станува јасно дека Република Македонија изгледа како осамен остров во однос на економската соработка со Руската Федерација, која да не заборавиме е член на групата Г8, притоа е економски лидер и главен играч во источноевропскиот регион. Во исто време бевме сведоци на огромни Руски инвестиции во регионот и тоа во Бугарија, Црна Гора и Србија.

Комората достави низа предлози во комисијата, но и во соработка со Министерството за економија изработи Проект за промоција на Република Македонија во Руската Федерација. Во овој проект пред се, посветивме поголемо внимание на регионите со кои Владата на РМ потпиша договори како што е Московската област (Македонска Руска Стопанска Комора со Одлука на Влада на РМ е задолжена на воспоставување на економски врски со оваа област)  или е во процедура на потпишување на договор за соработка.

Сето ова, не наведува кон заклучокот, дека можеби е дојдено време во Москва да се отвори канцеларија за економско лобирање кај потенцијалните руски партнери за создавање на мешовити компании, при што наш адут ќе биде нашата проевропска агенда и влезот во евроатланските сојузи. Во таа насока, најприоритено место во македонската надворешна трговија треба да завземе обновувањето и зајакнувањето на стопанските односи со Руската Федерација, која во последните години го свртува вниманието и на најмоќните економски гиганти како Германија, Јапонија, Кина и Сад. Според тоа, убедени сме дека Русија може да биде вистински стратешки партнер на Република Македонија.

Дозволете, на крајот да повторам дека основната причина за постоењето на Македонска Руска Стопанска Комора е таа да функционира како ефикасен стопански мост и субјект во процесот на остварувањето нови бизнис релации со Руските компании. Сметаме дека сите членови на оваа Комора, иднината на економскиот развој на нашата држава и стопанството, ја гледаат преку соработка со партенрите од Руската Федерација.
Коментари
Нема коментари.
 
Архива