портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Современа Русија, современ Балкан и Македонија
јануари 2013
амбасадор Трипун
Карапетров
Балканот во целина, Русија и нејзините експерти од највисок ранг, (Н. Нарочницкаја, П. Ескендеров, А. Гускова и многу други), го гледаат како пространство со замаглени политички  перспективи, поради скептицизмот за опстанокот и успехот на Европската Унија  кон  која се орјентирани сите балкански земји. И како таков, Русија е заинтересирана за свое присуство  (политичко, економски, културно..) на Балканот, со иста  мера, колку што се САД и ЕУ заинтересирани за истиснување на Русија од балканскиот прострор.



 “Русија со чекори не може да се измери и со човечки ум да се разбере“.



Русија не е само голема војна сила, туку и политичка, научна, културна, спортска  и економска - со огромен стопански потенцијал. Низ вековите историските услови  направиле од неа да остане богата а  неразвиена, со  сиромашни жители, индустриска земја со колонијални стопански карактеристики (во структура  на нејзиниот извоз доминират (со 70%) сировините, енергетските горива и репроматеријалитеа, а машините и опремата – производи со висок степен на обработка учествуваат со 15 -20%). Русија во последните децении на минатиот век живееше во услови на  крајно заострени внатрешни противречности и апсурди – огромна теритерија (17 млн.км 2) а мала за граѓаните (лимитиран простор на движење), силна, а плашлива (со заострени  мерки  за заштита на безбедноста од внатрешни и надворешни фактори), слободна но безгласна  во работата на државните институции (граѓаните  цензурирано беа информирани за случувањата во државата,  без дозвола не можеа да контактираат со странци и да  патуваат во странство), држава со релативно висок општествен стандард (во областа на образованието (скоро на сите универзитети во САД катедрите на екзакните науки ги држеа и ги држат Руси), науката (подолг период, просечно годишно Русија купуваше од САД до 5 лиценци и патенти, а на САД и продаваше 25) спортот - (  во сите региони на земјата беа изградени спортски објекти - сали, игралишта, базени..и на сите олимпијади освојуваше од 30 до 50 златни медали), а истовремено имаше низок личен стандард на живеење -  добар дел од нејзините граѓани живееа бедно во “комуналки“ (во еден трособен стан 3 семејства), тешко можеа да купат со 3-4   месечни плати  телевизор  и т.н. За таквите односи и состојби постојат валидни објаснувања. Не е во прашање само сталинизмот. Русија беше вовлечена во долгорочна  исцрпувачка  студена војна, која за жал продолжува до денеска  во латентна форма. Ова треба да се знае за  точно да се измери остварениот напредок на современа Русија за  подобро да се разбере нејзината современа внатрешна и надворешна политика.

Современа  Русија е модерно организирана, независна, мултиетничка, (132 нации) и мултикултурна држава. Во последните 20-тина години  победи  во битката за промени, кои интензивно водат кон прогресот. Гради суверена демократија,без користење на западни шеми и цивилизациски вредности. Гради демократија, спрема потребите,  условите и специфичностите на граѓаните и државата (поради што често е критикована од Запад). Спроведува  реформи во сите области на опшеството, кои секако не се реализираат без  потешкотии, недоразбирања и спротиставувања (како и секоја друга земја во транзиција). Но, тоа што е најважно, промените се почуствувани и од најниските ешалони во  опшество. Русија длабоко забразди во  демократијата, пазарната економија, слободното движење на граѓаните, човековите права, транспарентноста во работата на државните институции, правата на етничите заедници,социјалната политика (стапката на невработеноста просечно годишно е помеѓу 5 и 6%, а истовремено, чуствува недостаток и ангажира  странска работна сила во висина на истата таа стапка. Во тековниот период спроведува проект (на Д. Медведев) за модернизација и индустријализација на стопанството во кои се вкличени врвни научни и образовни институции и личности (академикот С. Глазев на пр.). Демонстрациите и уличните протести започнати во времето на претседателските избори минатата година и не претставуват закана за стабилноста и безбедноста на државата. Се одвиваат без јасно дефинирана платформа, лидерство и програмски барања на учесниците. Мотивирани се од желбата за власт и материјалната  корист  од надворешни фактори. Меѓу нив не може да се препознае алтернатива на актуелниот претседател Владимир Путин – не постојат реални петпоставки на негово место да се најдат Немцов, Каспарпв, Собчак и тн. Тие ниту случајно не можат да ја добијат подршката која ја има В.Путин. Фактори за политичката стабилност на државата, кои внимателно ги контролира државата, се појавата на тенденциите за  ширење на сепаратистичките движења во кавкаските и задкавкаските држави. Покрај Чеченија  тој процес ги зафати  Ингушетија, Дагестан и Татарстан ( каде вахабистите се  влезени  на голема врата и парадираат во Казањ, главниот град на Татарстан.Тие се огласуваат со изведување  терористички акции не само во местото каде што живвеат, туку и во цела Русија. Во таа насока, не се за  подценување истапувањата  на „високи интелектуалци“, како на пр. писателот Алексеј Иванов од Перм (“КП“ од 24. о8. 2012), кој зборувајќи за националните вредности и идентичности својствени за разни региони, јавно агитира  поделба на  Русија на региони со истовремена вертикална поделба на централната власт – концепција на Збигнев Бжежински по која се реализира распадот на СССР. Најшироката јавност е против  распарчување на Русија која на Западот ќе му овозможи полесно да дојде до користењето на нејзините материјални ресурси. Вкупните состојби и односи на тој план се под строга контрола на државните институции, барем додека е В.Пурин претседател на Русија.

Во такви услови на транзиција и внатрешна процеси, Русија во последните десетина години (до светската економска криза) остваруваше просечно годишно зголемување на домашниот бруто производ од 6,5 до 7,5%. Успеа да ги врати надворешните долгови (преку 80 млрд.долари). Во 2013 година очекува пораст на бруто домашниот производ  од 2,5% , понизок, поради влијанието на светската финансиска криза. Покрај девизниот прилив од 51% од извозот на нафта и гас (кои кај нас се користи како податок за карактеризирање на руското стопанство), значајна квота на девизен прилив остварува и од извозот на оружје и воена опрема (рекорден во 2012 година -14 млрд.долари). Во структурата на светското производство во областа на машиноградбата учествува со 17,95% (алатни машини 22%, комбајни 46%.,опрема за прехранбената индустрија 11,3%, енергетска опрема 63,2%, авиони 27%, воена опрема 50%, товарни возила 21%, патнички возила 4,8%, електроенергетска опрема 16% и т.н... На руски производи од областа на машиноградбата работат 35% базични индустриски гранки во Северна Кореа, 45% во Индија, 65% во Иран, 20% во Пакистан, 40% во Турција, 50% во Египет, Либија,Сирија и т.н...

Русија има создадено материјални претпоставки за водење независка надворешна политика, која  ги   одразува интересите и можностите на својата држава. Не отстапува од   принципите  на меѓународниот правен  поредок. Истовремено, Русија  е фактор за решавање на најсложени меѓународни конфликти во светот. Како голема сила, членка на Советот за безведност на ООН, членка на Групата 8 (Г-8) и Групата најразвиени (Г-20), ОБСЕ, Светската алјанса за борба против теротизмот, трговијата со наркотици и ширење на оружјето за масовно уништување, Меѓународната трговска организација и т.н., без нејзино учество не се решаваат  сложените меѓународни конфликти, не само во близината на нејзините државни граници, туку и во светот.

Приоритет во надворешната политика на Русија и е унапредувањето на односите со соседите. На тој план таа смета дека нејзините државни граници се безбедни, иако некои од соседите иницираат “отворени“ прашања (Јапонија со Курилските острови, која ги има отстапено со документот за безусловна капитулација во Втората светска војна). Русија одржува партнерски односи со САД, ЕУ, Кина, Индија, Бразил, без оглед на несогласувањата по одредени прашања (интервенцијата во Авганистан, Ирак, Југославија, Сирија и др. Со САД го почитуват Договорот за воздржаност од примена на атомско оружје во решавањето на конфликти. Упорно работи на создавање на Евроазискиот сојуз и унапредување на Царинскиот сојуз со Белорусија и Казахстан. Секако дека тоа не се одвива безболно поради влијание на надворешни фактори. Карактеристично е тоа што Русија е меѓу малиот број држави во светот која во дефинирањето на надворешната политика не се потпира исклучиво врз прагматизмот, туку ги користи сознанијата во науката и поуките од историјата – простува но не заборава.

Балканот во целина,  Русија и нејзините експерти од највисок ранг (Н.Нарочницкаја, П.Ескендеров, А.Гускова и многу други), го гледаат како пространство со замаглени политички  перспективи, а поради скептицизмот за опстанокот и успехот на Европската Унија кон  која се ориентирани сите балкански земји. И, и за таков Балкан, Русија е заинтересирана за свое присуство  (политичко, економски, културно...) со иста мера, колку што се САД и ЕУ  заинтересирани за истиснување на Русија од балканскиот прострор.

Пример,  Србија и Русија потпишаа договор за купопродажба на компанијата  “Нафтена индустрија Србије“ (НИС) на 25 јануари 2008 година. Договорот требаше да го ративикува српскиот парламент. Меѓутоа, тоа не се случи затоа што британскиот премијер Гордон Браун на Самитот на ЕС, кога се расправало  за енергетската безбедност на ЕУ, истапил со предлог да се најдат сериозни партнери за таа работа за да не се доведе ЕУ во зависност од Русија. Предложил Србија  да се услови со откажување  на  договорот (НИС) со Русија ако сака во 2009 година да добие статус на какндидат за членство во ЕУ. Српскиот парламент не го ратификувал договорот и Владата на Борис Тадиќ мораше да изнуди (со зголемување цената на компанијата од 1,2 на 2,5 млрд.долари) од Русија откажување на договорот со цел како би ги зачувала својот углед и „европскиот пат“. Само неколку дена потоа на четврти септември 2008 г. Жозе Мануел Баросо  објавуви датумот (2009 г.) за доделување  статус на Србија „кандидат за членство во ЕУ“. Приказната ја објавија руските медијуми (“С“ на 04. 09. 2008 г.).

Сепак, српските односи со Русија се движат по нагорна линија. Земјата има шанса како и Црна Гора, Бугарија и Грција, да  ја искористи благонаклоноста на руската надворешна политика спрема неа. Новата влада на Србија, посебно претседателот Томислав Николиќ и вице-премиерот Александар Вучиќ, манифестираат активен однос за унапредување на односите со Русија. Средбите на Николиќ со Путин во Москва и Сочи, како и средбите на Вучиќ со рускиот вице-премиер Рогозина,  резултираа со бројни договори за рективирање на витални стопански субјекти во Србија: “Прва петолетка“Трстеник, “Минел“-  Белград, Рафинеријата во Панчево,“Новкабел“- Н.Сад, Српската градежна оператива за изградба на станбен комплекс од 1,5 милиони м2, Народната банка на Србија во октомври минатата година руската рубља ја вклучи во списокот на валути со кои на банкарските институции им се дозволува да реализираат трговски операции на меѓународниот девизен пазат, реконструкцијата на хидро-енергетскиот систем “Ѓердап“, две транши на кредити (800 милиони дорари за реконструкција на железничката мрежа и една милијарда долари за подршка на буџетот) и т.н.

Словенија, Хрватска, Бугарија и Грција  Русија ги третира во рамките на својот режим за соработка како со членките на ЕУ. Не се во фокусот на руските приоритетни интереси како што се Србија, Црна Гора и селективно (Република српска во рамките на Босна и Херцегодина). Тоа се потврди со заобиколувањето на Хрватска со  трасата на “јужниот ток“ на гасоводот. Односите со Словенија имаат долгорочен стабилен трговски карактер,без значајни политички примеси.

Руско - албанските односи, артикулирано со дипломатски јазик, се на ниво “де-факто“, (и двете страни знаат за „постоењето“ на другата), но како непризнати и без создадена правна основа за соработка. Албанија ги прекина дипломатските дноси со Русија 1961 година кога Енвер Хоџа (тогашниот претседател), налутен избега од состанокот заборавајки да си го земе капутот од гардеробата. Тогаш побарал итно Русија да му испорача 20 илјади тона пшеница и да  му го дадат саркофагот со посмртните остатоци на Сталин – за тоа, „ако треба би си платиле“. На тоа, Хрушчов наводно му одговорил: „толку мала количина не е доволна  за  глувците кај нас, а што се однесува до саркофагот на Сталин, јавите ни дали да ви го предадиме со облека или без облека“. На 23. октомври 2011 година, албанска делегација на чело со Неритан Алибали, заменик министер за трговија и енергетика, Илир Жила, претседател на албанската трговска комора и Силвија Грудо, директор на Агенцијата за бизнис и инвестиции, престојуваше  во Москва со цел да набави резервни делови за енергетската и транспортна опрема испорачана од  Русија  во 50-те година на минатиот век, а која 60% не е во функција поради недостаток на резервни делови.  На тоа Александар Табаков, потпретседател на Руската индустриска комора им одговорил дека барањата не можат да им ги прифатат бидејки меѓу двете земји не постои правна основа за соработка (договор за заштита на инвестициите  и ...).

Македонско – руските односи имаат правна основа. Таа е создадена кон крајот на 1994 година - меѓу првите од сите балкански држави. Но, тоа не значи дека многу сме напрерднале од нивото на руско - македонските односи. Се уште слабеат, наместо да зајакнуват, факторите кои имаат влијание за напредокот на односите. Информациите кои дефилираат во македонските  од  “експерти“ ,политичари, “дипломати“ и т.н. лишени се од било каква основа. Примери: Вице-премиерот Зоран Ставревски од Сочи изјавува дека постојат услови за унапредувањето на економската соработка со Русија во областа на градежништвото и испораките на земјоделски прехранбени производи. Дотолку повеќе што во 2014 година се одржува  Олимпијатата во Сочи. Ваквата изјава веројатно сугерирана од неговите соработници не е реална. Имено, објектите за Олимпијадата се градат веќе 6 години - ги изведуват  реномирани западни компании позади кои стојат гаранции (за авансот) на првокласни банки. Во дадениот период се во фаза на изведување на завршните работи (електрониката, лифтовите, разладн апарати ...) за кои Македонија нема капацитети. А и да ги има, за нејзиното ангажирање решаваат големите изведувачки компании кои потпишале договор со руските партнери. Руските институции и од највисоко ниво ненемаат влијание на тој план врз западните компании. Ниту Путин ниту Медведев не се ни обидуваат да интервенираат. Сведоци сме и гледаме дека тоа не се остварува. Што се однесува до испораки на земјоделски производи, исто така е нереално. Прво, Македонија нема доволни количини за подмирување на сопствените потреби  (увезува од Грција, Турција, Албанија ...и т.н). А и кога би имала, македонските производи од  повеќе причини не можат да ја истиснат конкутенцијата  од турските, азербејџанските, грузинските, австралиските и чилеанските и другите компании поради нискиот асортиман, квалитетот, опаковката, скапиот транспорт и т.н. Сочи, олимпијадата, се пребирлив пазар со заострени потреби за квалите, пакување, цени и т.н. Факт е дека нашите производи тешко се пробиваат и на најобичните пазари во внатрешноста на Русија.

Во објавената статија на вашиот сајт “Украина, Русија и Белорусија дистанци за извоз“, авторот евидентно не живее и ниту ја познава проблематика. Познавам многу такви автори, кои “успешно се кријат“ позади титулата. Авторот не знае, дека на 7-ми ноември 2012 година Европската Унија воведе економски санкции против Белорусија, кои суштински ја погодуват економијата на Русија и Царинскиот сојуз на Русија, Белорусија и Казакстак каде што се лоцирани многу компании, кооперанти за капацитетите на Белорусија. Покрај членките на ЕУ (обврзани да ги спроведуваат санкциите и Република Македонија им се придружи доброволно – практично Македонија се откажа од економската соработка со тој регион. Оваа вест ја објавија сите белоруски и руски весници. После таквите мерки, соработката не треба да се очекува подолго време.

П.С. Во август 2002 година приватно бев еден од домакините (спонзори) на посетата на Сергеј Николаевич Бабурин, тогаш потпретседател на Руската дума, лидер на една партија со 50-тина пратеници во парламентот, доктор на науки и ректор на Универзитетот во Омск. Во Македонија го прими само Слободан Чашуле како министер за надворешни работи и никој друг. После нашата дводневна полемика во врска со ниското ниво на македонско - руските односи, ми го рече следното: “Карапетров, ние сме голема држава со големи проблеми и голем список на приоритети (давајќи до знаење дека Македонија не е во тој список). Меѓутоа, Русија треба да биде приоритет во вашата надворешна политика (сугерирајќи да ја погледаме реалноста), а тоа да го манифестирате со далеку поактивен однос во соработката на двете држави“. 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива