портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Спогодбата на Украина со ЕУ ќе има тешки последици?!
јули 2014
Серјожа
Неделковски
Имајќи ги предвид последните изјави на европските челници, се пореален станува впечатокот дека Украина долгорочно ќе ја загуби битката со Русија, во којашто грчевито се бори да го попречи градењето на Јужен тек, кој целосно ќе ги елиминира нејзините аргументи во преговорите.


Спогодбата за економско придружување коешто Украина ја потпиша со Европската унија може да има тешко последици по трговските односи со Руската Федерација, и уште потврдокорен став на Москва во ткн „гасна војна“ во којашто Киев може да загуби многу од своето значење како транзитна земја за рускиот енергенс до европските потрошувачи.

Откако на чело на Украина беше избран милијардерот Петро Порошенко, инаку веќе со искуство во дипломатијата по двата мандата како министер за надворешни работи во поранешните влади оптоварени со корупциски скандали од кои самиот тој излезе неизвалкан, се појави зрак надеж дека неговите иницијативи сепак, ќе го донесат мирот во источниот дел од земјата. Но, се чини, сепак, и доколку успее да постигне согласност со рускиот челник Владимир Путин за конкретно влијание на Москва врз проруските бунтовници и смирување на борбите, го очекува многу подолга и исцрпувачка битка во заздравувањето на руинираната економска состојба.

Спогодбата неодамна потпишана со Брисел за економско придружување, секако, на Киев му носи повластувања, но проблемот ќе биде колку во сегашната нејзина економска кондиција, Украина ќе може без оштетување да се справи со губењето на повластената стапка во трговските односи со Русија, односно врз нејзиниот договор за слободна трговија со Заедницата на независни држави (ЗНД, поранешните советски републики, без балтичките земји и Грузија). Москва стравува дека со укинувањето на граничните бариери меѓу земјите од Брисел и Киев, ќе се случи значителен прилив на производи од ЕУ преку Украина на руска територија на штета на националното производство, и оттаму веќе најави дека Украина веќе не може да има привилегирани односи и со ЕУ и со Руската Федерација.

Високи руски функционери повеќепати повторија дека „ќе преземат решителни мерки“ штом забележат знаци на негативни последици по руското стопанство. Една од тие мерки, без дилеми, ќе биде по секоја цена исклучувањето на Украина од патот на природниот руски гас за земјите од Европа, што на оваа земја во многу ќе и’ ја намали важноста и позициите во преговорите со Москва. Брисел очигледно е свесен за тоа, а не треба во Киев да негуваат илузии дека европското милосрдие ќе биде непопустливо во однос на по секоја цена спречувањето на изградбата на гасоводот Јужен тек, кој е првенствено наменет да ја заобиколи украинската транзитна инфраструктура. Што укажува, од своја страна, и на тоа дека во Москва одамна се подготвувале за развој на политичката ситуацијата кај својот сосед кој секогаш се сметал за зона на нејзино неприкосновено влијание. каков што има во моментот.

Украина веќе чувствително загуби губејќи ги повластиците од гасниот договор со Русија, потпирајќи се или на безефектни ветувања или на нереално градени надежи. Кон крајот на април Русија објави дека го повлекува намалувањето на цената на својот гас за Украина постигнат во договор со сега соборениот украински претседател Виктор Јанукович, ланскиот декември. Покрај тоа, Украина уживаше и попуст од дополнителни 100 долари за во цената на гасот, според договорот потпишан за користење на базата на руската Црноморска флота на полуостровот Крим кој во меѓувреме се присоедини, или беше анектира, кон Русија. Така сега со укинувањето на сите договори и попусти, цената на рускиот гас за украинските потрошувачи се зголемува на 485 долари за илјада кубни метри. Украина ја сака цена до 286 долари за 1.000 кубни метри гас и да го промени договорот од 2009 година од времето на владата на Јулија Тимошенко, со која Киев се обврзува да купи одредено количество руски гас по цена од 485 долари за 1.000 кубни метри гас, за што беше осудена на седум години затвор. Меѓутоа, голема препрека постигнувањето договор е неисплатениот долг од над 3,5 милијарди долари, поради што рускиот државен монополист „Газпром“ мина на режим на однапред наплаќање на испораките на рускиот гас за Украина. ЕУ, од своја страна потврди дека Киев мора да го исплати својот долг, така што значителен дел од траншите од заемот од ММФ од 17 милијарди долари украинската страна ќе мора да ги исплати на Москва, и покрај тоа што проценува дека нејзините резерви од гас се доволни да истрае и следната зима во натегањата а да не се предизвика недостиг од гас во Европа како во “гасните војни„ од 2006 и 2009 г.

Имајќи ги предвид последните изјави на европските челници, се пореален станува впечатокот дека Украина долгорочно ќе ја загуби битката со Русија, во којашто грчевито се бори да го попречи градењето на Јужен тек, кој целосно ќе ги елиминира нејзините аргументи во преговорите. Така, еврокомесарот за енергетика Отингер, кој е медијатор во руско-украинските преговори, неодамна откако во Киев, Русија и Украина не постигнаа договор, а руски „Газпром" ги прекина испораките за Украина, рече дека Јужен тек е проект кој ЕУ би можела да го прифати. Еврокомесарот досега изјавуваше дека тој проект во сегашната фаза ги прекршува законите, но пред две седмици истакна дека „тоа прашање не е нерешливо", како и дека „Јужен тек е проект кој навистина можеме да го прифатиме“. Италијанскиот премиер Матео Ренци, пак, како што забележа EurActiv е движечката сила која стои зад заедничкото писмо до Европската комисија во поддршка на проектот Јужен тек, потпишано од лидерите на земјите низ кои треба да помине овој гасовод. Бугарските политичари, коишто пред извесно време го суспендираа почетокот на изградбата на делницата на Јужен тек под притисокот на Европската комисија, во очекување на септемвриските избори изјавуваат дека не се откажуваат од изградбата на гасоводот преку својата територија, и покрај ветувањата дека ќе се придржуваат до препораките од Брисел.

Највпечатлив приказ за тоа колку европските партнери на новите власти во Киев се подготвени да истраат во притисокот врз Москва, беше неодамнешното потпишување меѓу челниците на руски „Газпром“ и на австриски OMV во Виена на договорот за изградбата на делницата од гасоводот Јужен тек до Австрија, и покрај противењето на Европската унија на овој проект.

На тоа, пак, се надоврзуваа и фактот што покрај италијанскиот енергетски концерн Eni, во проектот на „Газпром“ наскоро според најавите може да се вклучи и француската енергетска компанија EDF којашто би добила 10 отсто од сопственоста гасоводот. Со евентуалното приклучување на Франција во Јужниот тек, се намалуваат изгледите за изградба на гасоводот Набуко, со кој ЕУ сака да ја намали својата зависност од руската енергија.

Покрај тоа, руската страна овозможувајќи си повеќедецениски скапи договори за испорака на својот гас на Кина, има голем простор за маневрирање во преговорите за отстапките и цените за европските потрошувачи.

Сето тоа ја предизвикува, во крајна линија, перцепцијата дека политичката поддршка што Украина ја добива во моментов во нејзиното ослободување од руското влијание, ќе биде платено по многу висока цена, покрај со енергетска немоќ и следствено со економски пад.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива