портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Корупцијата ја поткопува економијата
март 2016




Корупцијата претставува сериозен правен ризик, а предизвикува значителни штетни последици врз развојот на економијата со попречување на долготрајни странски и домашни инвестиции. Ова го рече министерот за правда Аднан Јашари на вчерашната конференција „За усогласено управување и превенција на корупција во приватниот сектор“, во рамки на твининг-проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, финансиран од ЕУ.

Укажувајќи дека Министерството прави напори да се создаде правна инфраструктура во Македонија која ќе биде усогласена со меѓународните документи, Јашари го спомена Законот за заштита на укажувачи, чија цел е заштита на сите укажувачи како во приватниот, така и во јавниот сектор, а кој треба да придонесе да се подобри борбата против корупцијата и да се создаде подобра клима за странски вложувања.

Според амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер, искоренувањето на корупцијата во јавниот сектор нема да успее ако приватните компании кои нудат услуги на државните и јавните институции не се свесни за последиците од корупцијата. Корупцијата, подвлече таа, е кривично дело кое го загрозува слободниот пазар и фер конкуренцијата и доколку стане ендемична, има потенцијал да ја поткопа економијата, владеењето на правото и да предизвика проблеми и тешкотии за граѓаните.

„ЕК повеќе пати има побарано сите случаи поврзани со корупцијата, вклучувајќи ги и тие кои се поврзани со високи функционери и политичари да бидат темелно истражени на транспарентен начини во согласност со постојните правила и регулативи“, рече Алтхаузер и додаде дека е потребен неселективен пристап и еднаква правда за сите, како предуслови за функционална демократија. (МИА)
Коментари
Нема коментари.
 
Архива