портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Оваа зима наместо гас власта на Украина сака да ја мине со инает спрема Русија
декември 2015
Наталија Алешкин
Талевска
Украинската страна објасни отсуство на аванс за гас со тоа што таа смета дека таа количина на гас што била купена со пари од кредит од Меѓународен Фонд ќе стигне да ги обезбеди потребите на украинското население и претпријатија за цела зима и плус тоа Украина  чека поволни цена на гас од «Газпром» во прв квартал на 2016 година. Ама исто така украинскиот премиер, Арсениј  Јаценјук изјави дека на Украина повеќе му се исплаќа да купува гас од Европа отколку од Русија. Се прашувам како тоа е возможно земајќи во предвид тоа што Европа купува гас од Русија.


Поради соборувањето на рускиот СУ-24 од страна на Турција, рускиот раководител на министерството за енергетика, А.Новак на 03.12.15г. изјави дека преговорите во врска со «Турски поток»  се запираат поради «удар во грб од страна на соработниците на терористите».  И тоа уште еднаш го отвори прашањето околу транзитот на рускиот гас во Европа после 2019 година кога ќе заврши договорот за снабдување со руски гас на Украина.

И тука влегува во игра проектот «Северен поток-2»  според кој рускиот гас ќе се транспортира по дното на Балтиско море. Тоа е гасовод кој ќе ја поврзи Руската Федерација, Германија и Франција. Овај проект фактички е проширување на неговиот претходник «Северен поток -1» кој постои од крајот на 2011 година и ги поврзува Русија и Германија по дното на Балтиското море. Во проектот учествуваат освен Германија, Франција и Холандија.   Експлоатацијата на новиот гасовод «Северен поток-2»  се планира во четвртиот квартал на 2019 година. Можеби затоа Путин даде наредба да се продолжи договорот со Украина после 2019 година. Неколку месеци не играат голема улога.

«Северен поток-2»  ќе ја ослободи Русија и Европа од зависност од транзит преку Украина. Сигурно поради тоа Украина и нејзиниот поддржувач САД инсистираа овај проект да биде блокиран од страна на Европа.

Во овој момент транзитот на руски гас се  спроведува преку Украина. Но, самата Украина од крајот на Ноември не купува руски гас и нафта. Тие само транзитираат низ Украина.

Само да Ве потсетам дека на 31.10.14 г. помеѓу Украина, Европската Унија и Русија беше потпишан договор според кој Украина се обврзува да го исплати првиот дел од долгот кон Русија. Потоа да му соопшти колкава количина на газ Украина е спремна  да плати унапред, па Русија ќе му испраќа фактура и после спроведувањето на плаќање Русија ќе започни со снабдување со гас.  Вториот дел на долгот требаше да се исплати до Јануари 2015 година. 

На 05.11.2014 г. Украина му го исплати на «Газпром» првиот дел од долгот. На 06.12.2014 г. Украина спроведе плаќање за гасот кој му е потребен на Украина. На 09.12.2014 г. после шест месеци во прекин, Русија повторно ги отвори вентилите. До крајот на Декември Украина го исплати и втор дел од долгот за 2013 година. На 27.02.2015г. Украина повторно купи руски гас. Притоа сакам да забележам дека гасот кој беше купен од страна на Украина не беше наменет за југо-исток  на Украина. Снабдувањето со гас на Луганска Народна Република и Донецка Народна Република се спроведуваше од страна на  «Газпром» бесплатно. Забележително е и тоа што Украина значително го намали обемот на гас после ултиматумот на Русија за 2014  година. На 05.03.2015 г.  украинскиот «Нафтогаз» плати уште за гасот која ќе стигни за 5 дена. Потоа следуваа повторни преговори помеѓу Украина, Руската Федерација и Европската Унија, додека на 01.07.15 г. Украина објави дека повеќе не планира да купува руски гас. Вентилот беше затворен. На 26.09.2015 г. претставници од Европската Унија, Русија и Украина пак се собраа за да се договорат околу доставките  на руски гас во Европа преку Украина. Договорено беше дека Европа ќе и даде финансиски средства на заем на Украина па таа да купи одредена количина на гас (сакам тука да направам забелешка: количина која нема да стигне во случај на многу ниски темпретури во зима 2015-2016), Украина за тоа ќе гарантира транзит на рускиот гас во Европа. На 12.10.2015 г. стигна само една третина од договорениот износ, соодветно Украина беше снабдена со количина на гас која била само третина од договореното. На. 25.11.2015 г. вентилот пак беше затворен и снабдувањето на Украина со руски гас заврши.

Украинската страна објасни отсуство на аванс за гас со тоа што таа смета дека таа количина на гас што била купена со пари од кредит од Меѓународен Фонд ќе стигне да ги обезбеди потребите на украинското население и претпријатија за цела зима и плус тоа Украина  чека поволни цена на гас од «Газпром» во прв квартал на 2016 година. Ама исто така украинскиот премиер, Арсениј  Јаценјук изјави дека на Украина повеќе му се исплаќа да купува гас од Европа отколку од Русија. Се прашувам како тоа е возможно земајќи во предвид тоа што Европа купува гас од Русија.

Според мене, Украина нема ниту сопствени пари ниту може да позајми финансиски средства од Меѓународниот  Фонд. И нема таа друг избор како да ја помини зимата со тој гас што го имаат во резерва (кој беше купен со позајмени пари). Ама и во случај ако Европа одлучи пак да му одобри кредит на Украина, украинските политики и министри поради антируска политика ќе бараат начин да купуваат гас од Европа.

Но, на 07.12.2015 г. гигантот «Газпром» ги објави цените на гас за Украина за 2016 година. Од наредната година цените на рускиот гас немаат попуст како претходните години.

Интересно е и тоа што во Октомври председателот на Украина, Петр Порошенко му понуди на колегата од Казахстан да му купува казахски гас. Снабдувањето според неговата понуда требаше да се спроведува преку Руската Федерација. Според Порошенко оваа понуда ќе можеше да му обезбеди пристап до европскиот пазар на казахскиот гас. Казахстан му одговори со одбивање на понудата.

Ама тоа не е единствениот обид на Петр Порошенко да најди замена на рускиот гас. Во текот на официјалната посета во Вилнус (Литванија) украинскиот председател понуди свое учество во градењето на гасоводот кој ќе ги спои Литванија и Полска. Со тоа Украина ќе добие пристап кон течниот гас кој се наоѓа во терминалот во Клајпеда (Литванија). И овај гасовод ќе биде дограден во 2019 година. Дали ќе биде вклучена Украина сеуште не се знае. Преговорите сеуште продолжуваат.

Моментално претставниците на «Газпром» немаат забележано крадење на руски гас од страна на украинците, ама немањето   доволна количина на гас во украинските складишта и отсутството на било какви финансиски средства за набавка на гас ги загрижува русите и создава претпоставки дека кога и да е Украина ќе започни да кради гас кој е наменет за Европа како што се случуваше во претходните години.

Не помалку интересни работи се случуваат и со снабдувањето со нафта. На крајот на Ноември се откри дека освен трите маршути на илегална доставка на нафта од Сирија во Турција, постои уште една  четврта маршута со транзитна точка во украинска Одеса. Руските разузнавачи тврдат дека крадената сириска нафта која е смешана со крв на сириските цивилии терористите од Исламската Држава илегално ја транспортираат преку Украина во Европа. Баш поради оваа причина на крајот на Ноември беше објавено доградување на нафтоводот Одесса – Броди до полскиот Полоцк.

И како што се наближуваат зимските студови меѓународната ситуација се вжештува. Дали ќе може да се обезбеди количина на гас која се наоѓа во украинските складишнини топло во сите украински домови? Со кој гас,Украина ќе го замени рускиот гас? Кој проект ќе го земени «Турски поток»? Ќе дознаеме во блиска иднина, надвор веќе е Декември.

 





 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива