портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Економските санкции за Русија и Македонската итрина
ноември 2015
Извор: Фазан.мк
Македонската влада не разбра дека во однос на санкциите требаше да биде само „пасивен набљудувач“ ако сакашеза време на санкциите да биде солидарна со Русија. Впрочем, македонскиот економски потенцијал е премал за да може да профитира од санкциите спрема Русија.



Во однос со Русија, Македонија дипломатски, па и економски малку се обрука. Својот прв потег на „солидарност“ е што не воведе санкции и оокрај сугестиите на ЕУ и САД. Ама ликалните трговци, со премолчена дозвола од владата, бргу „се врзаа“, се органицираа со балканските трговци и преку Хрватска и преку Унгарија прво во Србија потоа преку Македонија во Русија беа пласирани огромни колицхини стока со македонска и српска декларација. Тоа на земјите членки на ЕУ им ги ублажуваше последиците од санкциите што према Русија ги воведоа нивните земји. Руската реакција на нелогичноста на македонскиот извоз во количини кои реално не можат да потекнуваат од Македонија, беше брза и остра. Извозот на еврипски производи пријавени како македонски се намали до незначителни количини.

Македонската влада не разбра дека во однос на санкциите требаше да биде само „пасивен набљудувач“ ако сакашеза време на санкциите да биде солидарна со Русија. Впрочем, македонскиот економски потенцијал е премал за да може да профитира од санкциите спрема Русија.

Македонија е мала и безначајана да промени некои глобални состојби, па  Москва од една и Брисел и Вашингтон од друга страна ќе и прогледаа низ прсти за малата итрина со која од една страна „не воведе санкции“, значи се солидаризираше со Москва, а од друга страна „шверцуваше вропска стока“ за Москва и тоа без знаење и без согласност на Москва. Значи сакаше да се солидаризира со Брисел и Вашингтот „спасувајќи ја европската економија“. Епилогот на таквата детска наивност на македонските политички и бизнис лоби групи кои европски стоки извезуваа како македонски, е што Москваја јавно ја посрамоти земјата зашто ја фати во шверцот. Само поради старото ријателството руската дипломатија не направи поголема галама за овој македонски дипломатски и бизнис гаф.

Инаку, стоковната размена меѓу Русија и Македонија за Русија е минорна. Македонија за полоина од оваа година извезе вредност од 10 милиони евра, а од Русија увезе 40 милиони евра.

Лани Македонија извезе 24 милионио евра, а од Русија увезе 123 милиони евра.

Македонија во Русија извезува главно делови за автомоибили, градежни материјали, земјоделски производи, вино, лекови, а увезува енергеси.

Патем Македонија за разлика од Србија со Русија нема потпишано договор за Слободна трговија.

 


Коментари
Нема коментари.
 
Архива