портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Владата ја турка гасификацијата но не се знае од каде гасот ќе доаѓа
ноември 2015
Марина Узунов
новинар



Еден од клучните владини предизборни адути кога е енрегетиката во прашање е гасификацијата на земјава. Проект кој на домаќинствата треба да им донесе пониски сметки за греење, а на фирмите да им ја зголеми конкурентноста. За да се оствари ветувањето, во март владата стартуваше со изградбата на гасоводната делница Клечовце – Штип. Станува збор за инвестиција од  75,7 милиони долари,  од кои најголемиот дел е финансиран од клириншкиот долг што Русија го има кон земјава, а од државната каса ќе се одвојат речиси 16 милиони долари.. Паралелно во собраниска процедура , по итна постапка е законот за задолжување за изградба на делниците Штип-Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар тежок 90 милиони евра од Ерсте банк и Дојче банк...

Со реализација на овие проекти практично се поставува крвотокот низ земјава за испорака на гас, енергенс што треба да биде превземен од граница и да се достави се до градовите.. Инфраструктурата внатре во градовите за дистрибуција на гас кон индустриските објекти, домаќинства, училишта, градинки, болници е замислена да се реализира преку три засебни проекти поделени на Скопски регион, Источен и Западен. За што владата објави три тендери , од кои  два , за Источниот и Западниот регион пропаднаа, а за Скопскиот постапката е пролонгирана на барање на една од компаниите за да може да достави целосна документација.

Иако е  неизвесно кога и каква ќе биде одлуката  за Скопксиот регион, засега едно е сигурно дека роковите што ги најави владата за гасификација на првите објекти во главниот град се пробиени.. Имено, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанкиески во февруари минатата година изјави дека кон крајот на годинава се очекува да бидат гасифицирани првите објекти во главниот град. „Во рок од 4 години, треба да се изгради 70 % од дистрибутивната мрежа во Скопје. Очекувам за година дена од склучување на договорот да започне приклучувањето кон дистрибутивната мрежа.“ изјави Миле Јанкиевски, тогашен министер за транспорт и врски.

Нов тендер, стари проблеми

Сега по неуспешниот прв обид, владата  најави  втор тендер. Во моментов се бираат членови на комисијата, по што ќе биде објавен огласот – информираат од владата. За да не се повтори епилогот од првиот пропаднат тендер , дел од енергетиарите сугерираат владата да го промени концептот и методологијата по која е замислена реализацијата на овој стратешки проект. Митко Андреевски, енергетски консултант смета дека општините, наместо државата треба сами да бараат инвеститори .. „Треба да се смени законот за енергетика и да им се допушти на општините сами да помагата во тој процес, сами да го обмислуваат , преку тендер да бараат стратешки партнери, инвеститори. Или сами да го релизираат. Втора работа е што критериумите не треба да бидат на источен, запден и скопски регион. Треба да биде секој посебно, затоа што има општини за кои што нема физибилност да се гасифицираат. Прерано е да се гради дистрибутивен систем во најодалечените градови од гасоводната цефка, сосвен ако не сакате тоа да го правите на виртуелен начин„ вели Андреевски.

Но, она што ја забавуваа гасификацијата кај нас според универзитетскиот професор Константин Димитров е слабиот фиансиски капацитет на компаниите, но и неизвесноста  од епилогот кој ќе обезбеди енергетска доминација во европа.. Русија или Америка . „Ние сме во една светска војна економска каде Заапд го напаѓа Истокот, Исток се брани на далечниот Исток  и во едни такви економски состојба кој е спремен да инвестира пари во висока инвестиција, што малку е и несигурна  “ вели Димитров.

Турски поток или трансјадрански гасовод  - од каде ќе доѓа гасот во Македонија?

И додека се чека владата да распише нов тендер за гасификација на источниот и запдниот регион и додека сме во исчекување на одлуката која компанија ќе ја гради дистрибутивната мрежа во главниот град, неизвесно е од каде Македонија ќе добива гас.

Вицепремиерот Владимир Пешевски, изјави дека домашната мрежа што ќе се гради ќе биде подготвена за сите сценарија.

„Независно дали гасот ќе доаѓа од ТАП, дали преку Гаспром ,има и некои други варијанти кои се во игра, но сепак тие не зависат од Македонија, туку од меѓународни случувања наша задача е системот да го направиме флексибилен. И се што е потребно го правиме во таа насока“изјави Пешевски.

Додека пак , неодамна  заменик – министерот за економија Христјан Делев обелодени дека владата и понудила договор на Бугарија за соработка за користење на гасификационата линија што ја има Бугарија кон Македонија.. Станува збор за траса што не е користена 24 години поради нерасчистени имотни односи.

Додека пак за приклучување кон главните коридори како Турски поток одговор нема дали македонија е дел. За Транс јадранскиот гасовод, како што изјави Делев се планира Македонија да се вклучи во проектот кога ќе биде во втора фаза. ’Ние активно ги следиме и би сакале да бидеме дел од нив. За Проектот ТАП има веќе голема меѓународна поддршка. Веќе се започнати овде големи инвестиции, со овој проект, гас ќе се носи главно од Азербејџан до последната дестинација Италија. Тој гасовод минува многу блиску до македонската граница, околу 37 километри е оддалечен од Гевгелија. Планираме во некоја втора фаза да се приклучиме и на тој проект’ изјави Делев.

„Газпром “ го преполови капацитетот на „Турски поток„

Во меѓувреме, големата слика се менува кога е во прашање Турски поток. Гаспорм го преполови капцитетот на новиот руски цевковод кон Европа, а Турција инсистира да добие попуст на ценаат на гасот .Со образложени дека е тоа реален капацитет, првиот човек на Газпром, Алексеј Милер објави дека наместо првично планираните 63 милјарди кубни метри, сега гасоводот ќе има 32 милијарди кубни метри гас.

„Тоа е реална капацитет. Посветуваме големо внимание на јужната насока во рамките на стратегијата за диверзификација на транспортните правци“ изјави Милер .Турски поток засега е само на меморандум за разбирање што Ердоган и Владимир Путин го потпишаа. Се чека на конечен договор за спроведување на проектот , веднаш штом ќе се постигне консезус, и ќе се одлучи дали рускиот гас да се насочи само кон турскиот пазар или гасоводот да стигне до границата со Грција и оттаму до европските потрошувачи.



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива