портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Турција и Русија никако да се договорат за новиот гасовод
август 2015

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, вчера кажа дека рускиот претседател Владимир Путин во текот на есента ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Меѓу другото, како што посочи Песков, тие ќе разговараат и за проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“.


НЕ ПРЕСТАНУВААТ ПРЕВИРАЊАТА ОКОЛУ ИЗГРАДБАТА НА „ТУРСКИ ТЕК“

Руската компанија за гас „Газпром“ и турската енергетска фирма „Боташ“ постигнаа договор за намалување на цената на рускиот гас за 10,25 проценти, изјави вчера рускиот министер за енергетика Александар Новак. Сепак, тој додаде дека сѐ уште не е потпишан документ за дампинг-цената за гасот наменет за „Боташ“, објави руската новинска агенција ИТАР-ТАСС. Намалувањето на цената на рускиот гас за потрошувачите во Турција за 10,25 проценти треба да стапи во сила на 1 јануари 2016 година. Новак истакна и дека продолжуваат разговорите за договорот меѓу Русија и Турција за изградба на гасоводот „Турски тек“ и оти Москва нема добиено официјално соопштение за прекин на преговорите.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, вчера кажа дека рускиот претседател Владимир Путин во текот на есента ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Меѓу другото, како што посочи Песков, тие ќе разговараат и за проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“.

Ваквата најава од Кремљ следуваше откако турските медиуми синоќа објавија дека Анкара одлучила привремено да ги прекине преговорите со Русија за изградба на гасоводот „Турски тек“ поради недостиг на напредок во преговарачкиот процес.

Како една од причините за прекинот беше наведено и тоа дека Москва не се согласува со намалување на цената на рускиот гас за Турција.

ТУРЦИЈА САКА ПОНИСКА ЦЕНА

Како што пишуваа завчера турските медиуми, меѓу Турција и Русија исто така постојат голем број други прашања за кои нема консензус. Според турските медиуми, преговорите за „Турски тек“ се привремено суспендирани и не е познато кога ќе продолжат. Од друга страна, руски експерти сметаат дека додека не се финализира процесот на формирање на новата влада во Турција, официјална Москва тешко може да очекува потпишување договор.

„Газета.ру“ пишува дека „Турски тек“ не е пропаднат, но „може да биде одложен на неодредено време“. Руското издание цитира експерти, според кои проблемите поврзани со „Турски тек“ ќе ѝ помогнaт на Украина со тоа што ќе ги ослаби позициите на Русија во преговорите со Украинците и со Унијата за повисока цена за транзит на рускиот гас.

ГРЦИЈА ОСТАНУВА ПОСВЕТЕНА НА НОВИОТ ГАСОВОД

Поради противречности со европското законодавство за слободен пазар беше откажана изградбата на гасоводот „Јужен тек“, кој требаше да поминува низ Бугарија. Русија потоа ја пласира идејата за изградба на гасовод под Црно Море до Турција и оттаму кон Грција и кон Централна Европа. Почетокот на изградбата требаше да започне минатиот месец, а гас од новиот гасовод требаше да се испорачува од крајот на 2016 година.

На почетокот на мај се појавија шпекулации дека Грција се откажува од проектот, но подоцна од официјални лица беше посочено дека Грција не планира да се откаже од изградбата. Пред кратко време, грчкиот министер за енергетика, Панос Скурлетис, посочи дека ќе продолжат со реализацијата на проектот за „Јужноевропски гасовод“ за испорака на руски природен гас за Европа. Истовремено, српскиот министер Ивица Дачиќ ја замоли ЕУ пред два месеци да излезе со јасен став по ова прашање.

- Во принцип ние сме заинтересирани, сакаме да учествуваме во целата оваа приказна околу проектот. ЕУ треба уште на почетокот да навлезе во суштината на проблемот, јасно да се искаже, да не создава проблем - изјавил Дачиќ.               

Автор: П.Т.

Превземено од:

http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=73115162172&id=10&prilog=0&setIzdanie=23532
Коментари
Нема коментари.
 
Архива