портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Балканот нов фронт на милитантниот исламизам
септември 2012
Гордон Н.
Бардос
Потеклото на заканата од исламистите/вахабистите за југоисточна Европа датира од балканските конфликти во 1990-те години, кога починатиот исламистички претседател на Босна, Алија Изетбеговиќ, покани милитанти од Блискиот Исток и Централна Азија да се приклучат на неговата војна.




Како што трагично се покажа минатиот месец, Балканот стана уште еден фронт во војната на Израел против терористите. По терористичкиот напад на 18 јули врз автобус со израелски туристи во Бургас, Бугарија е само најнов случај во серијата смртоносни инциденти на Балканот во кои се инволвирани исламски екстремисти.

Во април, пет лица на периферијата на македонскиот главен град Скопје беа убиени од осомничени муслимански радикали. Во октомври минатата година, преориентиран вахабист ја нападна американската амбасада во Сараево. Во 2010 година, српската полиција растури терористичка ќелија во планинскиот регион Санџак, што се протега на границата меѓу Србија и Црна Гора, која планираше да напаѓа западни амбасади во Белград.

Ал Каеда и Хезболах сурогатите на Балканот, долго време игнорирани или потценувани од западните земји, се се' позначајни, благодарение првенствено на саудиската и иранската финансиска поддршка и влијанието и моќта што ја купува. Од Скопје до Сараево и до Нови Пазар, исламисти и вахабисти се обидуваат да преземат џамии и да изградат сопствена мрежа на речиси екстериторијални села водени од шеријатот во далечни балкански места.

Според Малколм Хоунлен, Сараево каде е седиштето на најголемата иранска амбасада во Европа, за радикалите станува „појдовна точка, место за радикализација, крстопат, нешто како Берлин за време на студената војна“.

Потеклото на заканата од исламистите/вахабистите за југоисточна Европа датира од балканските конфликти во 1990-те години, кога починатиот исламистички претседател на Босна, Алија Изетбеговиќ, покани милитанти од Блискиот Исток и Централна Азија да се приклучат на неговата војна. Во август 1993 година, Изетбеговиќ нареди да се формира Катибат ел-муџахидин, негов личен Ал-Каеда „Баталјон на свети воини".

Списокот на ветерани за босанскиот џихад на Изетбеговиќ покажува кој е кој од најдобрите терористички ѕвезди. На 11 септември 2001 година, тројца од светите воини на Изетбеговиќ - Калид Шеик Мухамед, Наваф ал-Хазми и Калид ал-Миндхар - планираа и учествуваа во најголемите масовни убиства во американската историја. Друг џихадист на Изетбеговиќ, Џума ал-Досари, беше вмешан во бомбашкиот напад на кулите „Кобар“ во јуни 1996 година во Ријад, кога загинаа шеснаесет американски граѓани.

Во август 1998 година, џихадистот на Изетбеговиќ, Абдул Рашим ал-Нашири учествуваше во бомбардирањето на американските амбасади во Дар ес Салам и Најроби, во кои беа убиени над 400 луѓе; организаторот на заговорот, Мамдох Махмуд Салим, беше во Босна непосредно пред бомбашките напади врз амбасадата, во тридневна „деловна посета“ со виза издадена од страна на босанскиот конзулат во Турција.

Во декември 1999 година, босанскиот џихадист Ахмед Ресам беше уапсен при обид да го нападне меѓународниот аеродром во Лос Анџелес како дел од неуспешниот Милениумски бомбашки заговор; фалсификатор на документите за заговорот, Карим Саид Атмани беше жител на босанското муџахединско село Долна Бочиња.

Во октомври 2000 година, воените ветерани на Изетбеговиќ, Џума ал-Досари, Ахмед Зухер, Џамал ал-Бадави, Абу Асим ал-Маки и Абд ал-Рахим Хусеин Мохамед ал-Нашири, го нападнаа американскиот брод „УСС Кол“ во пристаништето Аден, при што загинаа 17 американски војници.

Во февруари 2002 година, џихадистот на Изетбеговиќ, Омар Саид Шеик беше инволвиран во убиството/ритуално обезглавување на новинарот на „Волстрит џурнал“, Даниел Перл. Амер Азизи, клучниот посредник меѓу главното раководство на Ал Каеда и напаѓачите на возови во Мадрид во март 2004 година, се обучуваше во терористички кампови во близина на централниот босански град Зеница. Списокот продолжува, но сериозноста на проблемот е јасна.

Покрај тоа, иако е точно дека Босна не е единствена по тоа што има ќелии на Ал-Каеда, она што ја прави Босна уникатна е дека таа е единствената земја во Европа во која симпатизери, сурогати и соработници на радикалниот исламизам се во највисоките нивоа на власта.



Извадокот е превземен од:

http://www.utrinski.mk/?ItemID=20E912D3B4C9EB4D9CF41F4B6A1BDBD3
Коментари
Нема коментари.
 
Архива