портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Модерниот тероризам шлаканица за отрезнување
јануари 2015

Модерниот тероризам со последните напади изминативе две-три години претставува шлаканица за отрезнување на модерната цивилизација. Неговите закани, сега повеќе од кога и да е, Европа ги почувствува на своја кожа, а милитантите од Блискиот Исток конечно успеаја во намерата и под закана од сила ги натераа земјите од Стариот континент присилно да ги заострат препознатливите европски закони, од оние кривичните до оние што ги регулираат слободното движење и патување на граѓаните.


„Тероризмот е главната филозофија на војувањето на модерното време. Терористите во оваа војна преку насилство и закани се обидуваат да манипулираат со слободните луѓе и да им ги променат однесувањето и навиките преку предизвикување страв и несигурност и вршење длабоки поделби на општествата“. На оваа позната изјава на некогашниот американски конгресмен Патрик Кенеди (инаку брат на Џон Кенеди) лидерите на Европа треба да се потсетат денес, особено по актуелните случувања во Франција и во Белгија.

Во 1994 година, Генералното собрание на ОН ги осуди терористичките акти опишани како „кривични дела наменети или пресметани да предизвикаат состојба на терор во јавноста, од група лица или одредени лица заради политички цели, кои во која било околност се неоправдани, без оглед на политичките, филозофските, идеолошките, расните, етничките, верските или од која било друга природа мотиви, на кои можат да се повикаат за да ги оправда“. Во ноември 2004 година, генералниот секретар на ОН го опиша тероризмот како чин „наменет да предизвика смрт или тешка телесна повреда на цивили или неборци за да го заплаши населението, некоја влада или меѓународна организација да стори нешто или да се воздржи од некој чин“.

Денес, речиси е општоприфатено зборот тероризам да се однесува на убиството на невини луѓе од страна на поединци или групи... Сепак, многу аналитичари ќе се согласат дека тероризмот нема националност ниту, пак, религија, но факт е дека тој стана систематско оружје за војна, кое лесно ги минува државните граници на земјите, и дека проблемите на Блискиот Исток во денешно време многу лесно можат да се префрлат во Европа и во Америка.

Оваа констатација се докажа точна при последниот напад врз сатиричниот магазин во Париз и при апсењата на исламистите во Белгија, но и претходно, во ланските терористички акции, како она со касапењето на англискиот војник среде Лондон и со нападот во канадскиот парламент, преку кои директно милитантите на Исламската држава од Блискиот Исток ги пренесоа своите пораки и закани за безбедноста на западните лидери.

Факт е дека тероризмот, како краткорочен метод за постигнување конкретни цели, беше одлика на 20 век, но тој во денешно време станува интернационална закана, која на модерната цивилизација ѝ се заканува на повеќе скалила, со интенција за менување политички системи, закони и политики, со менување на постојната географија во борбата за прераспоредувањето на центрите на моќ.

Модерниот тероризам со последните напади изминативе две-три години претставува шлаканица за отрезнување. Неговите закани, сега повеќе од кога и да е, Европа ги почувствува на своја кожа, а милитантите од Блискиот Исток конечно успеаја во намерата и под закана од сила ги натераа земјите од Стариот континент присилно да ги заострат препознатливите европски закони, од оние кривичните до оние што ги регулираат слободното движење и патување на граѓаните.

Многу земји под наметката на борбата против тероризмот изминативе години ги заострија законските механизми заради поефикасно справување со вооружените милитантни групи. Земјите на ЕУ и оние што тежнеат да се зачленат во Унијата воведоа различни мерки како одговор на терористичките напади.

Во лавината реакции на површина избија безбедносните проблеми, но и популистичките барања. Министрите на ЕУ разгледуваат повеќе опции - од конфискување на документите за патување на осомничените екстремисти до размена на податоци за патниците од авиосообраќајот. Некои одат уште подалеку, па бараат суспендирање на шенгенскиот договор и враќање на граничните контроли, со што ќе се ограничи слободата на движење на луѓето, која е еден од главните столбови на ЕУ.

Македонските граѓани веќе пет години патуваат во земјите од шенген-зоната без визи. ЕУ неколкупати се закануваше дека може го укине безвизниот режим поради проблемот со лажните азиланти, меѓутоа Македонија и понатаму ги ужива придобивките од визните олеснувања. Но дали сето тоа може да се промени со најавените мерки во ЕУ за борба против тероризмот на Исламската држава сѐ уште е не јасно.   

Превземено од:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1261595479&id=13&prilog=0&setIzdanie=23378

 

Коментари
Нема коментари.
 
Архива