портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Путин смета дека новата власт на Украина е нелегитимна
март 2014

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за првпат по почетокот на кризата проговори на прес-конференција. Шефот на државата на прес-конференција на која го презентираше руското гледиште на ситуацијата во соседна Украина и ги повика политичарите во Киев да преземат мерки за зауздување на радикалните сили и за воспоставување на национално единство.


За ситуацијата во Украина

Оценката може да биде само една – вооружено преземање на власта. Никој не спори со тоа. Моето прашање е: зошто е тоа направено?

Зошто беше потребно да се вовлекува земјата во хаосот во кој сега се наоѓа? Нема одговор. Ако сакаа да ја покажат својата сила, според мене, тоа е глупаво дејствие. Со овие дејствија тие ги разнишаа југот и југоистокот на Украина.

Јас ним (на новите власти на Украина – заб. ред.) стопати им реков „зошто ја делите земјата?“, „што правите?“. Најнапред треба да се донесе нов устав и да се постави на референдум, со цел граѓаните на Украина да почувствуваат дека тие имаат влијание на врз формирањето на основните принципи. Но, тоа не е наша работа.

За можноста на странско влијание врз ситуацијата во Киев

Сето тоа е многу добро подготвено (преземањето на власта во Украина – заб. ред.). Западните инструктори вложија сили. Но, доколку власта била силна, никакви националисти не ќе можеа да ги извршат тие напади, чии резултати ги гледаме сега. Мене понекогаш ми се чини дека си седат некаде така во Америка покрај некоја бара и како над глувци си прават експерименти, без да ги имаат предвид последиците од она што го прават.

За можноста од влегување на војска во Украина

Користењето на воена сила е краен случај. Но, ние имавме директно барање од легитимниот претседател на Украина Јанукович за воена помош за заштита на граѓаните на Украина. Гледаме беснеење на неонацистите, на националистите, на антисемитистите кои се случуваат во некои делови на Украина, меѓу кои и во Киев. Влегувањето на војската е крајна мерка.

Нема да војуваме со украинскиот народ. Доколку и донесеме одлука за испраќање војска, тоа би било само за заштита на граѓаните. Ние не претендираме на тоа некого да поробиме, некому да му диктираме, но, секако, не можеме да стоиме настрана доколку видиме дека нив (рускојазичното население – заб. ред.) почнат да ги гонат, да ги уништуваат, да ги малтретираат.

За ситуацијата на Крим

Немаше пресметки, немаше ниту еден истрел. Единствено нешто што направивме е засилување на обезбедувањето на нашите објекти. Не планираме да се вмешуваме, но сметаме дека сите граѓани на Украина  треба да имаат исти права за учество во животот на земјата и за определувањето на иднината на земјата.

Тоа беа локални сили за самоодбрана (за војниците на Крим – заб. ред.). Ние не зедовме учество во нивната подготовка.

Прашањето за присоединување на Крим кон руските територии не се разгледува. Жителите на Крим во услови на слобода за изразување волја имаат право да си ја одредат својата судбина. Правото на нацијата за самоопределување никој не го укинал. Во никој случај нема никого да провоцираме и нема да подгревам никакви страсти.

За Виктор Јанукович

Тој нема политичка иднина. Ние се вмешавме во неговото учество од хумани причини. Мислам дека таму ќе го убиеја.

За цените на гасот

„Гаспром“ нема да се врати на старите цени, тој не сака да ги продолжи постојните попусти, за кои беше договорено да се применуваат или да не се применуваат квартално.

За финансиска помош за Украина

Ние во принцип сме подготвени да ги разгледаме чекорите за доделување на други транши, но нашите западни партнери бараат да не го правиме тоа. Тие бараат од нас заедно да работиме во рамките на ММФ за да ја поттикнеме владата на Украина за спроведување реформи за закрепнување на економијата. Владата сега разгледува различни варијанти.

Повеќе за ситуацијата во Украина

Пред три дена дадов наредба на владата да ги обнови контактите на владино ниво со своите колеги во соодветните министерства и ресори на Украина, за да не ги прекинеме економските врски, да ги поддржат во нивните стремежи за обновување на економијата.

За реакциите на светот

Нас нè обвинуваат за нелегитимност за нашите дејствија, но треба да се сетиме за акциите на САД во Ирак, во Либија, каде што тие дејствуваа било без никакви санкции, било со нивно одминување.

Нашите дејствија во целост соодветствуваат со нормите на меѓународното право, бидејќи имаме барање од легитимниот претседател, кое се совпаѓа со нашите интереси, така што им помагаме на луѓето, кои се тесно поврзани со нас на културен и на историски план.

За можните санкции против Русија

За последиците од таквите санкции треба да мислат оние кои имаат намера да ги воведуваат. Санкциите ќе нанесат штета на двете страни, затоа треба да се размислува. Нашите партнери го поддржаа вооруженото заземање на власта, ги признаа овие лица за легитимни. Сметаме дека сите закани на наша адреса се контрапродуктивни и штетни.

За можноста од бојкот на Параолимписките игри во Сочи

Доколку некој се обиде да ги попречи Параолимписките игри, тоа значи дека тие луѓе што ќе го направат тоа не знаат за ништо свето. Не постои никаква опасност за Параолимписките игри.

Превземено од:

http://ruskarec.mk/politics/2014/03/04/putin_smeta_deka_novata_vlast_na_ukraina_e_nelegitimna_31423.html
Коментари
Нема коментари.
 
Архива