портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
ЈУЖЕН ТЕК: Русија ја обвинува ЕУ за подмолност
јуни 2014




Одлуката на Европската комисија да ја блокира реализацијата на гасоводот Јужен тек претставува предупредување за земјите кои одат кон потпишување на спогодба за асоцијација со ЕУ, вели претставникот на Русија во ЕУ Владимир Чизов.

Тој тврди дека Бугарија била под огромен притисок пд Брисел за да ја донесе одлуката за прекин на работите на гасоводот.

„Европската комисија така постапи со земја која е полноправна членка на Унијата. Во таа смисла, тоа е сигнал за државите кои имаат намера да добијат асоцијативен статус, кој дава многу помали можности за одбрана на сопствените интереси“, вели Чизов.

Молдавија и Грузија имаат намера со ЕУ да потпишат спогодби за асоцијација, на самитот на 26 и 27 јуни, а Украина работи на завршување на потпишувањето на економскиот дел од документот.

Рускиот претставник во Брисел го осуди прекинот на изградбата на клучниот гасовод и оцени дека тој претставува „подмолен начин економски да се санкционира Русија“.

„Има директни знаци кои покажуваат дека потезите на Европската комисија во однос на Јужен тек се директно поврзани со украинската криза“, обвини Чизов.

Прекин на работите на Јужен тек најави Бугарија, а и Србија смета дека ќе биде невозможно работите на нејзина територија да продолжат по предвидениот план. Македонија се уште гради став и очекува разрешница за проектот, кон кој приклучување очекува и нашата земја.

Превземено од:

http://faktor.mk/archives/109885?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=juzhen-tek-rusija-ja-obvinuva-eu-za-podmolnost
Коментари
Нема коментари.
 
Архива