портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Туск во Скопје: Македонија да не прифаќа унилатерални решенија за бегалците
март 2016

Дел од медиумите во пресрет на посетата на Туск, објавија дека не успеал да ја промени позицијата на официјална Виена, чиј став е дека мора да се контролираат границите за да се спречи „организираниот хаос“.


Претседателот на Советот на министри на ЕУ, Доналд Туск, во состав на дипломатската турнеја низ државите кои се соочуваат со последиците на бегалската криза, попладнево ќе биде во неколкучасовна посета на Скопје, за време на која, според најавите, ќе се сретне само со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Темата повторно ќе биде справувањето со бегалската мигрантската криза, но се уште не е јасно какви ќе бидат барањата на Туск во име на ЕУ - од Македонија, која веќе речиси една година ги трпи последиците од бегалските бранови, за кои ни Унијата нема единствено решение. Освен што во недостаток на официјални информации, медиумите шпекулираа дека гостинот ќе го пренесе повикот на ЕУ, Македонија да не прифаќа унилатерални решенија и да се пронајде себеси во заедничката политика на Унијата.

Дел од медиумите во пресрет на посетата на Туск, објавија дека тој не успеал да на средбата со австрискиот канцелар Фајман да ја промени позицијата на официјална Виена, чиј став е дека мора да се контролираат границите за да се спречи „организираниот хаос“ при доаѓањето на бегалците во ЕУ. Но, по објавувањето на медиумските извештаи за последниот инцидент, кога македонската полиција со солзавец и чадни бомби се обидуваше да ги спречи бегалците да ја пробијат жичената ограда, Македонија пак стана топ-тема во светските медиуми и на дел од европските политичари. Европската комисија изрази загриженост за настаните на грчко-македонската граница, а со сличен став излезе и шефот на германската дипломатија Штајнмајер

Денес и словачкиот премиер Роберт Фицо и словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калињак, со македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски беа на македонско - грчката граница каде одржале прес конференција до самата жичана ограда зад која биле бегалците. 

Од грчката страна, на влез во Македонија, според медиумите сега веќе чекаат околу 12.000 лица, а Фронтекс најавува и понатамошно влошување на состојбата на македонско-грчката граница, со податоците дека приливот на мигранти последните два месеца е повеќе десетици пати повисок од минатогодишните јануари и февруари.

Автор:Синиша Станковиќ

Превземено од:

http://mk.voanews.com/content/macedonia-tusk-refugees/3216463.html

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива