портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Арапската пролет го редефинира регионот
јануари 2016

Во Либија, Сирија и во Јемен Арапската пролет остави во наследство граѓански војни, кои и натаму ќе бидат арени за судирот на конкурентните интереси.



Пет години од почетокот на Арапската пролет, поголемиот дел од Северна Африка и Блискиот Исток и понатаму ги потресуваат тектонски промени. Масовните протести не само што го сменија изгледот на многу модерни арапски земји туку почнаа и процес на фундаментално редефинирање на политиката во регионот. Во Либија, Сирија и во Јемен Арапската пролет остави во наследство граѓански војни, кои и натаму ќе бидат арени за судирот на конкурентните интереси. Но, земјите во кои протестите всушност почнаа, Египет и Тунис, не се соочија со исто ниво на насилство, кое ги снајде нивните соседи во регионот. Нивната стабилност делумно се должи на отпорноста на владите, кои само изгледаат дека спроведуваат демократски реформи. Сепак, овие стари и добро утврдени влади и натаму ќе се соочуваат со предизвици, а за нивната стабилност се заинтересирани и многу поголеми играчи, како што се САД, Израел и Саудиска Арабија, оценува американската компанија за стратегиски анализи „Стратфор“.

Не е потребен голем напор за да се оцени колку малку се изменети структурите на моќ во Тунис и во Египет. Иако тунискиот претседател Бен Али поднесе оставка, а истото го стори и Хосни Мубарак во Египет, нивното повлекување повеќе покажа колку беа моќни протестите против нив. Актуелниот туниски претседател Есебси беше дел од администрацијата на Бен Али, а неговиот египетски колега Ал Сиси беше почитуван генерал во моќниот воен совет за време на власта на Мубарак.

„Стратфор“ наведува дека една од причините поради кои тие успешно ја задржаа власта беше нивната подготвеност да попуштат, а не да се скршат пред барањата на околината по Арапската пролет. А сега најголема закана за двете влади се надворешните безбедносни кризи, кои ја загрозуваат внатрешната стабилност. Хаосот во Либија, вакуумот на моќ на Синајскиот Полуостров и конфликтите во Ирак и во Сирија доведоа до напади на туниска и египетска почва, истовремено привлекувајќи многу млади Тунижани и Египќани да им се приклучат во борбите. Справувањето со џихадистичката закана, чија цел сѐ почесто се туниски и египетски туристички и безбедносни локации, е важен приоритет и за двете земји. Но и Тунис и Египет се соочуваат со високи стапки на невработеност кај младите, како и сѐ поголеми животни трошоци. Околу 30 отсто од младите во Тунис се невработени, додека во Египет нивото е поголемо и изнесува над 40 проценти.

Покрај начинот на кој Египет и Тунис ги решаваат економските проблеми, важно е и како се однесуваат со нивните опозициски политички партии. Односите помеѓу египетскиот политички естаблишмент и исламистичката опозиција е многу полош. Воениот совет стоеше настрана додека демонстрациите го соборуваа Мубарак, а потоа му ја префрли вината на претседателот Мохамед Морси од Муслиманското братство за лошата економска и безбедносна состојба, поставувајќи се како спасител на голем дел од египетската елита, која беше револтирана од исламистичкото претседателство. Военото раководство потоа го стави настрана Муслиманското братство, користејќи ги истите техники од времето на Мубарак.

Стабилноста на Египет е од посебен интерес на Саудиска Арабија, која на Каиро му обезбеди заеми, грантови и енергетски поволности, односно ресурси за пацификација на египетските граѓани. Саудиска Арабија, како што оценува „Стратфор“, традиционално ги сметаше исламистичките партии за закана за нејзиниот легитимитет, но Ријад сега знае дека мора да заземе поумерен став во интерес на пошироката регионална стабилност, бидејќи посакуваните сунитски сојузници, како што е Турција, високо ги ценат исламистичките партии. Неодамнешните протести во Египет беа тест за способноста на владата да одржи ред, а откако тие поминаа релативно мирно, египетските лидери може да попуштат за некои прашања, како што се смртните казни за некои членови на Муслиманското братство, кои претставуваат пречка за затоплување на врските меѓу Египет и другите сунитски држави.

Превземено од:

http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=12816921504&id=11&prilog=0&setIzdanie=23671
Коментари
Нема коментари.
 
Архива