портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Галијашевиќ: Исламизмот во Македонија се потпира на групи од Косово
декември 2015




На Македонија и се заканува тероризам како политички мотивирана акција на групи и поединци чии цели се комплементарни со националната стратегија за хомогенизација на албанскиот етнички простор и поделба на земјата. Најслабата карика на антитерористичката борба и способност за зачувување на стабилноста во регионот се БиХ и Македонија, вели во интервју за Стандард.мк Џевад Галијашевиќ, експерт за борба против тероризам од Босна и Херцеговина.

Според податоците од аналитичкиот центар Суфан, 100 луѓе од Македонија заминале да се борат за Исламската држава. Каде е најголемиот логистички центар за „извоз“ на борци за ИСИС од  Балканот?

-Иако исламистичките движења се присутни во Македонија, тие не се така бројни и главно се потпираат на групи и организации во Косово, а делумно во Санџак и во Босна и Херцеговина. Најголема закана за македонската безбедност е соработката на исламистичките групи со делови од Исламската верска заедница во земјата, албанските политички партии и невладините организации.

Најголемиот логистички и оперативен центар на Исламската држава на Балканот е во БиХ. Овој центар е формиран во 1991 година, се развил и се засилил во граѓанската војна во БиХ, а изградил мрежа од групи и организации, логистичка поддршка и мрежа од радикални имами кои промовираат екстремизам и ја поддржуваат Ал Каеда и Исламската држава. Секојдневно регрутираат млади во своите редови. Во моментот на ирачко-сириското боиште има околу 340 борци од БиХ, односно 92 борци на милион жители.

Кој ги координира борците на Исламската држава од Македонија?

-Балканската мрежа на исламисти и терористи е единствена структура со висок степен на соработка, координирана акција и логистичка поддршка. Она што посебно ги поврзува сите исламистички групи во регионот е соработка на планот на „поврзување на исламистичките острови во единстена територијална целина“ преку туркофонските Бугари, Македонските Албанци, Косово и Санџак, спојување на Турција и БиХ-Истанбул и Сараево. Оваа програма која на Балканот преку разни средства ја финансира и ја поддржува Турција на Ердоган ја претставува познатата Неоосманска концепција „Зелена трансверзала“.

На оваа мрежа особено и даваат моќ многу од целосно хомогените „вахабиски населби“ преку кои дополнително се организира и се поддржува мрежата на исламисти во земјата и во регионот и постојаната регрутција на борци за Ирак, Сирија и Авганистан.

Кој и како ги финансира радикалните исламисти на Балканот и во Македонија?

-Најголема закана и она што ги поврзува исламистите на Балканот е Турција која ги користи сите свои верски, политички, разузнавачки, воени и економски ресурси за да изгради „Балкански калифат“. Вистинската Исламска држава е Турција на Ердоган, вистински покровител на ИСИЛ и на Ал Каеда е Турција и без неа ИСИЛ и самонаречениот халиф Ебу Берк ел Багдади би бил минорна појава без капацитет кој не би можел да ја загрози безбедноста на Европа. Турција покажа дека може да предизвика нестабилност, да предизвика бран бегалци кон границите на Европа, меѓу нив да уфрли голем број на луѓе обучени за изведување на терористички акции-за на крајот неказнено да ги попречува антитерористичките операции кои Русија ги изведува во Сирија и со тоа јасно да покаже дека ја поддржува Исламската држава и дека нема да дозволи нејзино уништување.

Поддршката на исламистите доаѓа главно од Турција, Саудиска Арабија и од Катар. Турција и Катар, особено ја поддржуваат Исламската држава, но и делови од воените формаци „Džabhatun Al Nusra“ на Ал Каеда, а Саудиска Арабија силно ја поддржува Ал Каеда и нејзините воени формации.

Постои ли опасност во регионот да се случи крваво сценарио како она во Париз?

-Голема е веројатноста до крајот на годината да се повтори крвавото сценарио како терористичкиот напад во Париз и убиството на двајца војници на вооружените сили на БиХ па дополнително да се загрози и да се дестабилизира подрачјето на Европа и целиот континент.

Дали Македонија е загрозена поради тероризмот?

-На Македонија и се заканува тероризам како политички мотивирана акција на групи и поединци чии цели се комплементарни со националната стратегија за хомогенизација на албанскиот етнички простор и поделба на Македонија. Поточно најслабата карика на антитерористичката борба и способност за зачувување  на стабилноста се БиХ и Македонија. Иако постојат видливи тенденции за предизвикување на внатрешна нестабилност на Косово, никогаш нема да го имаат појавниот облик кој подразбира деструкција на државата и отворена изградба на исламско општество и Исламска држава на дел од територијата или на значаен дел, како што е случај со БиХ и со Македонија. Ситуацијата ја прават драматично посложена заедничкиот настап на исламистите и терирстите и благата реакција заедно со јавната поддршка на ваквите групи, организации и политики од страна на разузнавачките служби.

(12.декември 2015 И.К. /Стандард.мк)





 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива