портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
НАТО, Русија и втората студена војна
мај 2014

Наместо да ги ресетираат лошите односи, Западот и Русија со кризата во Украина само ги бетонираа. Двете страни повторно разменуваат закани како од времето на Студената војна, па многумина сметаат дека таа всушност и не завршила или дека може да се зборува само за нова верзија - Студена војна.



За НАТО, Русија денес е повеќе непријател отколку партнер, изјави неодамна заменик-генералниот секретар на Алијансата и бивш американски амбасадор во Русија, Александар Вершбоу. Западњаците многупати нѐ излажаа и ни одлучуваа зад грб. Тоа се случи и со проширувањето на НАТО кон исток, како и со распоредувањето воени инфраструктури на нашите граници, пак, вели рускиот претседател Владимир Путин. Односите меѓу Западот и Русија се чини повторно го допреа дното. Наместо да ги ресетираат лошите односи, Западот и Русија само ги бетонираа со кризата во Украина. Повторно си разменуваат закани како од времето на Студената војна, па многумина сметаат дека таа всушност и не завршила или дека може да се зборува само за нова верзија - Студена војна 2.0.

Западот преку НАТО и ЕУ изминативе две децении, по падот на Железната завеса, успеа да стави под своја закрила повеќе од десет бивши советски држави од Централна и од Источна Европа. Русија секогаш остро реагираше на источната експанзија, а најостро во 2008-та, кога изби војната во Грузија.

Украина денес се заканува да прерасне во нов поголем конфликт во Европа. Обидите на Западот преку ЕУ и НАТО да ја придобијат Украина во свои редови наидуваат на жесток отпор од Русија, која во овие намери гледа закана за националната безбедност.

Кризата во Украина повторно ја отвори дебатата за ново проширување на НАТО. Тоа, според некои најави, би можело да се најде високо на агендата на наредниот самит на Алијансата во септември во Велс. За многумина тоа ќе биде можеби и најтешкиот самит за НАТО во неговата 65-годишна историја. Неговите членки сѐ уште заздравуваат со последиците од економската криза и се соочуваат со намалени воени буџети, а истовремено ќе мора да разгледуваат низа клучни прашања, од односите со Русија, повлекувањето од Авганистан, војната во Сирија, предизвиците во Африка и во Азија, до битката за ресурси на Северниот Пол, па конечно и проширувањето.

За Македонија се битни навестувањата за враќање на проширувањето на агендата на самитот на НАТО. Засега сѐ се сведува само на навестувања, кои одвреме-навреме се потврдуваат или се демантираат, во зависност од ситуацијата на теренот, поточно од кризата во Украина. Но НАТО не треба да чека криза да му ја диктира агендата за проширување. Не е потребен конфликт за Алијансата да кокетира со идејата за зголемување на членките.

Македонската армија досега учествуваше во повеќе меѓународни мисии на НАТО, ЕУ и на ОН и нашите војници секогаш позитивно беа оценувани од сојузниците. Домашните експерти и државата главно се согласни за придобивките од учеството во овие мисии, а се најавува и нивно зголемување. Сепак, доста е само од тапкање по рамо. Позитивните оцени за учеството во мисиите досега не се пресликаа во олеснување на пристапот на фондовите за јакнење на институциите и, најбитно, во остварувањето на евроатлантските амбиции на Македонија. Тоа треба да се промени. На НАТО не му треба Украина за да се проширува. Тоа треба да го прави принципиелно и според заслуги.

Превземено од:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5161485147&id=13&prilog=0&setIzdanie=23175
Коментари
Нема коментари.
 
Архива