портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Русија бара прекин на огнот во Украина
септември 2014

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека нема да има руска воена интервенција во Украина.

„Итен прекин на огнот“ во Украина мора да биде приоритет за клучните преговори, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Украински единици „мора да ги напуштат позициите од кои можат да му наштетат на цивилното население“, изјави Сергеј Лавров.

Украински и руски официјални претставници вчера требаше да одржат разговори со сепаратистичките бунтовници и меѓународните набљудувачи во главниот град на Белорусија, Минск.

„Воена интервенција нема да има, ние сме единствено за мирно решавање на таа тешка криза, на таа трагедија. Сите наши напори се насочени кон политичко решение на ситуацијата во Украина“, изјавил вчера шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесуваат агенциите.

Околу 2.600 луѓе загинаа во источна Украина откако почнаа борбите во април.

Конфликтот избувна по анексијата на Русија врз јужниот полуостров на Украина, Крим, во март.

Првите директни разговори минатата недела меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега, Петро Порошенко, не доведоа до голем напредок.

Сепаратистите напредуваат во однос на украинските сили во последните неколку дена во регионите Луганск и Донецк, а на југ околу пристаништето Мариупол.

Украинскиот воен портпарол Леонид Матјукин изјави дека војниците се борат со руска тенковска дивизија во градот Луганск. Според информациите во текот на ноќта, сепаратистите ја презеле контролата врз аеродромот таму.

Лавров вчера изјави дека очекува разговорите во Минск да се фокусираат на „постигнување согласност за итен и безусловен прекин на огнот“.

Тој додаде дека ќе „нема воена интервенција“ од Русија во Украина. „Ние сме за исклучиво мирно решение на таа најсериозна криза, таа трагедија“, изјави Лавров пред студенти во Москва.

На состанокот на т.н. контакт-група во Минск ќе учествуваат претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Спроти разговорите, претседателот Путин изјави дека треба да се дискутира за прашањето за „државноста“ на источна Украина за да се осигура дека интересите на локалното население „дефинитивно се поддржани“.

„Русија не може да стои настрана кога на луѓето се пука речиси директно“, рече тој, опишувајќи ги активностите на бунтовниците како „природна реакција на луѓето кои ги бранат своите права“.

Коментарите на Путин следеа откако ЕУ и' даде на Русија еднонеделен ултиматум да го смени курсот во Украина или да се соочи со повеќе санкции.

Рускиот лидер ја отфрли заканата од ЕУ, обвинувајќи ја дека „поддржува државен удар“ во Украина.

ЕУ и САД веќе воведоа замрзнување на средствата и забрани за патување на многу високи руски претставници и сепаратистички лидери во источна Украина. (Би-Би-Си)

Превземено од:

http://www.utrinski.mk/?ItemID=E88B4A03A4316244B7EB9F114A86FE85

Коментари
Нема коментари.
 
Архива