портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Алијансата го сака Белград, Москва предупредува
јули 2013
Александар
Србиновски

По поканата од Алијансата се огласил со изјава и рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, кој го предупредил Белград дека чинот на приклучување во НАТО значи формално признавање на независноста на Косово, бидејќи воената организација не го смета Косово за дел од територијата на Србија.



 Србија мора да си ја заврши домашната задача и да ги спроведе неопходните реформи, а истовремено треба и да знае дека вратите на НАТО се сѐ уште отворени, ова е изјавата на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, како одговор на армиското приближување на Белград кон Москва.

Потегот на Расмусен „неочекувано“ да ја повика Србија во Алијансата не бил без одговор во некои кругови во официјален Белград, анализираат руските медиуми.

- Оваа покана е уште еден конец во замотканото клопче на воената доктрина на Србија, кој го стега присуството на Србија како земја-набљудувач во Организацијата за колективна безбедност (ЦСТО), воен сојуз на Москва - анализира бирото на Руска реч на српски јазик.

Рускиот колумнист Михаил Вашченко на оваа тема пишува дека сега, откако Белград го доби статусот на набљудувач во воената организација на чие чело седи Русија, Москва ќе го следи секој чекор на Белград што би бил во правец на активно зближување со НАТО и би го третирала во најмала рака како недоличен.

Аналитичарот подвлекува дека односите помеѓу српската држава и НАТО никогаш не биле едноставни, а дополнително се нарушени кон крајот на 1990-тите.

- Тогаш сосила беше спречена антитерористичката акција на белградската полиција и армија за чистење на терористите во Косово. Под притисок на земјите од НАТО, тогашното југословенско раководство во 1998 година беше принудено да ја прекине интензивната оружена акција против бунтовниците на УЧК, а наредната година со воена агресија Алијансата ја нападна самата Србија - поентира Вашченко за московскиот медиум.

Тој во својот текст за „Руска реч“ заклучува дека е нелогично да ѝ се приближиш на алијанса што дури и пред багер-револуцијата во 2000 година Србија ја гледала како противник, најпрво на дипломатско ниво, а потоа и во отворена воена агресија.

По поканата од Алијансата се огласил со изјава и рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, кој го предупредил Белград дека чинот на приклучување во НАТО значи формално признавање на независноста на Косово, бидејќи воената организација не го смета Косово за дел од територијата на Србија.

Поранешниот руски амбасадор во Белград, Александар Конузин, пак, во текст на истата тема за порталот „Економист“ отворено рекол дека на односот на Русија со другите држави големо влијание има и фактот дали се тие земји-членки на НАТО.

Конузин истакнал дека ако Србија продолжи да инсистира за приклучување кон НАТО, со тоа би можела да ги загрози традиционално цврстите врски со Москва.

- Србија сама треба да одлучи дали ќе стане членка на НАТО или не, а во таа смисла на зборот околу овој процес не треба надворешна интервенција - подвлекол поранешниот дипломат.

За белградскиот весник „Вечерње новости“ пензионираниот генерал Радован Радиновиќ изјавил дека намигнувањата на Брисел за НАТО треба сериозно да се разгледаат оти Србија го зазема централното место на Балканот.

- Станува збор за агресивен воен сојуз, кој е во служба на американската глобална хегемонија и самото членство во овој сојуз за Србија носи големи ризици и закани по нејзината безбедност - рекол генералот.

Тој резимирал дека на Србија во денешно време не ѝ се заканува ниту една вооружена сила, што всушност било европски тренд, па токму поради тоа на земјата не ѝ ни треба никаква воена заштита што би дошла од Алијансата.

Превземено од:

http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=8613857119&id=9&prilog=0&setIzdanie=22946

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива