портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
САД и НАТО разузнаваат за стабилноста на Македонија
јуни 2013
проф. Томе
Батковски
Сметам дека САД и НАТО настојуваат што побрзо да се стабилизира состојбата во овој дел на Европа, а во таа смисла и Република Македонија на политички, стопански, воен и безбедносен план да претставува фактор на стабилност и сигурност во регионот.


Разузнавачкиот интерес на САД и на НАТО на Балканот е регионот што побрзо да се стабилизира, а Македонија да претставува фактор на стабилност, смета професор Томе Батковски од Факултет за безбедност-Скопје. По случајот со Едвард Сноуден, кој за британски „Гардијан“ откри дека американската безбедносна агенција НСА само за еден месец пресретнала 97 милијарди разговори и пораки низ целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија, Батковски вели дека не постои безбедносен систем кој не е ранлив, а клучно е да се применат стандардите за заштита и квалитетна безбедносна процена.

Од случајот е неспорно дека биле следени комуникации од и во Македонија. Kолку сме важни и интересни за меѓународната безбедносна заедница?

Разузнавачките интереси на големите сили се насочени кон Азија. Со други зборови, приоритетните политички, економски, воени, безбедносни цели се врзани за овој континент, а разузнавачките служби треба да обезбедат квалитетна поддршка во навремено доаѓање, обработување и доставување точни и целосни информации во рамките на проектираните стратегиски проекции на дадената држава или алијанса. Но, се разбира, тоа никако не значи дека престанал разузнавачкиот интерес спрема Балканот. Што се однесува до Република Македонија, мора да се има во вид поширокиот контекст на Балканот и, посебно, оној дел што го нарекуваат Западен Балкан. Сметам дека САД и НАТО настојуваат што побрзо да се стабилизира состојбата во овој дел на Европа, а во таа смисла и Република Македонија на политички, стопански, воен и безбедносен план да претставува фактор на стабилност и сигурност во регионот. Во таа насока е и нивниот разузнавачки интерес.

Дали во Македонија се судираат влијанија на различни безбедносни служби?

Република Македонија, пред се, треба да се гледа во контекстот на интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Во таа смисла, институциите на полето на разузнавањето, безбедноста и контраразузнавањето (цивилно и воено), своите активности ги планираат и ги реализираат во рамките на соработката со соодветните субјекти од ЕУ и НАТО, а во насока на поставените стратегиски приоритети. Се разбира, секогаш треба да се имаат во вид можни деструктивни дејствувања на поширок разузнавачки план против уставните вредности и виталните интереси на Република Македонија, како во земјава, така и во странство, што треба да наиде на соодветен одговор, пред с`, од надлежната служба за безбедност и контраразузнавање во тесна соработка со разузнавачката служба. Основа за навремено и ефикасно постапување на безбедносно-контраразузнавачки и разузнавачки план претставува изготвувањето квалитетна безбедносна процена.

Kолку е Македонија ранлива на случаи како „Сноуден“?

Не постои технички систем или, во поширока смисла, безбедносен систем, кој не е ранлив. Практиката покажува дека и најсофистицираните системи на техничка заштита може да бидат пробиени. Современите разузнавачки служби, со развојот на науката и на техниката, засилено го применуваат техничкото разузнавање – ТЕХНИНТ (Technical Intelligence), чиј потсистем претставуваат – ИТИНТ (Information Technology Intelligence), прибирање разузнавачки податоци преку информациска технологија, и – ХАKИНТ (Hackers Intelligence), неовластено пробивање на заштитени компјутерски системи, како потсистем на ИТИНТ. Се разбира, овде во голема предност се државите што се на врвот на скалата на политичка, финансиска и техничко-технолошка моќ. Од друга страна, постојат технички стандарди за заштита на информациите (ИНФОСЕЦ – Information Security), што, сметам, ги применуваат и нашите институции од разузнавачката и безбедносно-контраразузнавачката сфера. Токму соработката на овој план со ЕУ и НАТО, меѓу другото, предвидува и примена на вакви стандарди на планот на безбедноста на информациите.

Првеземено од:

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=EF8EC596D53CBF4BAAE7CC739BD1EBF0
Коментари
Нема коментари.
 
Архива