портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Нато со отворени врати
јануари 2013
Трипун
Карапетров
Дозволувањето на САД да отворат пункт (или база, како тврди руската   опозиција)  во Уљановск од каде  се доставуват разни стоки за потребите на војската на НАТО во Авганистан,   сугерира    заклучок    дека    изјавите    на   германските   експерти и З.Бжежински не се изолиран случај, туку дека нешто се случува далеку од очите и ушите на јавноста.

Последните неколку месеци, вниманието на светските аналитичари,  експерти  и политичари го  привлекоја размислувањата  и изјавите на еминентни познавачи    на растечите тенденциите  на  меѓународните  кризни состојби (финансиската криза, конфлилтите во регионот на Персискиот залив, војните во Ирак,  Авганистан, Сирија, засилениот притисок  врз Иран,  агресивоста  на тероризмот,  динамика со која   напредува   ширењето  на   трговијата    со  дрога,  проблемот  за  спречување  ширењето на атомското оружје и средствата за  масовно уништување) и сугестиите за надминување   на    светските   проблеми.   До јавноста први допреа изјавите на германските  политичари и аналитичари:Фолкер Рује, бивши министер за   одбрана   на  Германија, Клаус Хауман, генерален инспектор на оужените сили на Германија, Франк Елбе, бивши амбасадор во  Индија и Јапонија и Претседател на комитетот за планирање во германското МВР, Улрих Вајсе, бивши раководител на Комитетот  за  планирање во министерството  за одбрана. Ја елабоираја тезата,  дека  на   светот  му   се потребени мир,   стабилност,  безбедност и динамичен стопански развој. Сите  застанаа  на  ставот дека решението го гледаат во реформирањето на НАТО и  обединувањето  на   трите   фактори - Северна Америка,Западна Европа и Русија во рамките на НАТО. Ова  се случува прв пат од оснивањето на НАТО –1949 година.

Посебно внимание предизвикаа критичкиот осврт и изјавите на ХелмутШмит, бивши канцелар на Германија. Изрази загриженост што сеуште  не    е    дефинирана перспективата на НАТО. Застарените принципи не се прилагодуват со промените   и   што  германски  политичари не се  лидери за таквите промени -  “Изненаден сум што многу современи  политичари многу    лошо ја  познаваат историјата. Зошто во Германија не  се дебатира  за  прашања  од   стратегиски   интерес   за    НАТО. Загижувачки   е    фактот    колку    малку    политичари се разбираат за стратегиски прашања  од областа   на  безбедноста?.  Зошто не се размислува   за   тоа, каков  би бил ефектот со приклучувањето на Русија во НАТО?“

Од другата  страна на океанот на таа тема се огласи Збигнев Бжежински,  геополитички архитект,еден од највлијателните  во   креирањето на    надворешната политика и безбедност на САД.  На дебата во Институтот   Брукингс во Вашинктон на која се анализираше безбедноста на Евроазискиот   регион со   претставници  од Истамбулскиот   универзитет на  чело со Ѓулер Сабочи, истакна,  дека  Русија треба  да помине на страната на Запад (без свој   коментар  дека   ќе   биде   прифатена   од  Запад,што отстапува од неговиот  стил   на  елаборирање). По  негово “уверување“, Турција може да биде регионален лидер во Евроазискиот регион доколку“односите со Русија и Иран ги унапреди“-предупредувајќи ја Турција, доколку тоа не се случи таа улога ќе и припадне на Русија или Иран. Смета, дека Русија треба да се откаже од амбициите  за светски центар на моќта. Со преминувањето кон Запад може да го заштити  својот   територјален    интегритет на  теритеориите на Далекиот исток  од   Кинезите.

Русите не   коментираат  вакви  неофицијални     изјави     од    Запад. Меѓутоа, дозволувањето на САД да отворат пункт (или база, како тврди руската   опозиција)  во Уљановск од каде  се доставуват разни стоки за потребите на војската на НАТО во Авганистан,   сугерира    заклучок    дека    изјавите    на   германските   експерти и З.Бжежински не се изолиран случај, туку дека нешто се случува далеку од очите и ушите на јавноста. Просто не е за верување дека руските предрасуди   за   НАТО и САД трпат промена, имено:

- Целите    на   НАТО дефинирани 1952 година не се променети. Се памети изјавата  на првиот секретар на НАТО,англискиот лорд Гастингис Исмеј,“НАТО ни треба   за   Русија   (поистоветена со Советскиот сојуз) да ја држиме   надвор,  САД    внатре  а   Германија долу“. Со други зборови Русија надвор  од Европа, САД во Европа за  контролирање на  Германија; 

- на 31 март 1954 година  Русија има    испратено    нота  до САД,     Велика Британија и Франција со барање да се изучи прашањето за учество на   Советскиот сојуз   во   НАТО. На  таа  инцијативата му е одговорено “апсолутно е нереален карактерот на вашиот предлог“;

- во   Женева,   1955    година на советувањето за попуштање  на затегнатите односи  на   блоковите,   рускиот шеф  на  делегацијата Николај Булганин (тогашен премијер) го покрена прашањето за членство на Советскиот сојуз во  НАТО. На тоа, наместо одговор (по мемоарите на А.Громико), Двајт Ајзенхауер, Претседателот на    САД   само го истегнал вратот.

- На   20 декември 1991 година, после  распадот на Советскиот сојуз, Борис Елцин пред министрите  за надворешни   работи   на    НАТО во своето обраќење ја изрази спремноста на Русија за членство во НАТО.   Меѓутоа    не   доби     никаков одговор;

- На 31 мај 1995 година   НАТО и Русија прифатија соработка по програмата за    Индивидуално   партнерство.   По   тој основ на 10.декември 1996 година двете страни постигнаа согласност за потпишување на документ за взаемните односи. На 27 март следната година документот го    потпишаа Брорис Елцин и Хавиер Солана, тогашниот секретар на НАТО и го доставија до 16 – те членки на НАТО;

- Во март 1998 година Русија отвори    свое претставништво во седиштето на НАТО во Брисел. Но и тоа не помгна – ниту еднаш НАТО не го стави на дневен ред прашањето за Русија во НАТО. Претставништвото е затворено.

- Во 2000-та година,В.Путин во едно интервју на БИ-БИ-СИ со Девит Фрост јасно и  гласно    изјави   “Русија    може  да биде членка на НАТО“. Али од другата страна изостана било каква  реакција.

Процесот треба да се следи и анализира од повеќе аспекти.
Коментари
Нема коментари.
 
Архива