портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Македонија виновна за војните во бивша СФРЈ
декември 2012
Сашо
Клековски
Во историјата владеел концепт на неказнивост, убаво илустриран со една реченица во филмот „Рибата наречена Ванда“: „Ако убиеш еден човек, тогаш си убиец, ако убиеш повеќемина, тогаш си сериски убиец, а ако убиеш илјадници тогаш си војсководец“.


Еве, и јас се приклучувам во борбата за учинок со бомбастични наслови. По ослободителните пресуди на Анте Готовина  и Рамуш Харадинај, осамнаа наслови како „Само Тарчуловски останува да скапува во затвор“, што ме инспирира за насловот на овој коментар. Бидејќи ако само нашиот Јохан е во затвор, мора ние да сме виновни за војните во бивша СФРЈ.

Сепак, темата поради влијанието на меѓуетничките и меѓудржавните односи, како битни за стабилноста на Балканот, бара помалку сензационализам, повеќе претпазливост. Ослободување на виновниците е „убиство на правдата“, но зар, нема да биде убиство на правдата, ако се осудат невини луѓе? Или пак во формираните предрасуди за вината има место за претпоставеност на невиноста само на нашите, но не и за другите?  На пример помина незапазено информацијата дека Меѓународен суд за воени злосторства во поранешна Југославија (МСВЗПЈ)  има осудено 89 луѓе на 1,380 години, и тоа: Срби - 67 лица со 1.125 години затвор (околу 81 процент од вкупните казни),  Хрвати – 14 лица со 183 години, Бошњаци – пет лица со 41 година, Албанци – две лица со 19 години и Македонци – едно лице со 12 години. Тука не се вклучени постапките водени пред националните судови.

Значи не е точно дека нема осудени од сите страни, а дали тоа е праведно распоредено секогаш ќе биде различно перципирано од вклучените страни (држави, нации), бидејќи сите тие имаат различни перцепции за сопствената вина во минатите војни. Повеќето држави, вклучувајќи и Македонија, поаѓајќи од претпоставеност на невиноста на своите граѓани,  даваа поддршка на обвинетите и се радуваа на нивното ослободување. Како што сега Хрватите и Косоварите се радуваат, а Србите негодуваат, можам со леснотија да предвидам обратна ситуација, ако МСВЗПЈ го ослободи Воислав Шешељ. 

Зошто е зајадливоста на туѓата радост, ако многумина во Македонија се израдуваа од ослободителната пресуда на Љубе Бошковски и го дочекавме Бошковски како херој.  И таа пресуда ја ослободи македонската држава од одговорност во конфликтот во 2001 година. Исто како што многумина се убедени во невиноста на Јохан Тарчуловски, и кога ќе го заврши отслужувањето на казната, сигурно ќе го дочекаме како херој, исто како другите.

Толку ли е тешко да се разберат чувствата на другите, за прашања кои самите истото го чувствуваме!?

Во Балканот, и секако пред сè во Македонија, каде што повторно се соочуваме со пост-конфликтните прашања на „одговорност и помирување“, мораме уште еднаш да ја отвориме дебатата за транзициска правда, за повторно градење на довербата. Благодарејќи на Билјана Ванковска и други луѓе собрани околу РЕКОМ, таа дебата доби нов поттик во Македонија.

На прв поглед дебатата е меѓу два спротивставени модели: правда и помирување, казнена правда, или Нирнбершки модел и вистина и помирување или Модел на Комисија на вистината и помирувањето.

Во историјата владеел концепт на неказнивост, убаво илустриран со една реченица во филмот „Рибата наречена Ванда“: „Ако убиеш еден човек, тогаш си убиец, ако убиеш повеќемина, тогаш си сериски убиец, а ако убиеш илјадници, тогаш си војсководец“. Втората светска војна го постави фокусот на одговорноста, што води кон правното засновање на борбата против неказнивоста. Судовите во Нирнберг и Токио ги судеа членовите на воените влади на Германија и Јапонија. Оттука е називот Нирнбершки модел. Но потоа повторно завладува неказнивост. Од само-наметнато молчење за злосторствата на Црвените Кмери во Камбоџа, неодамна прекинато, до амнезијата за Франковиот режим во Шпанија, како преговаран компромис на елитите. Промените на крајот на 20 век, со вклучување на ООН и големите НВО за човекови права, но и војните во СФРЈ и геноцидот во Руанда, доведува до враќање на одговорноста на дневен ред. Тоа резултира во ад хок судовите во Хаг за бивша СФРЈ и во Аруша за Руанда, како и основањето на Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ). Уште повеќе казнената правда станува дел од мировните договори во Гватемала, Сиера Леоне и Бурунди.

Во Нирнбершкиот модел судот е златен стандард. Казнената правда е ориентирана кон жртвите, постои обврска да се казнат виновниците, бидејќи казната е тоа што го бараат повеќето жртви. Судските процеси доведуваат до утврдување кои биле виновниците, а кои биле жртвите. Вториот аргумент за казнената правда е дека го спречува земањето на правдата во свои раце и спречува одмаздничка правда и спирала на одмазди. Третиот аргумент е воспоставување на индивидуална одговорност, наместо перцепција на колективна одговорност, што ги храни предрасудите. Четврто воспоставува пример за сите идни виновници. И на крај казнивоста е дел од меѓународното право.

Од друга страна, постои дилема дали казнивоста е соодветен одговор насекаде и во секоја ситуација. Секое пост-конфликтно општество има многу разни приоритети и казнувањето на виновниците е еден од многуте предизвици. Казнувањата може да ја дестабилизираат транзицијата кон мир и демократија. Со судењата виновниците се во фокусот, а жртвите не го добиваат целото внимание потребно за исцелување. Судовите утврдуваат индивидуална вина, но не и образецот на злосторствата. И на крај постојат практични проблеми-доказите може да се недостапни или уништени.



Извадокот е превземен од:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12612857345&id=13&prilog=0&setIzdanie=22748
Коментари
Нема коментари.
 
Архива