портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
РУСКИОТ АМБАСДАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА ОСТРО: Западните двојни стандарди го доведоа светот...
ноември 2015




Политиката на двојните стандарди на Западот во двете кризи предизвика страшни резултати, рече рускиот амбасадор Олег Шчербак и напомена дека Западот го обвинувал Дамаск за користење на хемиско оружје против своите граѓани занемарувајќи го стравичното насилство од милитантните групи а даде карт бланш на властите во Киев и молчеше за страшните злосторства од украинските нацисти и казнените акции кои ги спроведуваше Киев во Донбас и ЛуганскКризите во Украина и Сирија се многу слични а двојните стандарди на Западот кој се се вклучи во кризите заради сопствениот геополитички интерес е најдеструктивниот елемент кој придонесе за глобална криза и го донесе светот пред амбис. Тоа е пораката на рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак на вчерашната дебата насловена “Аспекти на актуелната руска надворешна политика”.

Шчербак истакна дека на прв поглед кризите се апсолутно различни и немаат врска една со друга затоа што се работи за држави со различна култура одалечени илјадници километри.

-Сепак, доколку погледнете подлабоко, генезата на развојот на двете држави и природата на појавувањето на кризите е слична. Имено, двете држави добија самостојност после Втората светска војна и немаат долга државност. Сирија била под Турција а потоа окупирана од Франција. Ленин и Сталин ја создадоа Украина како дел од СССР. Во Сирија, во еден дел се сунитите и шиитите а во друг курдите и христијаните кои се делат на кланови. Украина доби независност со распадот на СССР што стана историска поделба на Запад и Исток. Големи грешки беа направени во надворешната политика и во социјално економската сфера кај двете држави што придонесе да се развие радикална опозиција која со насилство се бореше за своите интереси, рече Шчербак и додаде дека за Мајдан и за сириските немири, најголема деструктивна улога одигра Западот кој дејствувал само за нивните геополитички интереси помагајќи им прво со политички морал а потоа и воена помош.

Амбасадорот продолжи зборувајќи за политиката на двојните стандарди на Западот во двете кризи која предизвика страшни резултати напоменувајќи дека Западот го обвинувал Дамаск за користење на хемиско оружје против своите граѓани занемарувајќи го стравичното насилство од милитантните групи и даде карт бланш на властите во Киев и молчеше за страшните злосторства од казнените акции на Киев.

-Ваквата политика роди страшна поделба, ја предизвика големата бегалска криза и монструозниот радикализам за кој САД и ЕУ свесно или несвесно придонесоа да се легализираат радикалните групи кои тие ги користеа како ударен инструмент за смена на неподобни режими. Резултатот на оваа опасна политика е што Исламската држава како една од своите престолнини го има градот Рака а на истокот на Украина има доброволци со артилерија кои плукаат по договорите од Минск.

Во Сирија има исламски радикали а во Украина нацисти кои се крвави убијци кои убиваат кога се враќаат дома, вели тој и додаде дека ваквата политика на информациска војна и двојни стандарди ја зголемиле меѓународната тензичност и го враќа светот кон Студената војна втурнувајќи го во нова трка на вооружување.

Амбасадорот потенцираше дека во Украина, Русија била принудена да реагира во Крим затоа што украинските нацисти вршеле секакви злосторства против малцинствата ставот за Сирија е дека легитимното раководство не смее да биде соборено со насилство.

Неодамна, Русија започна со воздушни напади на територијата на Сирија против позициите на Исламската држава а после терористичкиот напад во Париз и срушениот руски авион во Египет, заеднички воздушни напади се изведуваат со Франција. Вчера, за само еден ден, руската авијација уништи 157 објекти на Исламската држава и 500 камиони со гориво а за првпат биле користени и крстосувачки ракети. (С.Р.)

Западот води информациска војна

Амбасадорот истакна дека Русија била повикувана да се приклучи на Меѓународната коалциија но кога почна прецизно и ефикасно да ги уништува целите на Исламската држава, била обвинета дека нема за цел да се бори против тероризмот туку да го зачува Асад на власт.

-Русија направи нешто без преседан. Побара од САД податоци за позиции кои не треба да бидат бомбардирани за да ги одбегнуваме но Вашингтон го одби нашето барање. Во меѓувреме, започна информациската војна преку медиумите кои се повикуваа на соопштенија од Пенгатон дека недолжни цивили загинале од руски бомби што беа тотално неосновани, вели Шчербак.

Ултиматумите се закана за целиот свет

Во сите изминати години, вели амбасадорот Шчербак, Русија истакнува отвореност за фер и конструктивна соработка со сите.

-Русија не ја прифаќа политиката на ултиматиуми затоа што смета дека е закана не само за нејзините интереси и безбедност туку дека е закана за целиот свет. Само со заеднички акции во согласност со заедничките интереси можеме да ги надминеме овие кризи, смета Шчербак.

Без меѓународното право, светот ќе стане хаос

“Светската заедница беше пред амбис со несогледиви последици поради глобалната криза. Сепак ние сме оптимисти и поаѓаме од ставот дека и најтешките конфликти можат да бидат решени ако се воспостави систем на рамна и неделива колективна безбедност за сите која ќе се темели на меѓународното право што ќе го гарантира ОН, потенцира амбасадорот Шчербак.

Тој продолжува и вели дека сите држави, големите и малите ќе придонесат за тоа и не смеат да постојат држави кои ги водат сите и држави кои се целосно водени.

-Русија практикува политика на не вмешување во внатрешната политика на суверените држави. Путин во ОН рече дека доколку биде соборен системот на меѓународното право, во светот ќе владее правилото на најсилниот и ќе има повеќе диктат отколку демократија, повеќе протекторати кои се управуваат од надвор отколку држави. Во светот има доволно држави кои ја ценат својата слобода и не сакаат да бидат вазали на туѓата шаховска табла, истакна Шчербак.

Превземено од:

http://infomax.mk/wp/?p=41981#
Коментари
Нема коментари.
 
Архива