портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
И на НАТО не му се брза за Македонија
октомври 2015
Извор: Фазан.мк
Република Македонија да биде примена во НАТО не е потребен самит на НАТО. Заклучокот од Букурешт дава можност земјата да биде примена во НАТО со обична констатација дури и на некој од редовните неделни состаноци на амбасадорите на земјите членки на НАТО...





Од сегашна временска гледна точка Република Македонија нема никакви, ниту теоретски шанси на претстојниот самит на НАТО во Варшава да биде примена за рамноправна членка во алијансата. Ставот на НАТО од самитот во Букурешт до денес е непроменет, а е непроменета и ситуацијата за спорот со името на релација Скопје – Атина. Значи, се` уште е валиден заклучокот од Букурешт дека РМ може во НАТО доколку го реши спорот со Грција.


За ова седум години не е мрднато од мртва точка па нереално е да се очекува дека за неколку месеци до самитот во Варшава може нешто да се случи. Ништо ново не ќе се счучи. Впрочем за Република Македонија да биде примена во НАТО не е потребен самит на НАТО. Заклучокот од Букурешт дава можност земјата да биде примена во НАТО со обична констатација дури и на некој од редовните неделни состаноци на амбасадорите на земјите членки на НАТО во Брисел дека „спорот со Грција е решен“.

Оттука, спомнувањето на самитот на НАТО во Варшава во контекст на „приемот на Република Македонија во рамноправно членство во Алијансата е само од домашни дневнополитички потреби. Згора, и НАТО, во услови кога Република Македонија во пракса и се однесува па донекаде и е третирана како рамноправна членка, (военото учество на македонските војници во разни мисии во здружените НАТО сили и учество на бројни заеднички вежби со единиците на Алијансата и особено неколкуте договори на воен план што земјава ги има потпишано со НАТО па и со САД и особено валидниот договор „Партнерство за мир“, упатува на заклучокот дека ниту на НАТО ниту на Република Македонија им се брза за „рамноправно членство“.

 


Коментари
Нема коментари.
 
Архива