портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
„ТУРСКИ ПОТОК“ – шанси и ризици
мај 2015
Наталија
Алешкина Талевска
Но, неочекувано за сите и за големо незадоволство на САД, Русија објави дека се договори со Турција, Грција, Македонија, Србија и Унгарија за градење на новиот гасовод „Турски поток“. Гасот ќе го пренасочат искористувајќи го објектот кој беше изграден според проектот „Јужен тек“ на територијата на Руската Федерација. Од Русија под дното на Црното море гасот ќе оди во Турција па до Грција.


Веќе повеќе од јасно е дека нема да има враќање на проектот „Јужен тек“ .

САД и Европа го претворија многу милионскиот проект во инструмент на политичка игра. Само да напоменам дека Европа неколку децении добива руски гас преку Украина која не само што не ги плаќа долговите пред Руската Федерација, краде гас кој е наменет за европејците, но и непријателски е расположена кон Русија и руските граѓани. Во 2019 година завршува договорот помеѓу Русија и Украина. Земајќи го во предвид горенаведеното Путин нема намера да го продолжува истиот и затоа стана збор за тоа како ќе се транспортира рускиот гас.

Гасот кој го употребува Европа 2/3 е руски, а 1/3 норвешки. На почетокот изборот падна на Бугарија. Оваа држава требаше да стане нов дистрибутер на руски гас низ Европа. Гасоводот требаше да помине под  дното на Црното Море до бугарската Варна и потоа да се дистрибутира во Австрија, Италија, Унгарија, Србија, Словенија. Во 2012 година Русија почна да ги гради на нејзината територија првите објекти кои биле предвидени во „Јужен тек“.

После средбата помеѓу бугарскиот премиер Пламен Орешански и америчкиот сенатор Џон Макејн која траеше три сати зад затворени врати, Бугарија изјави дека нема да дадат дозвола Русија да гради гасовод на нивна територија. Ама, откако Бугарија разбра дека во оваа шах игра таа е само пиун, побара да се врати проектот „Јужен тек“ . Ситуацијата дојде да ја смирува американскиот државен секретар и сенатор Џон Кери кој љубезно и` понуди на Бугарија од американскиот гас од шкрилци со зборови за поддршка дека Бугарија донесе смело решение да се откажи од зависност од рускиот гас и да ја заштити нејзината енергетска иднина.

Сакам да забележам дека Америка континуирано им го нуди својот гас на европските земји, како на Србија, Литванија, Бугарија, Естонија. Кондалиса Рајс, американски државен секретар 2005-2009 година отворено  изјави во 2014-та дека Европа треба да ги користи ресурсите на Америка и тогаш нема да и треба рускиот гас и нафта.

Но, некако не можат да се одлучат европејците да го заменат рускиот гас со америчкиот. Тоа е така поради што америчкиот гас е за 1,5 пати поскап од рускиот, а тоа е најниската цена по која можат американците да го нудат нивниот ресурс. Причината е во самиот метод на црпење на гасот од шкрилците. Таковиот ресурс го добиваат од наоѓалишта кои се наоѓаат во шкрилци седиментни карпи на земјината кора качувајќи го гасот на површина со метод на хидро раскинување на слоеви на земјата. Бушат хоризонтален бунар и го туркаат на површина гасот со вода и со хемикалии. Една од хемикалиите е метан. Тој ја прави водата отровна и запаллива. Умира стоката, се појавуваат нови болести кај жителите во околината на наоѓалиштата. Се сеќавате на видео кое го имаше на youtube каде што жител на едно село во близина на наоѓалиштето „Хофмастер“ со запалка ја пали водата од чешма?

Но, неочекувано за сите и за големо незадоволство на САД, Русија објави дека се договори со Турција, Грција, Македонија, Србија и Унгарија за градење на новиот гасовод «Турски поток». Гасот ќе го пренасочат искористувајќи го објектот кој беше изграден според проектот „Јужен тек“ на територијата на Руската Федерација. Од Русија под дното на Црното море гасот ќе оди во Турција па до Грција. Во таков сојуз Москва и Анкара победуваат. Турција добива приходи за транзит на руски гас, големи попусти со што руски гас за Турција ќе биде ефтин и зголемување на геополитичкото влијание на Европа. Русија ќе добие нов излез на евопскиот пазар и нов сигурен партнер. Финансиски Русија не губи ништо од промената на насоката на гасоводот. Исто така доста интересно е и тоа што според европското законодавство член 12/2 од третата гасова директива Европа е обврзана самата да изгради гасоводот на нејзината територија за достава на гас во количина која е наведена во договорот. Каде ќе бара Европската Унија пари за изградба на гасоводот е знак прашалник. ЕУ веќе се повеќе и повеќе се соочува со внатрешни незадоволства. Германските опозиционери Сара Вагенкнехт која повикува да се воведат санкции против САД и Грегор Гизи, австрискиот Хајнц Кристиан Штрахе, французинката Марин ле Пен која активно ја подржуваше Русија во прашањето за Крим и со овие презимиња не се ограничува списокот на европските поддржувачи на Руската Федерација.

Дали има рускиот гас конкурент? Да ја анализираме заедно светската ситуација со гасова индустрија. На Јужен поток за главен конкурент во западните средства за масовна информација бил прогласен  проект  „Набуко“. Гасоводот „Набуко“ требаше да  транспортира гас од Азербејџан и Туркменистан  преку Касписко море во Европа. Ама „Набуко“ не беше реализиран. Сега за главен конкурент на „Турскиот поток“ прогласуваат аналоген на „Набуко“ проектот ТАП-ТАНАП. Спроред проектот азербејџански гас треба да се транспортира од Азербејџан до Турција, потоа до Грција, Албанија и до самата Италија. Максимална пропустност е 10 милијарди метри кубни на годишно ниво. Со таква моќност Азербејџан не ќе можи да ја обезбеди со гас цела Европа. Сакам да напоменам дека максимална пропустност на „Турскиот поток“ е 60 милијарди метри кубни на годишно ниво. Толкава мала пропустност се објаснува со мал капацитет на Азербејџан во споредба со Руската Федерација. Плус,  Азербејџан е поврзан со долгорочен договор со Кина која е подготвена да купи толку количина на гас колку штоАзербејџан може да понуди. Тоа е поисплатливо и повеќе реално  отколку митските бенефиции од градењето  и реализација на гас во европските земји.

Норвешкиот гас? Моментално гасот кој го користи  Европа  1/3 е норвешки. Плус пред некој месец во Литвнија дојде брод „Independence“ кој донесе норвешки гас според договорот кој е склучен помеѓу Литванија и Норвешка. Бродот „Independence“ ќе престојува на пристаништето Клајпиде и ќе биде како магацин на норвешки гас. „Independence“  треба да биде нов државен енергетски систем на Литванија. Во тој ден председателката на Литванија Далја Грибаускајте изјави дека сега Литванија енергетски е независна. Ама колку ќе кошта таквата независност и колку ќе трае?

Пред тоа Литванија гас купуваше од Гаспром. Сега цените на „енергетска независност“ со помош на Норвешка ќе коштаат 1,5 пати поскапо, плус 150 илјади евра на ден како кирија за изнајмување на бродот Independence . Ако ги анализираме норвешките наоѓалишта ќе ни биде јасно дека повеќето од наоѓалиштата скоро се празни, како наоѓалиштето Фриг. Соседните наоѓалишта содржат само 10% од ресурсите што ги имаа кога бил пронајден гас во нив. Специјалисти велат дека по 6 години сите норвешки наоѓалишта ќе бидат празни. После тоа на помош на Литванија ќе стигни Америка како што изјави америчкиот сенатор Џејмс Инхав.

Саудиска Арабија и Катар не се заинтересирани за извоз на нивниот гас во Европа поради долгорочните контракти со други земји.

После кратко направената анализа станува јасно дека на крај Европа ќе мора да се освести, да ја прекине бесмислената војна со Русија во која ЕУ не е учесник на војна, туку само средство на САД. ЕУ за да избегне вдлабочување на еконимска криза која веќе е започната поради санкциите и поради избегнувањето на енергетската криза ќе мора  да стапи во преговори со Русија. Време уште има, цели четири години.

Меѓутоа Турција со „Турскиот поток„  ќе има ефтин гас, статус „земја-дистрибутер на руски гас“, ќе го зголеми геополитичкото влијание врз Европа. Македонија ќе добие гасовод вложувајќи само 15 милиони.долари поради тоа што другите неопходни 60 милиони ќе ги плати самата Русија како долг на СССР спрема Југославија, нови работни места, долго очекувана гасификација и т.н.

Според мене „Турски поток“ потребен и е на Москва не е само од економски причини. Проектот е и обид на Русија да ги обедини христијанските Грција, Македонија и Србија и со тоа да создаде проруски регион на Балканот во центарот на Европа.

Македонија не треба да ја пропушта шансата. Сега е времето на зближување на православна Македонија и православна Русија земајќи ги во предвид заканите направени кон христијаните од терористите од Исламската Држава, земајќи во предвид растот на воена сила, геополитичкото влијание, финансиското зајакнување на Руската Федерација. После проектот според мене треба да се прошири и трговската соработка со намалување на царинаската стапка. Според најлошото сценарио во случај ако Европа со штета на сопствениот буџет ќе се откажи од рускиот гас дали ќе настрада Русија? Во град Саратов веќе се спремаат за градење на гасовод „Сила на Сибир“. Гасоводот ќе ги поврзи наоѓалиштата во Јакутија и Владивосток што ќе дозволи транспортирање на „сино злато“ во Азиски-Тихоокеански регион. Конечната цел на гасоводот е Кина. Се планира дека новите договори за соработка ќе дозволат да се извезува гасот во Кина во количини кои ќе бидат многу поголеми од извозот во Европа. Се разбира дека тогаш Европа ќе биде втор клиент на рускиот гас за Руската Федерација. Извозот во Турција ќе се зголеми од 14 милјарди кубни метри во годината до 17 илјади.

Се разбира дека политичарите од САД кои толку сили имаат вложено во нереализирање на „Јужен поток„ нема да се помират толку лесно. Обично американците на почетокот користат метод на убедување и лажни ветувања  како што беше со Бугарија која изгуби 3 млрд.евра инвестиции и други преференции поради одбивање на „Јужен тек“ и Украина која доби дефолт на државна економија, војна, фашистички групи со кои не може повеќе да се справи ни председателот Петр Порошенко и американското (НЕ )бесплатно оружје , сендвичи и конзерви со поминат рок. Потоа се користи метод на валкани режирани бунтови, како во Турција почнувајќи од 2013 година. Се вжешти ситуацијата на крајот на Март. Сакам да акцентирам дека токму  овие денови Турција и Русија  објавија дека сакаат да практикуваат исплати помеѓу нив во национални лири и рубљи, а овој факт ќе влијае на еврото и доларот. Ама председателот  Ердоган не е човек кој може толку лесно да биде убеден да ги игнорира сопствените интереси поради интересита на друга земја.  Кога „Јужен поток“ беше актуелен , Реџеп Таип Ердоган се соочи со обид на револуција.

 „Сириза“ за која во последно време многу се слуша се соочи со немири на крајот на Фебруари и истовремено и Унгарија каде протестите беа насочени кон Виктор Орбан. Дури и во мировна Македонија опозицијата ги активира „бомбите“ во фебруари, а за „Турскиот поток“ објавија на крај на Јануари.  Денес од страна на САД се применува кон Македонија пожесток метод на сила земајќи го во предвид Гошинце.

Сите овие немири се финансирани и режирани од истиот центар.

Време ќе покажи дали некоја од државите - учесници во „Турскиот поток“ ќе јави мекост и нерешителност и ќе ја повтори грешката на Бугарија.




Коментари
Нема коментари.
 
Архива