портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
НАТО и ОДКБ - Организација за колективна (не)безбедност
февруари 2015
Наталија
Ивчева
Доколку Македонија треба да се одлучи треба да ја одбие поканата од НАТО. Прво поради принцип и нивната наводна неможност да не признаат под уставното име, второ поради тоа што знаеме дека како членка на НАТО Македонија ќе треба да биде земја-агресор во глобалните конфликти.


Мое лично мислење е дека НАТО и не би значело којзнае си каква придобивка за Македонија, ниту безбедносна ниту по однос на подобрување на квалитетот на живот. Благодарение на она што во моментот е НАТО, благодарение на она во што НАТО се претвори, и секако незаобиколувајќи ги исклучително ниските стандарди на НАТО по приклучувањето на Албанија во својата алијанса, сметам дека НАТО може да ја вовлече Македонија во поголема безбедносна криза од било кога досега.

Речиси по своето 65 годишно постоење НАТО алијансата е апсолутно непрепознатлива имајќи ја во предвид основната идеја на оваа организација. Знаејќи дека во 1949 година алијансата е формирана со цел да се обезбеди колективна одбрана од трети страни на државите членки, со цел да се превенира нова глобална војна, денес оваа алијанса всушност и предизвикува нова. НАТО алијансата во последните 10 години се ребредираше во глобален полицаец во служба на САД, кој зависно од геополитичките интереси на САД воено интервенира во светот. Колкупати сме биле сведоци на директни хушкања

и подбуцнувања на крвави конфликти преку герилска војна поддржана од алијансата или пак директни агресии врз држави како онаа во Србија. Денес сме сведоци на вмешувањето на НАТО во Украинскиот конфликт и предизвикување на герилска војна со нивна логистика, а сето тоа поради овозможување на поволен геополитички терен на САД.

НАТО во последните децении по паѓањето на Советскиот Сојуз се претвори во организација која глуми дека го обединува целиот Европски континент во борбата против муслиманските орди и секако против Русите...за секој

Знаејќи го ова сметам дека доколку Македонија треба да се одлучи треба да ја одбие поканата од НАТО. Прво поради принцип и нивната наводна неможност да не признаат под уставното име, второ поради тоа што знаеме дека како членка на НАТО Македонија ќе треба да биде земја-агресор во глобалните конфликти. За среќа во светот постои и еден пандан на НАТО кој функционира на принципте првично замислени од оваа алијанса. Постои сојуз на држави кои работат на колективна одбрана, но никогаш не нападнале никого. Постои сојуз кој има пропишана забрана за напад на било која држава во светот. Постои сојуз кој е основан само поради сопствена одбрана, наспроти оној кој служи за се освен одбрана на своите членки.

Имено, во 1992 година на 15 Мај за време на брзи промени и безбедносни предизвици по однос на промената на безбедносната архитектура во Евроазискиот регион, беше потпишан Договорот за организацијата за колективна безбедност. На почетокот овој сојуз ги вклучуваше Русија, Белорусија, Ерменија како и четирите централно азиски Советски земји Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Таџикистан. Првичната идеја на оваа организација е борба против трговијата со дроги, тероризам и организиран криминал со заклетва на сите земји членки дека во случај на напад на една од државите од трета земја итно ќе обезбедат воена помош на нападнатата Органзиацијта која беше формирана во раните 90-ти своето постоење го должи на источно-европската експанзија на НАТО посебно по падот на СФРЈ, по што беше планирано и поставувањето на ракетен штит во источна Европа во сопственост и под контрола на САД, за што како оправдување беше наведена заканата од руските нуклеарки.

Овој притисок ја натера ОДКБ да формира Колективна единица за брзо одговор и реакција која ќе се спротистави на тероризмот, ќе одбие надворешна агресија, спроведувајќи специјални мисии и борба против тероризмот, претежно во Евроазискиот регион. Оваа единица беше формирана во 2009 година на 14 Јуни. Единицата својата команда ја има во Русија, а е составена од припадници на специјалните единици на земјите членки. За да направи алтернатива на НАТО, ОДКБ потпиша и договор со ОН за учество во мировни мисии низ светот, по што земјите членки на ОДКБ формираа и мировен контингент со кој оперираат во мировни мисии низ светот.

Дополнително, земјите членки се согласија и потпишаа интерен договор кој забранува отварање на странски бази во земјите членки на ОДКБ, додека затварањето на постоечките е оставено на суверена одлука на земјите членки.

Досега, ОДКБ има формирано борбени сили кои се пандан на НАТО, во одредени аспекти дури и помоќни од силите на НАТО. ОДКБ како организација досега остварува соработка со голем број економски сојузи, учествува во мировни мисии, никогаш досега се нема конфронтирано со тероризам и никогаш нема извршено агресија и притисок врз земја која не е членка на ОДКБ. Имено, ОДКБ е алтернатива за безбедноста но и гаранција дека сувереноста на сопствената држава нема да ја заложите кај некои центри на моќ кои ќе ја користат како мерка за поткусурување со цел остварување на сопствените геополитички цели.

НАТОфилите сепак продолжуваат да го игнорираат очигледното прашање во врска со северно-атлантската алијанса. Зошто едноставно оваа алијанса не згасна откако ги оствари целите поради која беше формирана? Откако го срушија СССР и од кога го растурија Варшавскиот пакт? Тие исто така не чувствуваат дека треба да дадат објаснување зашто Северно-атлантската организација треба да се проширува во регионот на Евроазија и да води војни во Централна Азија. Дали ОН не се најповикани за овие интервенции?

Како што наведов и претходно, Русија по собирањето на парчињата од својата дипломатија и по формирањето на сојузот на ОДКБ стана сериозна алтернатива на НАТО. За разлика од НАТО, ОДКБ е признаена и од Шангајската Организација за соработка која заедно со БРИКС мометанлно се најголеми аспиранти за лидерската позиција во светот. Денес ОДКБ работи отворено со ОН, ОБСЕ и сите останати економски и безбедносни организации, освен со НАТО. Не дека ОДКБ не побара соработка од НАТО, едноставно тие останаа глуви на пораките, знаејќи дека доколку прифатат соработка со НАТО ќе треба да го признаат поразот во Авганистан, ќе треба да се откажат од Турското непријателство кон Русија кое во последните неколку месеци беше заменето со соработка и пријателство кое заживеа со силен интензитет, и знаат дека доколку прифатат соработка ќе го загубат Балканот. Во тој случај НАТО нема да има слободен терен на кој би можела да прави конфликти зависно од интересите на големите играчи. Македонија во овој случај многу повеќе би профитирала од ОДКБ отколку од НАТО, причината е едноставна. Тероризам поддржан од странски држави, агресија врз членка на ОДКБ како и агресија на членка на НАТО врз земја членка на ОДКБ би значело судир на два титани. Имајќи го предвид окружувањето на Македонија, ОДКБ е нашиот единствен логичен избор.

За крај, додека НАТО се обидува да ја задржи моќта, истата се префрла од САД кон БРИКС и Шангајската Организација за Соработка. Сите Косова, Грузии и Азербејџани, сите ГЦЦ+2, Дијалози и партнерства во светот нема да бидат во можност да ја извлечат алијансата од комата во која запаѓа. Секако, овие достигнувања можат да служат само за фасада, полека но сигурно влечејќи го НАТО подлабоко во калта во која самата алијанса се заглави, веднаш по пост-Студениот конфликт кога се “реформираше” во светски полицаец.
Коментари
Нема коментари.
 
Архива