портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Западните медиуми решија дека со откажувањето на Јужен тек Русија и објави гасна војна на Европа
декември 2014

Противењето, кое што ЕУ го има кон "Јужен тек" во последните месеци, во голем дел беше поврзано со желбата на Брисел да го поддржи Киев во неговото спротивставување на Москва.


Медиумите, коментирајќи ја сензационалната изјава на претседателот Владимир Путин, за стопирањето на изградбата на гасоводот "Јужен тек", пишуваат за тоа дека ова решение негативно ќе се одрази врз дополнителните испораки на гас во Европа, и дека Москва може да зажали за плановите да го сврти гасоводот на страната на Турција, бидејќи Анкара е проблематичен потрошувач.

После тричасовната средба на Путин со својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател изјави дека проектот "Јужен тек", по којшти беше планирано да се испорачуваат 63 милијарди метри кубни гас во земјата од Јужна и Централна Европа, заобиколувајќи ја Украина, ќе биде запрен. Тој подвлече дека оваа мерка е изнудена заради мерките на противење на ЕУ во процесот на реализација на проектот главна препрека беше отстуството на решение за дозвола за градба од страна на Бугарија.

На Запад изјавата за запирање на реализацијата на проектот ја примија двосмислено. Весникот The New York Times го нарече решението дипломатск фијаско на Путин. Британското издание The Times, напротив, смета дека Путин и објаби гасна војна на Европа. Според мислењето на весникот, Москва, со помош на економските мехнизми, се стреми да ги казни земјите од ЕУ за нивната осуда на дејствата на Москва во однос на Украина.

Како што беше објавено неодамна, "Гаспром", наместо Јужен тек, планира да ја сврти цевката кон Турција, којашто може да стане најголем посредник за продажба на рускиот гас. Путин соопшти дека прво, ќе биде зголемена моќноста на гасоводот „Син тек“, а второ, "Гаспром" ќе изгради на турска територија, на границата со Грција дополнително гасно складиште.

Кремљ ја вклучи гасната дипломатија „до даска“

Меѓу тоа, во Европската комисија изјавија дека засега не добиле никакво известување за откажувањето на Русија од "Јужен тек". "Ние видовме соопштение за намерите на Русија да се откаже од овој проект, но, засега не сме добиле никаква официјална информација по тој повод", - изјавија за ТАСС од прес-службата на ЕК.

"Еврокомисијата не настојуваше на целосно запирање на изградбата на гасоводот "Јужен тек", туку само бараше негово целосно усогласување со нормативите на "третиот енергетски пакет", - истакна  од оваа институција. Согласно тој законодавен акт, меѓу другото, до 50% од моќноста на "Јужен тек" мора да бидат резервирани за проток на гас од независните компании.

Од своја страна, властите во Србија го нарекоа решението за излез на Русија од проектот за изградба на "Јужен тек" лоша новост за својата земја. Ова денеска го изјави премиерот на Александар Вучиќ, за време на посетата на Израел, соопшти белградската агенција Танјуг.

"Србија воошто не придонесе за вкво решение. Речиси седум години таа внесуваше многу работа и труд во овој проект. Претпоставувам дека овој проект беше добар за Србија, ние не се откажавме од него дури и под најжестоките притисоци, но, ние плаќаме за конфликтот меѓу големите", - ги цитира збровите на Вучиќ РИА "Новости".

Премиерот соопшти дека планира да учествува на најблиското заседание на Советот за безбедност на ООН во Њујорк, а по враќањето на во својата земја ќе контактира со Владимир Путин по ова прашање, како и со другите претставници од руска страна.

Од Турција може да се очекуваат проблеми, предупредуваат аналитичарите

Експертите сметаат дека реализацијата на турскиот проект може да не ги оправда надежите на Русија. Како што соошти првиот човек на "Гаспром" Алексеј Милер, во изградбата на гасоводот во Турција, можно е да учествуваат локалните инвеститори. Морскиот дел ќе почне од пунктот "Рускаја" – стартна точка на "Јужен тек" и гасоводот кој веќе е во функција "Син тек". Според мислењето на изворите на весникот "Комерсант" од гасната индустрија, поевтино е да се откаже веќе проектированатао маршрута, без разлика на веќе вложените 4,5 милијарди долари, и да се изгради гасовод паралелно на "Јужен тек", поставувајќи го останатиот дел во Турција.

За Русија најдобро би било воошто да се откаже од изградбата на ваков голем гасовод, изјави за Комерсант Валериј Нестеров од Sberbank Investment Research. Според него, некаков суштествен раст на побарувачката на руски гас во Турција нема да има, бидејќи земјата се обидува да го зачува балансот на испораки од различни извори. Русија притоа нема да се спаси од транзитните ризици, бидејќи Анкара и порано многупати ја менуваше својата позиција и го рушеше договореното.

The New York Times забележува дека како противтежа на гасното прашање меѓу ЕУ и РФ има само еден победник - Турција, којашто засега, веднаш после Кина, доби погодности од конфликтот, обезбедувајќи за себе долгорочни испораки на енергенси по намалени цени.

Впрочем, според мислењето на Reuters, кај Анкара може да се појават проблеми во односите со Западот, како кај земја кандидат за членство во ЕУ, бидејќи таа дејствува против напорите на ЕУ, со помош на економските санкции да влијае врз Москва околу украинското прашање и да ја снизи енергетската зависност од Русија, којашто испорачува околу 30% од гасот во Европа.

Во интервјуто за РБК, аналитичарот на Sberbank Investment Research, Валериј Нестеров подвлекува дека фактички, решението за откажување од изградбата на "Јужен тек" го донесе не Русија, туку Европа. Иако беше очигледно дека гасоводот е пригоден за сигурно снабдување на Европа и за него беа заинтересирани одделни земји, но, во последно време решенијата беа носени од страна на "не многу искусни бирократи" во Брисел, смета тој.

Заради политичка цел, да и удоволи на Украина, ЕУ не и даде на Москва да го реализира "Јужниот тек", што негативно ќе се одрази на дополнителните испораки во Европа, смета овој аналитичар. Според негово мислење, акционерите на "Гаспром" со олеснување ќе го примат ова решение, а за Европа тоа стана погрешна стратегија. Принудувајќи ја Русија да се откаже од проектот, Брисел сам себе се казни. Само Бугарија тоа ќе ја чини околу 400 милиони долари годишно, тоа се доходите од транзит на гас кои би ги добила на годишно ниво.

Весникот The Financial Times подвлекува дека Русија била принудена да се откажеод изградбата на "Јужен тек" поради тоа што "Гаспром" не успеа да ја добие поддршката на западните кредитори поради санкциите, кои ги натераа европските банки да се откажат од конзорциумот и кредитот од 14 милијарди евра за изградбата на офшорниот дел од гасоводот.

Сега турскиот гасовод, кон чија изградба ќе пристапи "Гаспром", ќе овозможи откажување од транзитот преку Украина за испораките во Турција, Грција и, веројатно, Бугарија. Да ги снабдува Словачка, Австрија и Унгарија, "Гаспром" ќе може и преку „Северниот тек", но, Србија, другите помали земји од Западен Балкан и Италија, и понатаму ќе зависат од украинскиот гасно-транспортен систем.

Противењето, кое што ЕУ го има кон "Јужен тек" во последните месеци, во голем дел беше поврзано со желбата на Брисел да го поддржи Киев во неговото спротивставување на Москва. Украина секогаш беше жесток противник на проектот, којшто може да ги обезвредни нејзините складишта на гас и препумпните станици. Како што предлагаат аналитичарите, сега Киев уште поактивно ќе се обидува да ги промени условите за транзит на гас. На таков начин, ќе се зголемат ризиците за транзит на гас во ЕУ.

"Јужен тек" беше инфраструктурен проект на "Гаспром" за изградба на гасоовод со моќност од 63 млрд метри кубни преку акваторијалниот дел на Црно Море, во земјите од Јужна и Централна Европа. Првите испораки по цеководот требаше да почнат кон крајот на 2015 година. На проектираната моќност се планираше да биде пуштен во употреба во 2018 година. Вкупата должина на црноморскиот дел требаше да изнесува 925 км, сувоземниот дел од гасоводот во должина од 1.455  км требаше да се изгради по територијата на Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија.

Превземено од:

http://wwwnewsru.com/russia/02dec2014/potok.html




 

Коментари
Нема коментари.
 
Архива