портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Антантата капитулира пред моќта на Црвената армија
ноември 2014
Наталија
Ивчева

Верувам дека второто сценарио нема да се оствари и поместувањето на центарот за моќ ќе биде бесшумно. Брисел ќе мора да ја прифати новата реалност и да ја обнови соработката со Русија, а Вашингтон веќе ја изгуби битката.


 



Како поминува времето се повеќе гледаме кој ја завзема доминантната улога врз економијата, дипломатијата и геополитичките текови во светот.

Општо е познато и постои едно непишано правило дека моќта, богатството и интелегенцијата во своите циклични движења секогаш ги менуваат доминантните страни. Од почетокот од постоењето на цивилизацијата, преку Вавилон до Персија, од Персија до Александар Македонски, од Рим до Отоманска Империја а преку Отоманската до  Византија, од Византија  до денешна Европа и САД.

Денес сме сведоци на ново префрлување на центарот на моќ во источните делови на земјината топка. Имено како што истакнав предходно, почнувајќи од 2004 година, Источниот Блок на чело со Русија и Кина полека но сигурно, почнаа да ги возобновуваат своите поразени земји како на економски, така и на социополитички план. Знаеме дека оттогаш до денес Русија е неколкукратно економски и воено посилна земја од онаа што беше додека беше под контрола на САД. Економскиот феномен Кина стана страв и трепет во светските финансиски институции, и најверојатно следната година ќе биде и економска водечка сила во светот. Додека лидерите од Источниот блок се на листата на најмоќни луѓе во светот (Владимир Путин прв, Кси Џинпинг- трет), моќта на западните лидери се намалува, а нивното место го завземаат лидерите на БРИКС, кои како партнери на новиот економски пакт, пркосат во лицето на светските економски сили. Знаеме, дека денес, овие врски се зајакнати преку бројните меѓудржавни активности на партнерите од БРИКС, вклучително и Источноазиската банка за развој која е пандан на ММФ и Европската банка за обнова и развој, двата склучени договори помеѓу Кина и Русија со кои Русија си го обезбеди пазарот за евентуално изгубениот во Европа.

Имено Русија и Кина потпишаа два договори за испорака на гас во вредност од 400 милијарди долари односно 60 милијарди кубни метри гас, што е еквивалентно на количината која Русија би можела да ја изгуби во случај на санкции од земјите во ЕУ. Со тоа Русија си ја обезбеди економската сигурност и стабилност. Од друга страна Кина, како најголем носител на глобалните економски текови објави отворена војна со доларот. Дотоклку повеќе што Кина најави уште еден мегапроект кој би требало да го возобнови древниот свилен пат -проект кој геополитички ќе биде апсолутно неподнослив и неиздржлив по економиите на ЕУ, САД и нивните партнери.

Сето тоа, преведено во политичка меѓународна или ако сакате воена моќ, и дава сигурност на Руската државотворност, да ги превземе чекорите кои досега ги превзема по однос на т.н.Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република.

 Единствено Русија ги призна изборите (односно руското МНР соопшти дека ги почитува изборите, што во понатамошниот развој на настаните би значело и дека ги признава) кои се оддржаа во овие две народни републики, четири  дена подоцна, од парламентарните избори кои се оддржаа во Украина. Секако новоизбраниот врв на Украина негодуваше и најавува воени операции со кои што би требало тие териториии да ги вратат под украинска власт. Со оглед на тоа што во новиот состав на украинската Рада место земаа и екстремните десничари (фашисти) не е ниту далеку од реалните очекувања дека Украина повторно ќе започне воени активности во истокот на земјата со кои однапред е осудена на пораз. Ако знаеме дека украинската армија го изгуби целокупното воздухопловство, дека армијата претрпува огромни загуби, резревната армија протестира пред резиденцијата на Порошенко, што значи дека и моралот на армијата е на рекордно ниско ниво, тогаш слободно можеме да заклучиме дека пораз е неминовен исход доколку Украина започне со нова воена офанзива.

Сепак, ова би било и најверојатно сценарио имајќи ја предвид офанзивата која Западот сака да ја наметне преку Украина, со цел назадување на се помоќната Русија. Имено, тоа може и многу лесно да се претпостави. Изјавите кои воениот профитер и политичкиот шпекулатор Џорџ Сорос ги имаше минатиот месец во кои тој ја повика ММФ да ја финансира Украина со 200 милијарди долари, а ако треба и повеќе е само знак дека Западот ќе ги преземе сите мерки да ја втурне Украина во конфликт кој ќе биде катастрофален за земјата, притоа недопирајќи ги суверенитетите и благосостојбата на западните земји.

Со признавањето на изборите на овие две територии од страна на  Русија, Руската Федерација практично го следи моделот со кој го анексираше Крим кон својата територија. Најверојатно  тоа ќе биде судбината и со ДНР и ЛНР имајќи предвид дека официјален Вашингтон изјави дека нема можности да влијае врз надворешната политика на Русија, тогаш може да се констатира дека по завршувањето на борбените активности, со цел освојување на едно од најголемите пристаништа на Црното море - Мариопол, Русија ќе пристапи кон анексирање на овие територии кон сопствената. И тоа сосема легитимно.

Меѓународното право  пропишува дека доколку една освоена територија има свои обележја, свои униформирани припадници на вооружените сили, свои институции, има капацитет да спроведе легитимни и демокартски избори, тогаш таа држава може да биде полноправна членка на ОН. Иако тоа не беше случај со Косово, сепак во ваков случај Меѓународната заедница би била немоќна да реагира бидејќи би ги прекршила меѓународните начела и правила. По ваквиот превземен чекор, светот најверојатно ќе биде соочен со големи притисоци од западната политика, но многу поверојатно е дека какви и да се пририсоците,  ЕУ и САД ќе мора да се откажат од тврдоглавоста поради сопствената благосостојба. Со што, очекувано е во наредните две години да бидеме сведоци на целосно и недвосмислено поместување на центрите за моќ од Запад кон Исток. Неможноста на западните сили дипломатски да делуваат врз Истокот, сепак би можел на краток рок да разбуди доза на франтичност со што би можело да дојде до одредени безбедносни ризици на глобално ниво.

Целата моја анализа ќе пробам да ја потпрам врз еднан цитат на претседателот на Руската Фердерација Владимир Путин од неговото обраќање на дебатниот клуб Валдаи.

“Прогласувајќи се за победници по Студената војна, САД своевремено ја прифатија идејата дека нема потреба да се воспостават нови односи со меѓународниот фактор. Наместо воспоставувањето на нов систем на баланс на силите кој е неопходен услов за безбедност, мир и просперитет преземени се потези кои се директна спротивност и предизвикуваат дисбаланс.

Можеби ние немаме право да се загрижуваме, да оспоруваме и поставуваме незгодни прашања, можеби исклучителноста на САД, начинот на кој тие го практицираат нивното лидерство, навистина е благодет? А, нивното општо мешање во секој светски проблем носи мир и стабилност, спокој и добробит? Прогрес и процветување на демократијата? И потребно е, како што се вели да се опуштиме и да бидеме задоволни? Не, тоа апсолутно не е така.

Наместо решавање на конфликти, ескалирање на состојбите. наместо суверени и стабилни држави - растечки простор на хаос, наместо демократија - поддршка на сосем сомнителен свет, од отворени неонацисти до исламски радикали. Под притисок на правниот нихилизам, чекор по чекор, отстапува меѓународното право. Објективноста и праведноста се жртвувани за политичка придобивка.

Притоа тоталната контрола над глобалните медиуми овозможува по потреба, црното да се прави бело, а белото црно. Самиот поим "национален суверенитет" стана релативна големина, во суштина има предложена формула - колку е поголема лојалноста на таа држава кон еден центар на моќ во светот, толку е поголем легитимитетот на овој или оној владеачки режим.”

Верувам дека второто сценарио нема да се оствари и поместувањето на центарот за моќ ќе биде бесшумно. Брисел ќе мора да ја прифати новата реалност и да ја обнови соработката со Русија, а Вашингтон веќе ја изгуби битката.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива