портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Балканот под вода
мај 2014

Повеќе од 20 жртви, и материјални штети од, според проценките, една милијарда евра само во Србија. Згора на сѐ 95.000 домаќинства останаа без струја. Балканот е погоден од незапаметени обилни дождови и поплави.



Во Сремска Митровица на Сава спасувачите полнат вреќи со песок. Со насипи тие го штитат малиот град од поплавите. Недалеку оттука, во Шабац, на околу 100 километри од Белград водостојот на реката Сава исто така значително нарасна, но, спoред властите, состојбата таму е стабилна.

Обреновац - град под вода

Меѓутоа Обреновац, град со околу 75.000 жители, кој се наоѓа на околу 30 километри југозападно од Белград, е речиси целосно поплавен. Изминатата ноќ од еден стан беше спасена жена со нејзините деца. „Водата сѐ повеќе и повеќе навлегуваше и целосно го поплави нашиот стан“, раскажува таа. „Заедно со моите четири деца бевме во животна опасност, едвај се спасивме. Кат по кат, моравме да се качуваме сѐ погоре. На крајот почна да се ниша целата зграда“.

 Еден друг жител раскажува, дека ресторанот во кој работел бил целосно поплавен. „Навлезе кал. Канализацијата истече“.

Дека ситуацијата е посебно драматична во Обреновац, потврдува и Предраг Мариќ од српското Министерство за внатрешни работи. „Таму се погодени илјадници луѓе и можат да бидат спасени само со хеликоптери или чамци. Досега на безбедно се пренесени повеќе од 4.000 луѓе. Ги пронајдовме и првите загинати. Меѓутоа, додека водата не се повлече не можеме да објавиме точен број на жртвите“.

Евакуацијата со хеликоптери и чамци се одвива споро. Во близина на Обреновац и натаму постои опасност од поплавите на Сава за најголемата термоелектрана на Србија, која покрива половина од потребите за струја на земјата. Таму се урна еден насип.

 Во некои региони, пред сѐ во централна Србија, водата веќе почна да се повлекува. Но, некои места и натаму се отсечени. „Мора да сфатите дека во Србија има места, до кои не може да се стигне со моторно возило за да се пружи помош“, известува раководителот на акцијата Предраг Мариќ. „Во такви случи помош ќе пружиме со хеликотпери“.

Погодена е и Босна и Херцеговина

На северот на Босна ситуацијата е и натаму сериозна. Бијелина е целосно под вода и властите започнаа со евекуација на илјадници луѓе. И тука голем број луѓе ги загубија своите домови. Еден човек покажувајќи на својата куќа во близина на Сребреница, која била однесена од лизгање на земјиштето, вели: „Ова остана од мојата куќа. Шест, седум години ја градев куќата, на кредит. За тоа работевме и жена ми и јас. Имам четири деца. Три сѐ уште одат на училиште, а четвртото е невработено“, се жали тој. „Остана само детскиот компјутер и играчката“.

Лизгањето на земјиштето предизвикано од силните дождови и високиот водостој на многу места е дополнителен проблем. Дождот попушти во погодените области, но високиот водостој на реките се спушта полека. За наредните денови се прогнозира значително потопло време. Властите во Босна и Херцеговина и во Србија веќе предупредија од опасноста од заразни болести во погодените региони.

Превземено од:

http://www.dw.de/%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0/a-17643113?maca=maz-TB_maz_dnevnik_KOPIE-4629-xml-mrss

Коментари
Нема коментари.
 
Архива