портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Анкета на “ФАЗАН“
ноември 2013

Сметате ли дека активностите на албанскиот фактор во насока на решавање на проблемот со името го загрозуваат македонскиот национален идентитет?




Тања Томиќ, пратеник на СДСМ
–  Не, ништо не може да го загрози македонскиот идентитет, ние сме биле, сме и секогаш ќе бидеме македонци. Сепак поважно е коалиционите партнери во владата да си ги усогласат ставовите и да ја информираат јавноста.





Стевче Јакимовски, претстедател на ГРОМ
– Албанските политички партии,нивните лидери и воопшто Абанците, во изминатиот период беа доста коректни и даваа максимални напори и поддршка во решавање на спорот со името. Јас искрено верувам дека таа поддршка, истрајност и искреност постои и натаму. Не гледам и не очекувам нивните активности да бидат на штета на Македонците. Напротив, секој добронамерник е повеќе од потребен во овој замрзнат и заплеткан процес. Искрено сметам дека намерата на нивното вклучување е да се забрза процесот, а не на штета на Македонците, зашто и ние Македонците не би направиле нешто на штета на Албанците.





Ивон Величковски, пратеник на ЛП– Сметам дека нивните напори не значат загрозување на идентитетот – напротив, ако државното раководство водеше правилна политика, нивните активности само дополнително ќе ја зајакнеа позицијата на Р.М. И помошта од нашите пријатели.





Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ - Не сите политички партии од албанскиот политички блок имаат активности или став по прашањето за спорот за уставното име со Грција. Активностите на ДУИ се активности на коалиционен партнер во Владата на РМ, и не можат да се толкуваат како некоординирана , недоговорена и неодобрена активност од страна на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Друго е прашањето кои се темите на разговор помеѓу претставниците на ДУИ, грчките и политичарите од други држави. Тоа треба да биде споделено со граѓаните преку јасно и недвосмислено изнесени ставови на владините партнери. Правењето на привид на недоверба помеѓу партнерите во Владата и креирањето на слика за самоволни и неусогласени политики за едно од клучните политички прашања за државата е штетно за политичкиот став на сите политички партии во РМ дека прашањето за спорот со името бара широка политичка консултација, мудрост и градење на став. Спорот со Грција е спор за името на државата, а не за идентитетските обележја на нацијата, зошто ако го гледаме прашањето низ призма на веќе напуштениот концепт на „држава-нација“, тогаш грчко-македонскиот спор ќе ги отвори големодржавните аспирации на Балканот. Главниот стожер на овој концепт е дека границите на нацијата се совпаѓаат со границите на државата, што во современите политички односи на Балканот, а низ призма на историското минато е опасна теза. Ниту еден политичар во РМ не смее да влезе во дискусија за идентитетските обележја на македонската нација, како што не смее да влезе во дискусија за идентитетските обележја на деловите од народи (според Преамбулата на Уставот) кои живеат во РМ. Оттука, сите политички партии имаат одговорност да дискутираат за политичкиот пристап/концепт за решавање на спорот со Грција, но никој нема мандат, ниту право да преговара за идентитетските обележја на македонската нација.





Јове Кекеновски, политичар и универзитетски професор – Не значат загрозување доколку истите се коректни и во духот на желбата да се реши спорот за името на начин со кој нема да се загрози македонскиот идентитет, култура и јазик. Мене ми пречи што на тие наводно „искрени“ средби не присуствуваат нашите амбасадори во државите и со политичарите со кои тие разговараат.





Стојанче Ангелов, претстедател на Достоинство – Мојот и ставот на Достоинство е никој нема право да го смени името. Аналогно на тоа ни да преговара. Најмалку за тоа е повикан албанскиот фактор, затоа што името на државата е Македонија и тоа е нераскинливо врзано со идентитетот на македонскиот народ.





Стево Пендаровски, универзитетски професор
– Не, не значат на ни еден начин. Активностите на ДУИ на меѓународен план не можат само по себе да го решат проблемот, бидејќи ДУИ има само 15 пратеници од 123 во македонскиот парламент, каде што мора да помине секоја иницијатива за било каква иницијатива за распишување на референдум. Значи не може да го реши само по себе, политичииот потенцијал на ДУИ е лимитиран. Од друга страна не може да направи ни штета, да претпоставиме хипотетички дека ДУИ договорила решенија кое е неповолно за етничките македонци, како тоа решение кое е хипотетички договорено, ќе се реализира ? Значи ДУИ не може сама да го реши спорот а не може ни да нанесе штета, мое цврсто убедување е дека дуи со турнејата сака да ги реафирмира своите изворни позиции и на нивната главна платформа за ЕУ и НАТО.





Горан Мисовски, пратеник од НСДП – Преговорите со Република Грција за спорот за името ги води владата на Р.М. Албанскиот фактор во владата ДУИ има потполно право да учествува во разрешувањето на спорот кој е наметнат од Грција. Во таа смисла не верувам дека било каков потег во правец на подобрувањето на македонската позиција во спорот од страна на албанскиот фактор може да значи загрозување на македонскиот идентитет. Мислам дека активностите на ДУИ како коалиционен партнер во владата во врска со спорот се координирани со премиерот Никола Груевски.





Ленче Николовска, пратеник од ПЕИ 
- Според она што го слушаме од ДУИ, нивните активности поврзани со решавањето на долгогодишниот спор со Грција, не значат загрозување на македонскиот идентитет и јазик.





Владо Бучковски, Алијанса за позитивна Македонија
– Не, затоа што сум уверен дека тоа што го прават Ахмети и ДУИ е искрено. Тие сакаат да помогнат бидејќи се дел од владина коалиција, во чие време се заглавени интегративните процеси. Приодот на ДУИ е искрен и затоа што сакаат да ги реафирмираат основните вредности на нивната партиска програма и да се оправдаат пред својот електорат. Од друга страна длабоко сум убеден дека со влегувањето во ЕУ и НАТО најдобро ќе се заштити македонскиот идентитет.





Забелешка: За потребите на анкетата анкетирани се уште 20 – тина други политичари, воглавно од владеачките ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, но и од ДС, ДОМ, ДПА, НДП. Никој од нив не сакаше да одговори на прашањето, или не сакаше да одговори доколку одговорот се објави со име и презиме.



Коментари
Нема коментари.
 
Архива