портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Светот немоќен во борбата против тероризмот
јуни 2013
проф. д-р Владимир
Пивоваров
Се покажа дека од терористичките напади ниедна држава на планетава неможе да биде безбедна, дали тоа била светска супер сила или сиромашна држава.

Последниов терористички напад во Бостон - САД, фрла ново светло на инфилтрирање на терористи - извршители кои првин како емигранти се вдомиле во САД, за да обуките ги извршуваат надвор од САД, повторно да се вратат, да изберат најповолен момент за да ја постигнат поставената им цел.





Терористичкиот напад од 11 Септември 2001 год. кој се случи во САД, на светот му постави домашна задача да размислува дали може од ваквите акти да се заштитиме, кој се теористите и кој се може да биде терорист и со какви средства може ваквиот криминален чин да биде извршен.

 За жал одговорите се поразителни.

Се покажа дека од терористичките напади ниедна држава на планетава неможе да биде безбедна, дали тоа била светска супер сила или сиромашна држава.

Направените анализи на сите терористички акти случени во последните две децении недвосмислено укажуваат дека извршителите најчесто се од муслиманска вероисповест кои ваквите напади ги вршат од идеолошко - религиозни причини. Светски познатите аналитичари кои ја обработуваат оваа проблематика се прашуваат дали нивното мото е „Муслиманизмот треба да завладее со светот“, тема за која во иднина сериозно треба да се размислува.

Последниов терористички напад во Бостон - САД, фрла ново светло на инфилтрирање на терористи - извршители кои првин како емигранти се вдомиле во САД, за да обуките ги извршуваат надвор од САД, повторно да се вратат, да изберат најповолен момент за да ја постигнат поставената им цел.

Сериозно треба да размислиме кој и какви средства се се спремни да употребат терористите за да ја постигнат својата цел. Треба да се запрашаме дали досега детектираните средства на извршување терористички акти нема да бидат заменети со био хемиски и радиоактивни средства.

Одговорот е најверојатно да. Ваквите средства за масовно уништување се лесно достапни, доста ефтини, многу лесни за ракување и камуфлирање со што последиците по човечанството може да станат катастрофални.

Религиозниот момент како иницирачка каписла за извршување на терористичките акти најдобро го опишал поранешниот премиер на Англија, г - динот Тони Блер, кој вели дека „ радикалниот ислам е предворјето на тероризмот“. Впрочем практиката ја потврди оваа максима.

Што се однесува до балканскиот регион, вклучително и Република Македонија, слободно може да констатираме дека оваа подрачје деколку е таргет на терористите ќе биде лесно ранливо.

Постојат повеќе причини. Првата укажува на тоа дека на балканот полека но сигурно се етаблираат ваквите радикални структури кои срамежливо но сигурно навлегуваат во порите на општественото живеење. Ако некогаш на ваквите лица идни извршители на терористички акти, обуката се вршеше во земјите од блискиот исток кои ја подржуваат ваквата кауза, денеска обуката се врши во нашиот двор. Се ќе биде добро се додека веќе инфилтрираните не добијат наредба да го направат тоа.

Затоа државите од регионот многу повеќе треба да поработат на спречувањето на ваквите акти што бара сериозни реформи на безбедносните служби како и отворена и перманентна соработка со безбедносните служби во регионот но и насите партнери пошироко.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива