портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Геополитиката на Русија на Балканот
мај 2013
проф. д-р Нано
Ружин
Потпишаната Повелба на ОТСЦ од 7.10.2002 ја потврдува решеноста на сите држави потписнички да се воздржат од употреба или закана на сила.Поптисничките држави нема да можат да членуваат во други воени алијанси или групи на држави.Слично на член 5 од Вашингтонскиот договор на НАТО- Алијансата и во Повелбата на ОТСЦ член 4 се истакнува дека  нападот врз една од државите членки ке се смета за напад кон сите останати држави членки.


Со имплозијата на Советскиот Сојуз по падот на комунизмот од 1989, новите руски  лидери Борис Елцин (1996-1999) и уште поснажно Владимир Путин  во битката за обновување на некогашните геополитички и геостратешки позиции на некогашната супер-сила се потпреа врз поимањето на новата меѓународна  реалност низ призмата на политичкиот реализам.Во таквата дијалогика беа  согледувани и толкувани националните интереси на ослабената Русија наспроти зајакнатиот Запад чиј триумф ке го овековечи и американскиот политиколог Франсис Фукујама во неговиот полемичен есеј Крајот на идеологијата.Чуствувајки ја фрустрацијата од доминацијата на американскиот модел на либералната демократија и на стратешката и научно-технолошката и воено-политичка доминација на САД, напорите на руските лидери се фокализирани врз  обновување на поранешниот престиж на државата како суперсила.Тоа беше и една од најмаркантните стратешки заложби на руската дипломатија на  почетокот на 21 век.Неповолниот меѓународен серијал за Русија ,отпочнат со воениот пораз во Авганистан  и низата заледени конфликти низ негогашните советски републики продолжи со воздушната интервенција врз СР Југославија,интервенцијата на САД во Ирак и подоцна Либија со напоредно проширување на геополитичката зона на НАТО до границите на Русија и обелоденувањето на проектот на анти-ракетниот штит на САД,кој Москва го протолкува како безбедносна провокација.Една од најзначаните дилеми е како во изменетата структура на новиот меѓународен поредок  ке се позиционира новата руска геополитика? Кои се основните адути на новата руска геополитика и дали е можно едно ново заладување на односите со САД и ЕУ?Какви се односите со останатите држави на поранешниот СССР и какви се амбициите на Русија кон Балканот? Во овој осврт ке бидат направени напори да се одговори на споменатите дилеми со посебен акцент на интересот на Русија кон Балканот.

1.Новата надворешна политика на Русија

На 17 фебруари 2008 ,Косово ја прокламираше независонста кон Србија.САД и други десетина држави моментално ја признаа независноста на Косово. Еден ден подоцна Советот за безбедност на ООН по барање на Москва се состанал за да го разгледа ова прашање кое бил заледено уште од 1999.(Kosovo ;Le Conseil de sécurite se reuni durgence 17.02.2008).По отфрлањето на предлогот на Русија да се поништи признавањето на Косово,рускиот амбасадор во ООН изјави дека и Русија ке си дозволи да одржува дипломатски односи со останатите автопрокламирани држави.Истиот ден Јужна Осетија и Абхазија го прекинаа долгогодишниот молк и побараа да бидат признаени од страна на Москва и да и пристапат кон тројната федерација.За време на 20 Самит на НАТО во Букурешт,Русија се заканила на американските иницијативи за давање Акциоен план за членство еден вид аспирантски статус на Украина и Грузија.На 15 јули 2008 претседателот Медведев ја изложил Концепцијата на надворешната руска политика во која тој повикал на надминување на блоковскиот биполарен менталитет,во полза на мрежната мултилатерална дипломатија.Во овој документ се подвлекува дека, војно-политичките алијанси (алузија на НАТО чие проширување кон границите на Русија ја иритира Москва) не се повеке способни да се соочат со трансграничните преизвици и закани (RIA Novosti-Medvedev) .Во текот на летото 2008 , избива судирот меѓу Русија и Грузија околу Абхазија.Уште од самиот почеток на конфликтот беше евидентно дека , најголеми подржувачи на Грузија беа САД раководен од страна на Претседателот Буш инаку во заминување како и лидерите на Украина,Полска,Естонија,Литванија и Летонија кои во текот на конфликтот го посетиле грузијскиот претседател Шакашвили во Тбилиси(Робочии визит до Грузи-http://www.presdent.gov.ua/news/10910 html).Американската администрација исто така  не пропушти да дојде на 15 август 2008 во Тбилиси,претставена на мошне високо ниво преку    Државниот секретар Кондолиза Рајтз(Conodlezza Rice) и Потпретседателот Дик Чејни (Dick Cheney).Русија од своја страна ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија на 26 август а набргу следеле и признанијата од страна на Никарагва,Венецуела,Науру.Набргу , на 31 август 2008 во своето ТВ интервју Медведев ги детализирал петте принципи врз кои се потпира руската надворешна политика.Тоа се: а)Принципот на примарноста на меѓуанродното право, б)Мултиполатрност на светот,в)Желба за избегнување на конфликтите и изолирањето, г)Одбара на животите и достоинството на руските граѓани независно каде се наоѓаат, д)Признавање на Русија на нејзините зони од привилегиран интерес.

Споменатата доктрина имала за цел да ја реафирмира силата на Русија на два нивоа.Од една страна Москва настојувала да му докаже на Западот и на НАТО дека таа ја пронашла некогашната сопствена величина на супер-сила и дека во иднина таа повеке никогаш нема да прифати некоја друга сила да и диктира под кои услови и како  ке се однесува кон сопствените стратешки меѓународни интереси.Русија повеке нема едноставно и со премолчување да прифаќа проширување на Алијансата кон нејзините граници како што тоа беше случај со Полска,Чешка (1997) , балтичките држави(2004).Слична цврстина Москва реши да покаже  и кон  непризнавањето на  независноста на Косово кое според руската дипломатија неправедно и спротивно на меѓународното право и било одземено на пријателска Србија.Според тоа,новата надворешно-политичка ориентација на  Русија наложи дека во иднина ке ги користи сите мирнодопски механизми на пресија со кои располага за да им се спротистави на антируските потези на САД. Во оваа сфера особено значење имаат  проектот на САД за инсталирање на антиракетниот штит во Полска и Чешка и најавеното проширување на НАТО за време на Самитот во Букурешт во 2008 за зачленување на Украина и Грузија во Алијансата.Од друга страна Москва им упати една јасна закана  и на бившите советски републики дека нема да се двоуми околу употребата на сила за да ги одбрани  етничките или натурализираните Руси од сите оние кои им се закануваат по нивниот живот и егзитенција.Конечно Русија решително ке ги брани и сопствените стратешки интереси лоцирани во државите на тнр. блиско странство како што се Јужна Осетија,Абхазија или Трансистрија.

Со повторниот избор на Путин за претседател на Русија, отпочнува третиот мандат на моќниот човек од Кремаљ познат како епоха на “Путин III”.Во овој мандат Путион им забележува на САД дека се опседнати со нивната неранливост која се врши на штета на безбедноста на другите.Тенденцијата на Западот да ги казни странските државници кои не ја подржуваат нивната политика на кршење на меѓународното право , подразбира и употреба на хипертрофирана сила.Русија во 2012 се смета за жртва на неправедниот третман од страна на Западот..(Isabelle Facon 2012:2).Затоа Путин заклучува дека безбедноста на светот мора да се обезбеди со помош на Русија..а никако со нејзиното ослабување,геошполитичко омаловажување.Односите меѓу Москва и Вашингтон беа рестирани со доаѓање на власт на Обама,што резултира со интензивирање на сорабиотката со Русија во Авганистан,смалување на напнатоста со Иран,влезот на Русија во Светската трговска организација..но и покрај тоа не помогна целосно да се надминат проблемите на меѓународен план од епохата на пост-совјетска Русија.Паралелно Русија на Путин III покажа помал интерес за европскиот фактор  но сепак истакна дека Русија е неделив дел на Голема Европа.За сметка на тоа Русија и Путин ставија поголем акцент врз Азија а државите на BRICS бенифицираат во приоритетните обврски на Москва со оглед дека се работи за единствена структура..која перфектно го симболизира приодот од униполарноста кон еден поправеден меѓународен поредок.(Isabelle Facon 2012:4)

2.Новата руска воена доктрина

Русија е една голема сила.Со 1 140 000 војници во активна служба и 2 милиони во резерва. Воените армиски сили на Русија ја претставуваат четвртата најголема сила на светот со околу 44 милијарди евра воен буџет во 2010.Воената доктрина на армиските сили на Русија е наследник на историската реформа преземена од легендарниот генерал Михаил Фронзе.Тој презел неколку серии на реформи во Црвената армија.Тој бил заговореник на постојана војна организација како единствено средство да се водат офанзивни војни.Тухачевски предлагал да се воспостави еден аналитички центар кој ке ги прогнозира евентуалните идни агресии.Од 2005 руската воена доктрина е во ревизија под водство на генрал Махмут Гареев,според која заканите за Русија не се повеке контра-револуционерните армии туку : а) нестабилноста на државите погодени со етнички конфликти б) воениот авантуризам на САД во потрага за енергетските ресурси.

Новата руска воена доктрина усвоена во 2000 повикувајки се на ефектите од кризата на Косово укажува на бројните фактори кои се должеле на однесувањето на Западот кон Србија.Во рамките на доктрината се елаборира и прашањето за Чеченија и настаните во јужна Русија , но Западот експлицитно не се третира како непријател на Москва како за време на студената војна.Затоа оружените сили на Русија освен што треба да ја браната татковината мораат да имаат и поголема тежина во светот како геополитички арбитар со едновремено одбегнување на директни судири со САД.(aliancegeostrategique.org 25.05.2009).Руската армија е во структурна модернизација преку професионализирање на нејзиниот контигент .Советската армија која во 80 тите години броела околу 5,3 милиони војници и офицери во 1994 се смалила на 2,1 милиони , во 2003 на 850 000 и во 2006  на 1 027 000 војници и офицери.До 2012 некогашната советска армија која броеше 5,3 милиони војници се смали на 1 милион војници.Во 2007 , 50% на повискои офицерите биле професионализирани  а во 2008 една четвртина од офицерите заклучиле професионален договор со армијата.Во 2012 неколку дена пред претседателските избори,премиерот Владимир Путин наговестил широк план за модернизација на армијата.(http://fr.myeurop.info/2012/03/02/poutine-rearme-la-russie-a-la-kalacnikov-4771) а за таа цел Путин најавил сума од 500 милијарди евра до крајот на оваа деценија.Буџетот за 2013 е утврден на 59 милијарди евра или пораст ос 25,8% во однос на 2012.За 2014 прогресијата е утврдена на пораст од 18,2% а во 2015 за 3,4%.Трансформацијата на армијата опфаќа и еволуција на доктрината и на оружјето.Според мислењето на Владимир Поповкин заменик-министер за одбрана за наоружување , неопходна е изработка на  една продлабочена студија од страна на руските експерт со оглед дека многу работи во доменот на обраната се смениле.Тој смета дека епохата на тенковските битки е мината историја со оглед дека тенковите станаа лесна мета за современите оружја.Русија се преиориентира и кон употребата на дроновите за што има потпишано и договор со Израел.Воедно изјави дека Русија ке создава антисателситски ракети како реакција на американските планови.

Во генерални црти Русија бара да ја реактивира Организацијата на колективниот безбедносен договор OTSC  чиј бебзедносен систем подразбира три воени регионални групи у тоа руско-белоруска(Источна Европа),руско-ерменска (Кавказ) и централно-азиска.Активирањето на оваа организација би претставувало противтежа на НАТО без повторно да се активира Варшавскиот договор.

Артикот преставува едно ново поле на акција на руската воена доктрина.Традиционално и за време на студената војна,овој простор бил театар на бројни ривалитети,разузнавачки набљудувања  меѓу поморските и воздушните совјетски и американски сили.Климатските промени и отварањето на пасажот Север-Запад и овозможи нови можности на Русија.Артикот се повеке еволуира во сериозен геостратешки влог меѓу граничните сили Канада, Русија и САД.Русија веке најави создавање на воена групација до 2020 со цел да ги заштити сопствените економски интереси.(La Doctrine de securite russe 2020) Според советската доктрина,не се работи за милитаризација на Артикот тукту за негова заштита од страна на руските конвенционални сили против илегалната имиграција,недозволената трговија и тероризмот.

На завршетокот на советската ера,Русија се најде со огромни резреви на оружје од сите видови но со симболични средства за нивно одржување.По тешката деценија 1990-2000 г ,Русија во 21 век истакнува амбициозен план за наоружување во периодот 2007-2015 кој предвидува купување на посовремени и посовршени оружја. Ослободена од чеченскиот синдром ,руската армија е во фаза на брза трансформација.Целокупната динамика на овој план потврдува дека Русија го најави своето враќање во водечкиот ранг на големите воени сили.

2.1.Русија-нуклеарна сила со посебен интерес за блиското и подалеченото странство

Нуклеарната индустрија на Русија е наследена од нуклеарната програма на некогашниот Советски Сојуз.Русија го поседува целокупниот нуклеарен арсенал на СССР ,чија обединета команда уште во 1991 го трансферирал нуклеарното оружје од Казакстан,Украина и Белорусија под контрола на Русија.Во 2005 Русија поседуваше 31 реактор за производство на  збогатен ураниум со што го зазела четвртото место во светот по производсто на нуклеарно оружје. Русија поседува и поголем број ситеа со реактори за воени и цивилни истражувања ,меѓу кои и 109 истражувачки воени реактори.(Current World Nuclear Arsenal: 08.08.2010).Русија е една од пете држави кои биле официјално признаени од страна на Договорот за нуклеарна непролифирација на државите кои поседуваат нуклеарно оружје.Русија поседува најширок нулеарне арсенал во светот со повеке од 16 000 боеви нуклеарни глави ( Status of Nuclear Weapons States and Their Nuclear Capabilities) .

Воената и геостратешката доктрина го дели светот на две различни категории:поблиско странство или блиско странство со кое се опфаќаат поранешните совјетски републики освен балтичките држави и подалечно странство ,односно останатиот свет.Примарната цел на новата стратешка  доктрина произлегува од обидот за повторното освојување на доминантанат позиција на тој геополитички простор.Според некои аналитичари ,руската доктрина воедно го интегрира и концептот на сферите на руското влијание кое ги тангира државите на блиското странство.

2.1.1.Блиско странство

Бившите републики на некогашниот Советски Сојуз ,особено членките на Заедницата на независни држави(ЗНД)  зафаќаат централно место во реконструкцијата на меѓународната политика на Русија.Примарна цел на новата геостратешка доктрина  произлегува од обидот да се освои повторно доминантното влијание во тој геополитички простор кој секогаш се сметал за зона од витален интерес на Русија.(Batou Koutelia;Le Figaro 15.08.2008) Напоредно руската геостратешка доктрина настојува да го  ограничи на влијанието на НАТО,САД ,ЕУ со кого поранешните руски сојузници  сили во меѓувреме  воспоставиле помалку или повеке привилегирани односи.Од друга страна Москва се труди да го смали политичко-религиозното влијанието на Исламот со цел да се фокализира врз Централна Азија и Азарбејџан.

Во рамките на односите со блиското странство ,Русија учествуваше во создавањето на Заедницата на независни држави (ЗНД)    во 1991 во соработка со Белорусија и Украина.Од тој датум до денес од некогашните 15 поранешни советски републики членки на ЗНД  само трите балтички држави и Грузија ја напуштија оваа групација.Оваа група држави прерасна во рамка на дијалог меѓу овие членки а меѓу нов биле заклучени поголем број билатерални договори за слободна размена,како и оние од доменот на заедничката безбедност и дипломатска соработка.Кон овие држави Русија разви и посебна економска доктрина.Во 1994 бил создаден Меѓудржавен економски комитет како прва супранационална институција на ЗНД.Во 2000 била формирана една друга слична институција Еуросек инспирирана од целите на ЕУ за создавање на заеднички економски простор.

Во поглед на војните доктрини кон блиското странство , се издвојуваат ЗНД-Заедницата на независни држави (La Communaute des Etats Independents:2010.08.10)и Организацијата на договорот за заедничка безбедност- ОДЗБ ( Organisation du traite de securite collective-OTSC) .Во 1991 беше потпишан четворотворен договор меѓу Русија,Украина,Белорусија и Казакстан за вопсотавување на заедничка команда на руските нуклеарни сили..Напоредно ,колективната сила за одржување на мирот на ЗНД ,создадена во 1992 во Киев иницира повеке мировни мисии во блиското опкружување на Русија.Во истата 1992г била воспоставена и  Организацијата на договорот за заедничка безбедност како една воено политичка организација , вид противтежа на НАТО.Нејзиното создавање провоцира бројни аналитички расправи според кои со создвањето на ОДЗБ , била промовирана некогашната студено-воена конфронтација меѓу НАТО Алијансата  и државите на Варшавскиот договор.Во текот на 2000 во рамките на ОДФЗБ било одлучено да се конституираат сили на интервенција и брза реакција.Во оваа операција учествувале Русија,Белорусија,Казакстан,Ерменија и Киргизтан.Првите елементи на овие сили биле наменети за Централна Азија.    

 2.1.2. Односи со подалечното странство

Под изразот подалечно странство, руската геополитика ги опфаќа сите останати држави во свтеот со кои Москва има одредени контакти и интереси.Но за да се свати оваа интерпозиција ,мора да се изанализира енергетската геостратегија на Русија и постојаниот раст на енергетскиот сектор особено од 2011г кога отпочнува вртаоглавиот пораст на цената на хидрокарбурантите во светот.Русија е првиот светски произведувач и прв светски извозник на земен гас со преку 600 милион метри кубни и втор светски извозник на нафта.Светските резерви на земен гас достигаат околу 23% од светските резерви .Согласно геополитичката позиција Русија е најголемиот снабдувач на ЕУ со енергенси,што и овозможува да се замеша во “Големата игра” на суперсилите.Русија одржува значајни односи со Германија,Франција и останатите земји на ЕУ.Поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер работеше на приближувањето меѓу Берлин и Москва и во полза на проектот Nord Stream каде и денес е ангажиран како главен советник и менџер.Германија е и прв трговски партнер на Русија и vice versa.Балтичките држави и покрај индеферентноста и незаинтересираноста кон руските обиди за нормализација на односите , поради специфичната геополитичка позиција и енергетската зависност во однос на Русија , ги подобрија односите со Москва.Во текот на 90-тите со стекнувањето на независноста и доаѓање на власта на некогашните антикомунистички дисиденти во Полска се  влошија и односите со метрополата на комунизмот,Москва.Новата сомот-револуција во Источна Европа отпочна во Полска насочена против просоветската власт на Генералот Јарузелски.Беше разбирливо што односите меѓу двете држави беа затегнати од самиот почеток на осамостојуавњето на Полска.Воедно  Русија никогаш не го призна масакрот на полските офицери во Катинската шума од времето на Сталин пред почетокот на Втората светска војна што значително тежеше врз нормализацијата на односите. Од своја страна  Варшава успешно го кочеше склучувањето на договорот на Русија со ЕУ за склучување на договорот за  партнерството и соработката со ЕУ.Авионската несреќа на претседателот Лех Качински на 10 април 2010 уште повеке ги затегна односите на двете држави токму во периодот на нивното затоплување.

Вториот значаен геополитички простор на кој се протега и територијата на Русија е aзискиот континент.Војните интервенции на НАТО  во Авганистан како и неповолните руски искуства во минатото во оваа држава ја ставија во преден план во интересот на воените стратези на Москва. Воените власти,аналитичари и руски дипломати  се поделени околу интервенцијата на НАТО во Авганистан.Од една страна Москва перманентно ја критикуваше акцијата на НАТО но едновремено ја олеснуваше нејзината реализиација,свесна дека доколу кризниот менаџмент на Алијансата претрпе неуспех , ке биде загрозена и безбедноста на Русија.Од друга страна еден друг азиски сосед на Русија,кој е во голем економски и социјален подем, НР Кина, во неколу наврати ја афектираше руската геополитичка стратегија. Русија и Кина се двете стратешки сили на светскиот hartland според термините на  Mackinder кои во изминатите две децении   одржуваа и блиски но и далечни односи често со разновиден интензитет,расчекор и недоверба .Русија на Путин ја доживува Кина како сериозен партнер но и како сила која постојано и внимателно мора да се набљудува.Сепак во споредба со САД, односите на Русија се поблиски со Кина отколку со САД. Русија одржува солидни врски и со Моноглија,Северна Кореја и Индија.Русија е присутна и на Блискиот Исток , настојувајки да одржи добри односи со арапските земји и урамнотежени односи со Израел.Падот на режимот на Садам Хусеин во Ирак означи и крај на привилегираните односи на Москва и Багдад.Русија игра значајна дипломатска улога и во кризата со нуклеарната програма на Иран ,заради добрите односи со Техеран како и во натамошното одржување на режимот на Башар ел Асад  во Сирија.Од останатите азиски сили, значано е ,местото на Турција ,членка на НАТО врз чија територија се сместени американските бази во Инчирлик,Измир и Анкара.Воедно Турција ја одржува про-западната оска Турција-Азарбејџан-Грузија во Кавказ како спротиставена групација на оската Русија-Ерменија-Иран.Русија одржува добри односи и со неколку држави од Латинска Америка како Венецуела,Бразил, Никарагва, Куба,Екватор и Перу.Сепак кога се во прашање интерсите на Москва во однос на Северна и Јужна Америка ,во центарот на руската дипломатија се САД.

Односите со САД се затоплија  по перидото наречен Голема алијанса по настаните од 11.09.2011 кога САД доживеееа терористички напад од страна на Ал Каеда.Москва ја подржа битката против териоризмот иницирана од страна на Вашингтон,а односите меѓу Русија и САД и двајцата претседатели Путин и Буш прерасна во значано антитерористичко пријателство и солидарност против нивните непријатели.САД добија сериозен сојузник во битката против терористичките келии на Усама Бен Ладен во Авганистан, додека Русија доби силна подршка во битката  против чеченските и дагестанските борци кои и од страна на САД и ЕУ беа класификувани    како терористи слични на Ал Каеда.Меѓу Русија и САД беа потпишани повеке договори за заемната соработка во битката против тероризмот а беше иницирана и  заемна воена,безбедносна и научна  соработка како и  соработка на разузнавачките служби и заемното информирање.(Isabelle Facon:2005)

Меѓутоа со спротиставувањето на Русија околу интервенцијата на Вашингтон во Ирак,руско-американските односи повторно западнаа во летаргија,заемна несигурност и недовреба.САД независно од критиките од нивните европски сојузници го срушија режимот на Садам Хусеин а со тоа и блискиот и стратешки сојузник на Русија што влијаеше врз затегнување на односите меѓу двете големи сили.Кон ова се надодадоа блиските односи на Русија со силите на тнр. Оска на злото како што ги нарекуваа републиканските политичари државите како Северна Кореја,Иран и Сирија.Сепак изгледа дека најсериозен тест за Руско-американските односи се проектите на Вашингтон  за инсталирање на системите на анти-ракетниот штит  во Европа ( Чешка и Полска).За време на безбедносната конференција во Минхен(10.02.2007) Рускиот лидер Путин го истакна својот најостар антиамерикански настап.Путин истакнал дека    “ напредувањето на трупите на НАТО кон границите на Русија како и воспоставувањето на еднополарниот свет е диригиран од еден центар на акцијата- Вашингтон,кој ги наметнува сопствените закони и сопствената визија за светот кон целата меѓународна заедница”( http://fr.rian.ru/analysis/20070213/60685733.html).Со доаѓањето на чело на САД на демократот Барак Обама, односите се затоплија особено по декларацијата на Обама дека ке биде напуштен проектот за анти-раклетниот штит во Европа.    

3.Панславинизмот како фактор на обединување

Руската федерација официјално никогаш не се повика на Панславинизмот ниту на пансловенската доктрина во својата надворешна политика.Меѓутоа руските националисти и комунисти ја играа картата на културното и лингвистичко влијание за да ја промовираат идејата за реставрација на некогашниот СССР инкарниран во Русија меѓу бившите советски републики.На официјален план Русија се ангажираше во поинтензивно приближување со Белорусија во насока на создавање на еден вид конфедерална конструкција.Воедно и односите со Бугарија и пред се Србија остануваа одбележени со идејите на панславинистичката доктрина.Русија,Белорусија и Србија се три држави кои се крајно блиски како според културно-лингвистиките параметри така и според историските искуства и ориентации. Привилегираната алијанса меѓу Белорусија и Русија служи и како појдовна точка на соништата за обединувањето и на останатите словенски браќа на Балканот како Србите,Македонците или Бугарите.

3.1.Традицијата на рускиот интерес кон Балканот

Уште од епохата на Царот Петар I Велики , Русија покажувала интерес за излез на тошплите мориња преку Балканот.Во таквиот вековен сон руската дипломатија сметала на пансловенизмот и на традиционалното пријателство со Србија,Бугарија и Црна Гора.Русија и Србија беа и останаа традиционални сојузници уште од конституирањето на Србија како кнежевство кога делумно  се еманципирала од Отоманската империја во 1838.За блискоста на Русите и Србите постојат повеке објаснувачки фактори.Се работи за два словенски народа,кои зборуваат два слични јазика кои произлегле од исти идиоми.Нивниот заеднички корен е словенскиот јазик а рускиот и српскиот јазик се вид етничка културолошка варијациа.Двете нации го практикуваат православното христијанство и го користат истиот старословенски јазик во сопствените литургии.(A.Troude 2007;161).Србија и го даде на Русија и царот Иван Грозни кој имал српско потекло.По паѓањето на Констатнинопол (1453) и на Смедерево(1459),православните цркви ја одбрале Москва како третиот Рим.А токму околу Православната црква на Русија се создала и современа Русија.

Во текот на 17 и 18 век   Москва успеела  целосно да се ослободи од Монголската доминација за сметка од Србија која уште од време на Косовската битка 1379 била окупирана од страна на Отоманската империја. Со стабилизирањето на Русија,Санкт Петезбург целосно им се посветила на подршката на ослободителните движења на Србија и Црна Гора.Во 1806 Рускиот цар Александар I ја окупирла Бока Которска,Будва,Хвар,Брач и Херцеговина.По мировниот договор во Тилзит ,Рускиот цар ги повлекол силите од Далмација.За време на втората српска буна против Турците,Русија благодарение на своето геополитичко значење се наметнала како заштитиник на Србија.Кога во 1878 по руско-турската војна се поставило прашањето за ослободувањето на Босна,каде се развила ослободителната идеја меѓу големите српски воини во Босна, Рускиот цар Александар II не го исполнил ветувањето и испратил само 5000 доброволци.Тоа  било недоволно да се  ослободи Босна, така што ова прашање се пролонгирало се до 1908 кога Босна била анексирана од страна на Австро-Унгарија  и дегенерирало во 1914 кога во Сарајево била иницирана капислата за почетокот на Првата светска војна.Солидарноста  меѓу Србија и Русија била таква што непосредно по нападот на Австро-Унгарија врз Србија,  Русија и објавила војна на Австро-Унгарија.По избувнувањето на болшевичката револуција во 1917 ,Ројалистичка Југославија прераснанала во идеолошки непријател за комунистичкиот режим на СССР.Околу 100 000 “бели” Руси пребегнале во Србија.Антисрпската политика на СССР била толку голема што Москва ја храбрела независонсота на Хрватска,Словенија и Македонија со цел да ја ослаби доминацијата на Белград.СССР и Коминтерната дури ја субвенционирале Хрватската селска странка во нејзините ревандикации за отцепување од Кралството Југославија. За време на Втората светска војна  советската Црвена армија  солидарно со југословенските комунисти и антифашисти  ја повеле  битката против нацизмот.По завршетокот на војната и создавањето на Титова Југославија,југословенските комунисти се здобиле со најголеми симпатии во очите на Кремаљ.Одма по завршетокот на војната Москва ја сменила сопствената тактика.Меѓутоа кусото пријателство меѓу Тито и Сталин се распадна 1948г кога Маршалот Тито го напушти комунистичкиот совјетски блок на држави и му се доближи на движењето на неврзаните.По распаѓањето на АВНОЈ-ска Југославија,Русија мирно ја набљудуваше имплозијата на федерацијата без поголемо влијание врз настаните. Кога во 1999 Алијансата одлучи да ја отпочне воздушната кампања против Србија,дојде и до влошување на руско-американските односи.На 8 декември 1999 како одговор на нападот  ,Русија,Белорусија и СР Југославија го потпишале договорот за Словенската унија со цел да се создаде една фузија меѓу споменатите држави.Практично руско-белоруската конфедерација требала да еволуира во федерација на двете држави со единствен претседател,парламент,знаме,граѓански статус.Оваа федерација би требало да претставува зачеток на една вистинска пансловенска унија со припојувањето на СР Југославија.Практично воспоставувањето на Словенската унија беше создадена во еден контекст на тензии со Западот.Русија,Белорусија и СР Југославија настојуваа,поаѓајки од нивните стратешки позиции  да се спротистават на експанзионизмот на НАТО кон Исток особено со војната на Косово и признавањето на независонсота на некогашната српска покраина.Признавањето на Косово од страна на САД и нивната прокосовска политика ја ослабија про-американската позиција на дел на српските прозападни политичари и интелектуалци.Русија ги искористи грешките на администрацијата на Буш за да го зголеми влијанието врз Балканот и ја привлече Србија во сопствената орбита.(Glassrbije.org/F/index.php?option).Благодарение на политиката на подршка на Србија наспроти Косово како и на  силната економска помош од околу 1 милијарда долари но и на гасоводот South Stream кој понуди еден двоен геополитички ефект, Русија е на пат да создаде една нова Балканска Украина на европскиот гас.На тој начин на Србија и е пружена можност и за заработка од правото на користење на нејзината територија заради поминувањето на рускиот гас кон Европската Унија.Таквата политика и овозможи на Русија да добие поволен сојузник во Србија.Во ноември 2011 повеке од 20 000 Срби од Косово побарале руско државјанство за да се гарантира нивната безбедност. 

Русија и Србија немаат царински бариери.Оваа политика меѓу двете држави беше потпишана меѓу Југославија и СССР чии наследници се Србија и Русија.Договорите кои биле потпишани во тоа време сеуште се на сила до денес а двете страни се во преговори истите да се пролонгираат.

3.2.Односот меѓу Русија,Белорусија и Србија

Договорот на Словенската Унија бил ратификуван од страна на руската Дума и Белград на 2 декември и од страна на Националното собрание на Белорусија на 26 јануари 2000г.Од 1999 датумот кога Унијата била финализирана ,Југославија добила статус на наблјудувач во рамките на Унијата.Со волјата на Белград да влезе во Унијата било предвидено истата да се вика Унија на Русија-Белорусија-Сојузна Република Југославија.(Relations russo-belarusses-http:// lukashenko solidarity.free.fr/union.htm).Во 2000 Југославија беше политички дестабилизирана со државниот удар на булдожер револуцијата против Милошевиќ.Овој настан ја промени проруската политика на Југославија во проевропска и проамериканска .Во 2003 СР Југославија се претвори во Заедница на Србија и Црна Гора,но булдожер-револуцијата ги поремети односите во заедницата на државите.Во 2006 Заедницата на Србија и Црна Гора се распадна на две држави:Србија и Црна Гора.Од своја страна Србија немала голема желба да учествува во работата на Руско-Белоруската Унија.Единствено Србија останала со статусот набљудувач во оваа институција.Во текот на 2007 тогашниот лидер на Радикачлната партија Николиќ сегашен Претседател на Србија изјавил дека Србија е поѓжелно да ги зајакне односите со руско-белоруската унија.Но тоа не се случило туку напротив во 2008 Србија се изјаснила за членство во ЕУ. Истовремено во декември 2008 МНР на Србија Вук Јеремиќ ке изјави дека Србија и Русија одржуваат динамични и одлични односи.(2009:nouveaux projets Serbie-Rusie), а Русија и ДСрбија ке развиваат значајни економски проекти,особено во доемнот на инфраструктурата.Србија развива добра економска соработка и со Белорусија.Во 2008 белоруско-србските размени достигнале 47,78 милиони долари , а во 2009г бил создаден и мешовит Совет за економска соработка.Воедно Србија практикува политика на елиминација на царинските давачки со Русија.Отварањето на рускиот пазар за малата Србија е голем економски адут за Белград.Србија е единствената европска држава со таквиот поволен статус.Сите српските производи кои пристигаат на рускиот пазар се ослободени од царина.Пред склучување на сличен договор се и Србија и Белорусија

3.3.Значењето на OSTC-Организација на колективниот безбедносен договор

На 08 и на 21 декември 1991 со договорите од Минск и Алма Ата беше создадена Заедницата на независни держави.Во 1991 по распаѓањето на СССР советската армија се распадна во повеке делови и држави.Токму во тој период била создадена и заедничката воена команда на сите членки на ЗНД .Оваа команда ги обединувала сите поранмешни трупи на СССР.Во 1992 последните реликти од советската рамија стациоанирани во независнисте држави биле распуштени додека последните сили базирани во Унгарија,Полска,Чекословачка, Румунија, Бугарија,балтичките држави,Монголија и Куба биле повлечени прогресивно меѓу 1992 и 1994. Договорот за колективна безбедност (TSC или Договорот од Ташкент) беше потпишан 15 Мај 1992 од страна на шест од 11 држави челнки на ЗНД и тоа Русија,Казакстан, Ерменија, Таџикистан, Киргистан и Узбекистан.Овој договор не означил некој впечатлив успех со оглед што не било постигнато поголемо единство меѓу државите на ЗНД.Во 1993 заедничката воена команда на ЗНД била укината.Почнувајки од овој датум ТСЦ или Договорот од Ташкент ги групирал вкупните воено-политички потенцијали на ЗНД а Москва предложила создавање на четири безбедносни зони на териториијата на  ЗНД .Целта на ТСЦ била да ја подобри воената интеграција на државите во рамките на ЗНД.Во текот на 1993 кон ТСЦ пристапиле Таџикистан,Грузија и Белорусија.Во 1995 Русија,Белорусија,Казакстан,Киргистан,Таџикистан,Ерменија и Грузија во Минск го потпишале договорот за заедничка одбрана на надворешните граници.Узбекистан, Туркменистан, Азарбеајџан,Молдавија и Украина се спротиставиле на натамошното присуство на руската гранична полиција на нивните граници.Во април 1999 само 6 држави потписнички на ТСЦ потпишале протоко за обновување на дговорот за следните пет години.Останатите држави како Азарбејџан,Грузија и Узбекистан се повлекле од договорот ТСЦ.

На 7 октомври 2002 поповод реформите на ЗНД,државите потписнички на ТСЦ ја потпишале Повелбата од Шисинау (Молдавија) со која била создадена OTSC со цел да се примени договорот ТСЦ во државите на ЗНД.На 18 Сепетември организацијата станала ефективна.Денес ОТСЦ  е мошне активна воено-политичка организација чии членови се Русија,Белорусија,Ерменија, Казакстан,Киргистан,Узбекистан и Таџикистан.ОТСЦ е едновремено и организација присутна во Генералното собрание на  ООН.Во текот на 2007 Генералниот секретар на ОТСЦ Николај Бордиуџа ја истакнал идејата дека и Иран би можел да му се пристапи на ОТСЦ со оглед дека е тоа една отворена организација.Доколку Иран ја прифати нашата Повелба ние би го разгледале нивното барање.На тој начин Иран  би бил прва членка од вон поранешните Советски републики кој му пристапила на ОТСЦ.

На 3 февруари 2009 Москва и Минск го потпишаа договорот за заштита на воздушниот простор кој предвидува создавање на еден регионален систем за воздушна одбрана.Напоредно се планирани уште два слични проекти и тоа воздушна одбрана на Кавказ и воздушна одбрана на Цеентрална Азија.На 4 февруари 2009 членовите на OTSC на состанок во Москва одлучиле да ги создадат  воени сили на колективна реакција.Според мислењето на Сергеј Приходко,советник на претседателот Медведев , овие сили ке го зајакнат значењето на оваа организација како агент на стабилизација во бившиот простор на СССР.Оваа сила има за цел да се спротистави на секоја оружана агресија ,да војува против организираниот криминал ,трговија со дрогата и други состојби од тој вид.Неговата обединета команда и сили според мислењето на тогашниот  Претседател Медведев ке имаат воен потенцијал сличен на силите на НАТО.(Alliance Geostrategique –“Vers une nouvelle puissance militaire russe,25 Mai 2009:7)

Потпишаната Повелба на ОТСЦ од 7.10.2002 ја потврдува решеноста на сите држави потписнички да се воздржат од употреба или закана на сила.Поптисничките држави нема да можат да членуваат во други воени алијанси или групи на држави.Слично на член 5 од Вашингтонскиот договор на НАТО- Алијансата и во Повелбата на ОТСЦ член 4 се истакнува дека  нападот врз една од државите членки ке се смета за напад кон сите останати држави членки. Исто како НАТО и органиграмот на ОТСЦ е снабден со слични институции.Постои Перманентен Совет на колективната безбедност,Комитет на секретарите на Советот на безедноста,Совет за итни состојби,Совет на министри за надворешни работи ,Совет на министри за внатрешни работи,Комитет на шефови на воените штабови и Парламентарно собрание слично на Парламентот на НАТО.

3.4.Србија,Русија и OTSC

На 14 декември 2006 Србија и Црна Гора и пристапија на Програмата партнерство за мир на НАТО.Во оваа епоха кога со државата завладеа проевропската опција на чело со претседателот Тадиќ се создадоа извесни надежи дека Србија можеби еден ден ке и пристапи на Алијансата иако сеуште беа свежи сеќавањата од воздушната кампања на НАТО во 1999.Меѓутоа со признавањето на независонста на Косово во 2008,уште посилно се интензивира антиамериканизмот и антинатовското расположение во јавното мислење на Србија.Со политичките промени во 2012 двоецот Николиќ-Дачиќ покажаа големо проруско расположение. Србија и се заблагодарува на Русија за нејзините напори во уредувањето на проблемот на Косово...Србија поѓжелува еден максимално приближување со Русија,изјави Премиерот Дачиќ за време на посетата на Маосква во април 2013.Од своја страна Премиерот Медведев изјави дека Русија и натаму ке ја подржува Србија,а патем Москва и доддели и поволен финансиски кредит на Србија за надминување на буџетскиот гап од околу 500 милиони долари.Конечно од оваа посета на Премиерот Дачиќ на Москва произлезе и најавата за потпишувањето на договорот за воена соработка меѓу Белград и Москва што беше најавено од страна на рускиот Министер за одбрана Сергеј Шојигу.Рускиот министер ја најави посетата на српскиот Министер за одбрана Љубиша Диковиќ во текот на мај 2013.(Ria Novosti,Moskva 10.04.2013).Еден ден подоцна на 11.04.2013 Србија доби статус на набљудувач во парламентот на ОТСЦ.Овој настан експертите го оценија како погромен успех на Руската диопломатија и нејзините сојузници во реализација на геополитичките цели на југот на Европа.(Nezavissimaia gazeta 12.04.2013).Оваа одбрамбена воено-политичка организација не е многу популарна цво НАТО бидејки на извесен начин претставува замена за некогашноиот Варшавски договор.Според мисленјето на Генералниот секретар на ОТСЦ Николај Бордиуџа , приемот на Србија во Парламентот на ОТСЦ е настан од примарно меѓуанродно значење , бидејки новиот набљудувач е прв член на ОТСЦ кој му припаѓа на вон пост-советскиот простор...Тој чин ги прошири границите на ОТСЦ..изјави Бордиуџа(Nezavissimaia gazeta ,Ibid).Според мсилењето на Генерал Леонид Ивачов , полноправното членство на Србија е само прашање на времето и тоа е сосема логична и очекувана цел.Од друга страна Генерал Сивков , долгогодишен аналитичар во Центарот за воени и стратешки истражувања на Генералниот штаб на армијата на Русија смета дека воените цели на Русија на Балканот се многу пошироки..Тој смета дека САД ја поседуваат најголемата воена база во Европа на Косово  која е српска територија окупирана од страна на САД и сојузниците под знамето на сините шлемови.Затоа воспоставувањето на руските воени ситеа на српската територија како што се групи на авијацијата,тактички ракети Iskander и други ,ке прераснат во сериозен одбрамбен  фактор на безбедноста за Белград.Конечно станува многу јасно дека војното присуство на Русија и ОТСЦ на Балканот би преставувал еден одговор на Москва кон проектот на антиракетните штитови на САД.( Hebdon 1172 France,Roussi-Serbie-Union Europeen,Courrier internationale,”Moscou avance ses pions dans les Balkans »,18.04.2013)

Србија во неколку наврати уште од 2006 јасно даде до знаење дека нема амбиции да побара членство во Алијансата но затоа нејзините желби за влез во ЕУ се многу поголеми.По прифаќањето на меѓудржавниот договор со Косово во април 2013, Белград оправдано се надева да добие датум за отпочнување на преговорите со Брисел.Тоа е единствениот европски сојузник на Русија,но Србија има и значајна геостратешка позиција која е мошне интересна за Русија.Од една страна Русија е единствената сила која го гарантира територијалниот интегритет и суверенитет на Србија но од друга страна и единствената држава која на Србија и нуди една волунтаристичка економска соработка.Затоа доколку САД го инсталираат ракетниот штит во Полска и Чешка,тешко е да се претпостави  дека  Србија ке успее да  ја одбие продлабочената воената соработка со Русија и OTSC најавени во текот на април 2013.Сеуште е присутна и дилемата дали нејзината територија ке може да и овозможи на Русија да инсталира  антиракетен штит како оној што го планираат САД во Полска и Чешка.Јасно е дека јавното мислење во Србија не е толку проруски ориентирано и покрај големите економски и финансиски бенефиции што ги ужива во последниве неколку години, но економската и финансиката кризата наспроти финансиски моќната Русија можат да го сменат и јавното мислење на Србија.        

Заклучок

Наспроти порастот на геополитичките неизвесности во целокупното опкружување на светот,неизвесностите кои уште повеке се продлабочуваат со економсклата и финансиската криза како и со порастот на воените трошоци во најмоќните светски сили,Русија загрижено гледа на таквите неповолни еволуции на денешницата.Овој загрижувачки поглед на Русија кон светот  исто така предизвикува  и спонтана загриженост и на останатите светски сили кон јакнењето на моќта на Русија во желбата за обновувањето на некогашните позиции на СССР.Русија во 21 век настапи со нова надворешно-политичка и воена доктрина која се потпира врз обновувањето на безбедносните позиции со поблиското странство а тоа се поранешните советски републики и воспоставување урамнотежени позиции со подлаечното странство кои беа деградирани во периодот на деведесетите.

Русија во 21 век е соочена со два лаетнтни проблема и тоа проширувањето на НАТО кон границите на Русија (Украина и Грузија) и воспоставувањето на антиракетниот штит во Полска и Чешка.Благодарение на традиционално добрите односи со Србија како и на упорната помош и непоризнавање на Косово, Русија се здоби со значаен стратешки европски партнер вон пост-советскиот простор а тоа е Србија.Србија во април 2013 се здоби со набљудувачки статус  во Парламентот на  Организацијата на договорот за колективна безбедност.Следниот чекор според неколку руски генерали е добивањето на полноправно членство во ОТSC што претпоставува и инсталирање на неколку воени руски ситеа на српската територија.Тоа може да биде и реваншот на Русија кон инсталирањето на антиракетниот штит на САД во Полска и Чешка кон кои остро се спротиставува Русија.Во овој контекст расте и геополитичката положба на Република Македонија како гранична држава со Србија која е аспирант за членство во Алијансата но е блокирана од страна на Грција.Можно е таквата еволуција во регионот да влијае позитивно врз натократите за да го забрзаат влезот на РМ во НАТО.Во спротивно никој во РМ неможе да гарантира дека меѓу политичката елита не постојат и функционери кои со голем афинитет би ја вклучиле Македонија во Организацијата на договорот за колективна безбедност.

Белешки

-(http://www.lesoir.be/actualite/monde/jour-d-independance-pour-le-2008-02-17-578056.shtml).

-Мedvedev (http://fr.rian.ru/russia/20080715/114023112.htlm)-Русија исклучува нова трка во наоружувањето

-Vers une nouvel puissance militaire russe (http://www.alliancegeostrategique.org/2009/05/25/vesr-une-nouvelle-puissence-militaire-russe/) www.alliancegeostrategique.org

-http://colisee.org/article.php ?id_article=560) sur cilisee.org.10.08.2010

-OTSC , contrepoids de l’OTAN(http://www.armee.com/L-OTSC-contrepoids-de-l-OTAN,11906.html) na www.armees.com.

-RIA NOVOSTI-“ABM:principal sujet d’irritation dans les relations Russie-USA(Lavrov),International

-Iasbelle Facon-Temps de reflexion pour la politique exterieur russe-« Ou va la Rusiie »Defence,117 sept-oktom.2005

-http://fr.wikipedia.org/wiki/Budget de la D%C3%A9fensew (1-9),18.04.2013

-Isabelle Facon-« La politique etrangere sous Poutine III :quels choix de partenariats pour la Russie ? Note n.4/12,Fondation pour la Recherche strategique 11.05.2012

-La doctrine de la securite russe 2020,lArctique et le traite FCE,par Ice Zebra Station

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива