портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Турција помеѓу истокот и западот
април 2013
Ремзи
Џанова
Неодамнешната изјава на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган дека доколку Европската Унија и натаму ја одложи интеграцијата на Турција  во ЕУ тогаш тие ќе побараат прем во Шангајската организација за соработка, предизвика потрес како во самата Турција така и на меѓународната сцена.


Со доаѓањето на Исламистот и поранешен градоначалник на Истанбул Реџеп Тајип Ердоган на чело на турската влада со неговата Партија за Правда и Развој, многу нешта се променија во оваа земја, како на планот на правдата , така и на планот на развојот на земјата. Со стапување на должност на Владата на Ердоган ,турската економија која дотогаш покажуваше сериозен пад, почна да ги покажува првите знаци на опоравување и почна да граби со сигурни чекори напред,покажувајки  висок тренд на раст. Така што денес турската економија по покажаниот раст се наоѓа меѓу првите три земји во светот. Некогашната „болна„ економија на земјата со ставањето под контрола на некогашната  троцифрена инфлација и нејзиното намалување (денес се мери со едноцифрени бројки) отвори пат за заздравување на турската економија, која и онака има голем потенцијал. Но во Турција не се консолидира само економкската состојба, туку направени се крупни чекори и на планот на демокртатизацијата на општеството. Деновиве исто така се прават  значајни напори да се постигне разврска на деценискиот проблем наречен курдско прашање. Се разбира Турција силно работи и на имплементацијата на Мастритските критериуми, се со цел да го раскрчи патот до Европската Унија, со што оваа и покрај напливот на Исламизмот се уште  секуларна земја, во скоро време би станала членка на ЕУ.

Познато е дека таа веке има започнати преговори со ЕУ. Но изминаа години а отворени се, сена се само 5 поглавја, што е навистина не разбирливо. За ваквата состојба и двете страни сносат одговорност. Турција неколку години силно се зафати со решавање на голем број би рекол напластени проблеми во турското општество, со што ги запостави преговорите со Брисел.Но од друга страна со дволичната и лицемерна политика на Европската Унија кон оваа земја и особено противењето пред се на Франција и Германија (и делумно Австрија) за приемот на Турција во ЕУ, желбата на Турција да се интегрира во оваа организација и започнатите преговори се ставија на стендбај позиција. Особено изјаснувањето на двете водечки земји во ЕУ, Франција и Германија  дека се противат на приемот на Турција во ЕУ,  и дека наместо полноправно членство и нудат само привилегирано партнерство, што се разбира за владата во Анкара е неприфатливо, доведе до стагнација  во односите на Анкара и Брисел.

Да опотсетиме дека одисејата на Турција за влез во ЕУ започнува дури во далечната 1957 година. Па од тогаш се до денес „Болниот од Босфорот„ како ја нарекувале Турција за време на Осмалиската Власт, чека во предсобјето на ЕУ.  На 12 Септември 1963 година во Анкара беше потпишан договор мегу Турција и ЕУ (Тогашна Европска Заедница) под името Анкарски Договор. Додека на 1. Јануари 1996 година мегу Турција и ЕУ е потпишан договор за царинска Унија, од која Турција има само тешки загуби од стотици милијарди долари.

Поради горе наведените перформанси на ова Евро-азиска земја во последниве 5-10 години,турската влада и турската јавност со право очекуваа ЕУ да и стави крај на оваа одисеја и ги забрза преговорите за прием на оваа земја во унијата. Но нерешителноста како и дуплите стандарди на Унијата која ги применува кон одредени земји (еден од добрите примери е и случајот со нашата земја) доведоа до таму, турскиот премиер да се закани со зборовите „Према нас бидете искрени,ако не примите примете не, ако не, отворено кажувајте ни го тоа, и ние ќе си го бараме чарето„. Во тој контекст  турскиот Премиер Ердоган истакна дека ако ЕУ не покаже слух и разбирање, тогаш Турција ке побара прием за члентство во„Шангајската Организација за Соработка„.

 По оваа изјава на турскиот премиер како во Турција, така и на мегународната сцена се разви една широка полемика околу тоа дали „заканата„ на Турскиот премиер преставува блеф или се работи за сериозна и реална алтернатива или опција. На ова прашање одговор даде министерот за Евроинтеграции на Република Турција Али Бабаџан кој обелодени дека Република Турција веке има потпишан „Договор за дијалог„ со оваа организација.

На прашањето на новинарите дали Турција ке побара прием во членството во оваа организација, Министерот Бабаџан одговори: „А зошто да не, веројатно еден ден ке станеме членка на оваа организација„. Но Министерот  во владата на Ердоган одговорен за евроинтеграции со посебна важност подвлече дека „Шангајската Организација за Соработка„ (како денес гласи официјаното име на оваа организација) не е никаква алтернатива на некоја друга организација, со што остава подотворена врата, кога станува збор за односите на Турција со Европската Унија.

Познавачите на турскиот Премиер тврдат дека нема да биде никакво изненадување, ако наскоро Премиерот Ердоган не го стави на својата политичка агенда ова прашање. Се разбира со самото спомнување на „Шангајската Организација за Соработка„ од страна на турскиот премиер, се разви широка расправа,коментари на оваа тема, каде што превагнуваше прашањето, кој и што преставува "Шангајската Организација за Соработка".

Оваа мегународна организација во почетокот позната под името „Шангајска Петорка„ во 1996 тата година ја формираа следниве 5 земји:  Република Кина, Русија, Казакистан , Киргизистан и Таџекистан, затоа и беше наречена Шангајска петорка. Но бидејки во 2001 година во оваа организација влезе Узбекистан, членството се зголеми на 6 земји, и од тие причини го промени називот од "Шангајска Петорка" во "Шангајска Организација за Соработка".

Пред потенцијалните внатрешни судири и сепаратистички тендеднции во земјите членки на оваа организација воспоставувањето на доверба мегу безбедносните сили, како и заедничка интервенција на овие сили за безбедност особено на силите за безбедност поставени на пограничните региони на овие земји, беше основната цел поради која беше формирана оваа организација. Двете водечки земји на оваа група Русија и Кина во годините кога се формираше оваа организација имаа свои внатрешни проблеми од сепаратистички карактер. Иако во почетокот, оваа организација пред се имаше безбедносен карактер, со зголемување на бројот на нејзините членки, таа прерасна во организација за соработка. Но има и такви коментари дека "Шангајската Организација за Соработка"  е формирана како пандан, односно како противтежа на НАТО и пред се Америка.

Една изјава на рускиот претседател Владимир Путин, во Август 2007 година на една лидерска средба дека „ денес неможе да се прифати еднополарен свет„ јасно  даде до знаење која е вистинската мисија и цел на оваа организација. Инаку во оваа организација како посматрачи се наогаат и земји како Индија, Иран, Монголија и Пакистан, кои ја држат половината од целкупниот светски пазар за призводство и потрошувачката на нафта. Во оваа организација членува  половината на целокупниот број на жители во светот.

Ако се земат во предвид дури само овие податоци и информации доволно е да се заклучи дека Америка, сакала таа или не, мора да се помири со изјавата на Путин, дека желбата и намерата на САД за воспоставување на своја доминација во светот, односно за опстојувањето на еден биполарен свет е неодржлив.

МАКЕДОНИЈА И ШОС

Како што може да се наслути и по самото име на оваа организација  се поставува прашање дали Република Македонија може и треба да покаже малку поголем интерес и воспоставува соработка со оваа мегународна организација. Според некои анализи Македонија во најмала рака би можела да побара посматрачки статус во оваа организација. А во догледно време и да побара да биде и членка. Иако тоа географски и не кореспондира многу, Македонија од оваа соработка и зачленување во оваа организација може да има само бенефит. Особено во периодот кога Еврозоната претрпува големи удари и штети од глобалната финансиска криза која го зафати западниот свет.

Република Македонија заедно со нејзиниот стратешки партнер Република Турција, може да покаже поголема ангажираност околу ова прашање. Се разбира тука може да ја искористи и силната турска логистика. Со што особено на економски план би можела да биде по присутна на овој дел од светот.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива